Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Ковачевски на манифестацијата „Десет дена Крушевска Република“: Пред нас е аманетот на илинденците и асномците, дека секоја битка за македонскиот напредок– вреди!
Македонија

Ковачевски на манифестацијата „Десет дена Крушевска Република“: Пред нас е аманетот на илинденците и асномците, дека секоја битка за македонскиот напредок– вреди!

01/08/2023

AA

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, вечерва се обрати на отворањето на манифестацијата „Десет дена Крушевска Република“, како дел од чествувањето на големиот државен празник 2 Август – Ден на Републиката, што годинава се одбележува под слоганот „120 години Илинден – Огниште на татковината“.

Во продолжение е интегралниот текст од обраќањето на премиерот Ковачевски:

„ Добровечер граду востанички и историски, огниште на нашата татковина – македонско Крушево!

Добровечер крушевчани – домаќини на вечерашната манифестација „Десет дена Крушевска Република“,

Добровечер граѓанки и граѓани на нашата слободна, независна, демократска, меѓународно признаена Македонија!

Вечерва, сите ние тука на Гумење, пред импозантниот Македониум, одбележуваме 120 години од еден од најважните датуми, еден од централните моменти во нашта вековна историја.

120 години од почетокот на Илинденското Востание кое во нас остави неизбришлив печат, 120 години од моментот кога во илинденско Крушево е распламтена вербата дека борбата за македонската државност – вреди.

Распламтена е слободарската, демократска и прогресивна идеја за автономна македонска држава, дом, огниште за сите.

И оваа вечер, кога ја славиме Крушевската Република, пред нас е одново илинденскиот и асномскиот аманет, како гласен потсетник дека секоја битка за македонскиот напредок – вреди!

Вечерва се сеќаваме, ги спомнуваме и оддаваме длабока почит на нашите основачи, на нашите херои, на нашите револуционери!

На нивната борба!
Нивната жртва!
На радоста од формирањето на Крушевската Република!
На чувството на слобода!
Вознесот од новото сонце на слободата!

Вечерва кога го паметиме Илинден, мислиме на генерации револуционери, кои ги дале своите животи за денешната слобода! Не смееме никогаш да ја заборавиме, да ја намалиме, да ја замениме нивната вистинска и херојска борба, жртва и победи, нивните идеали и принципите за слободна држава!

Бидејќи тие се нашата држава, и тогаш и сега!
Тие се наша историја, но и наша сегашност!
Тие ќе бидат и нашата иднина!

Ја паметиме и славиме визијата и идеологијата на Гоце Делчев, борбата за правда на Јане Сандански, херојството на Даме Груев, државотворноста на Никола Карев, херојството и саможртвата на Питу Гули!

Нивните идеали биле патоказ за Мирче Ацев, Стив Наумов, за Брашнаров, Главинов, Влахов, Рацин, Шабани, Карпош, Паликуќа и за други знајни и незнајни херои, на кои денес се поклонувме.

Нивната борба била длабоко и нераскинливо поврзана со историските корени, традиција, култура и писмо на македонскиот народ, поставени и развивани од Светите Кирил и Методиј, од Светите Климент и Наум, преку вонвременските дела на Мисирков, браќата Миладиновци и нашиот џин, Конески!

И затоа, Илинденското востание не е ниту почеток, ниту крај!

Затоа Илинденското востание е врвен аманет, завет и историски паметник кој сите пред нас, ние денес но и сите по нас, мора да го имаат пред себе секојдневно!

За да паметиме, за да знаеме кои сме, од кога сме!
И најважно, за да знаеме каде и како треба да одиме во иднината!

Илинден е огништето на татковинатата,
Идеал за слободна и независна држава.

Држава втемелена на македонската историја, традиција и култура!

Држава втемелена на вредности!
Вредностите на слободата!
На правдата!
На еднаквоста!
На рамноправноста!
На почитувањето на другите!
На солидарноста!

Нашите револуционери ги дале своите животи за темелите на денешната држава!

И илинденците, и асномците!

Нивната борба била со крв и оружје, со жртва и цврстина, за денес да имаме слободна, независна и самостојна држава!

Се бореле со се што имале, а најмногу со своите животи за меѓународно внимание, помош, поддршка, за вистинско признание од другите народи, нации и држави!

И во тоа успеале!

Но, нивните идеали и принципи се идентични и денес!

Тие се живи како и тогаш, пред децении и векови!

И токму по Илинден 903-та, Асном 44-та, но и Скопје 1991-ва, клучното прашање е: КАКВА ДРЖАВА САКАМЕ И ПРАВИМЕ ДЕНЕС?

Каква држава сакаме да оставиме утре?

Сакам јасно и силно да истакнам дека и ние имаме обврска, имаме незавршена работа, континуирано да ја градиме државата како слободна држава на слободни граѓани!

Да ја градиме како отворена држава, во која дом може да најде секој!
Како држава на социјална правда!
Држава на еднакви, рамноправни граѓани!
На правда, ред и поредок!
Држава на солидарност!
На вредности, знаење и разум!
Држава на разбирање, почитување, на взаемна поддршка!
На прогрес и напредок!

Држава со своја историја, сегашност и иднина!

Тоа е нашата обврска, тоа е нашиот наследен завет и аманет, тоа мора да биде нашето наследство за идните генерации!

Ние знаеме дека од Илинден – до денес, ништо не било лесно. Затоа што и нема лесен пат до вредна цел.

Но, насоката на илинденците и асномците е јасна, патоказот е пред нас.

Илинденците и асномците не се прашувале дали вреди да се продолжи.
Не калкулирале со следниот потребен чекор.
Не бегале од одлуки и не се криеле.

Знаеле и дека во обединувањето е силата – и така и постапувале.

Одлуките на илинденците и асномците обврзуваат дека битките се водат, не се напуштаат! Така е добиена битката за слобода. За своја македонска држава. За свој македонски јазик. За признавање на македонскиот идентитет.

И затоа вечерва, на овој свечен чин уште еднаш потенцирам!

Интеграцијата, отвореноста, прогресот, заедништвото и соживотот денес се базирани на Илинденското Востание, на Крушевскиот Манифест, на Асномските одлуки!

Да се биде независен и самостоен, рамо до рамо со европските народи е токму резултат на револуционерната борба!

Времето е различно, но принципите и вредностите се исти!

И затоа мораме да продолжиме да ја градиме државата на европскиот пат!

Ние друга алтернатива немаме и не смееме да имаме. Заради нас самите!

Никој не смее да ја украде и измени нашата историја! Бидејќи тоа е невозможно!

Никој претходно, а камоли сега, не може да украде, измени или избрише векови и векови создавана и развивана традиција, култура и засебност!

На сите негирања однадвор и одвантре, мораме да се спротивставиме со врвно национално чувство, со висока национална самодоверба и гордост, и најважно од сѐ со здраво и разумно обединување околу заедничкото, за универзалните принципи и вредности!

Во исто време, нашата борба мора да продолжи!

За еднаквоста на граѓаните!
За праведноста и правичноста!
За општество на доверба, разбирање, сочувство и поддршка!
За подобар животен стандард дома!
За внатрешната кохезија, за национално и меѓуетничко помирување и почитување, за прогрес!

Илинденците и асномците, нѐ задолжија секојдневно, јасно и уверено, да продолжиме, многу побрзо и подобро од досега, по европскиот пат, како пат кој го зачувува историскиот, културниот и јазичниот идентитет, ја зајканува нашата позиција надвор, но најважно од се, ја зацврстува, модернизира и подобрува сегашната држава!

Свесен сум, свесни сме, дека како и во минатото, така и сега, отпор, и внатрешен и надворешен има и ќе има!

Но, тој ќе биде поразен ако имаме фокус, енергија и самодоверба! Како што ја имале илинденците и асномците!

А за разлика од минатото, денешната независна и самостојна држава има многу пријатели и сојузници! Има голем број на подржувачи! Таа е дел од европското и светското семејство на нации и држави, на рамноправен начин.

Затоа што ние од изолирана држава, по цела деценија, со мудри и храбри одлуки, успеавме да ја обновиме и засилиме меѓународната поддршка, како никогаш досега.

Драги сограѓани, почитувани крушевчани, драги граѓани на околните места кои секоја година доаѓате тука во наше Крушево, почтувани граѓани кои овој прекрасен настан го следат преку МТВ, кога илинденците и асномците влегле во борбата немале гаранции за успех од никого!
Се бореле со тоа што го имале! Но најмногу од се, со својата верба, идеали и желба за подобра сегашност!

Денеска, оружјето го заменуваме со разум, знаења, мудрост и одлучност !

Но, најмногу од се, потребна ни е вербата и оптимизмот дека можеме и мораме да успееме!

Колку побрзо, толку подобро!

Потребна ни е мудроста и енергичноста за носењето на најдобри одлуки!
Потребна ни е и жртвата, несебичноста и визијата за државата наспроти личните интереси!

Историја, традиција, култура, држава се градат со векови, но можат да се уништат во денови!
Тоа не смееме да го дозволиме! Никогаш! Во ниту едно име, за ниту една цел!

И затоа повторно, повикувам со голема енергија, со искрена верба, со позитивен пристап, подобро, побрзо и вистински да ја градиме европската Македонија!

На темелите на Крушевската Република, на темелите на асномската Република Македонија, на современата и независна Република Македонија, на денешната европска Северна Република Македонија!

Ве повикувам заедно да го направиме следниот чекор, да успееме и повторно да победиме!

Честит и вековит да ни е Илинден, огништето на татковината.

Вечен да е споменот за Крушевската Република, од којашто ја црпиме силата за новите чекори напред што следуваат!

Да живее Илинден !

Да живеат македонците!

Да живеат граѓаните на Република Северна Македонија!

Да ни е вечна, вековита, независна европска Македонија!“

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

5 лица во бегство по аферата во ФФМ, тројца завршија

19/06/2026
Македонија

Десет пријави за семејно насилство за едно деноноќие, шест лица

19/06/2026
Македонија

HELLENiQ ENERGY и Chevron го прошируваат стратешкото партнерство со нов

19/06/2026
Македонија

Македонец се заразил со зика вирус на Малдиви

19/06/2026
Македонија

ВИДЕО Пожар на дива депонија во Долно Лисиче, пожарникарите на

19/06/2026
Македонија

Обвинителството бара 30 дена притвор за осомничениот за пожарот пред

19/06/2026
Македонија

Кривична пријава за злоупотреба на службената положба против две службенички

19/06/2026
Македонија

ОЈО поднесе обвинение против серискиот убиец од Старо Нагоричане

19/06/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 43835
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

5 лица во бегство по аферата во ФФМ, тројца завршија во притвор, а 5 во

19/06/2026

Иако Основниот кривичен суд Скопје експресно ги одреди мерките за притвор на приведените во мега-скандалот во ФФМ, главниот предизвик за

Десет пријави за семејно насилство за едно деноноќие, шест лица приведени

19/06/2026

Во изминатото деноноќие полицијата регистрирала вкупно десет случаи на семејно насилство на подрачјата на Скопје, Кочани, Штип, Делчево, Велес и

HELLENiQ ENERGY и Chevron го прошируваат стратешкото партнерство со нов договор за истражување во Јонското

19/06/2026

Групациите HELLENiQ ENERGY и Chevron потпишаа нов договор за заедничко истражување на јаглеводороди во рамки на постојната концесија за Блокот

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy