
Ковачевски на гостин кај Вучиќ и Брнабиќ: Посетата ја започна со прошетка низ шеталиштето покрај Сава
Премиерот Димитар Ковачевски вечерва на својот Фејсбук профил објави фотографии од неговата посета во Србија.
„Драго ми е што вечерва сум гостин на претседателот на Србија Александар Вучиќ и на премиерката Ана Брнабиќ. Мојата посета ја започнувам со пријатна заедничка прошетка низ убавото шеталиште покрај Сава во Белград. Споделивме размислувања за цврстото пријателство, соработката, партнeрството меѓу нашите две земји како и визијата за иднината на Западен Балкан“, вели Ковачевски.