Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Ковачевски: Можам само да ја потврдам изјава на О Брајан за Мицкоски
Македонија

Ковачевски: Можам само да ја потврдам изјава на О Брајан за Мицкоски

02/12/2023

AA

Нема да ја коментирам изјавата на О Брајан, ќе ја потврдам, кога некој ви нуди нешто што не сте виделе и врз основа на тоа сака да го добие вашето внимание и вашиот глас, тогаш тоа е една голема лага, рече претседателот на СДСМ и премиер Димитар Ковачевски, во одговор на новинарско прашање денеска при работната посетата на Македонски Брод.

-Нивната теза е дека тие ќе понуделе друга алтернатива, а таа алтернатива никој не ја видел. И од тој аспект кога некој ви нуди нешто што не сте виделе и врз основа на тоа сака да го добие вашето внимание и вашиот глас, тогаш тоа е една голема лага. Затоа сметам дека она што го имаме од страна на Влада, коалиционите партнери, ЕУ е практично начинот на кој Северна Македонија ќе продолжи кон ЕУ интеграциите и до 2030 год. Со оваа Влада после нашата победа на претседателски и парламентарните избори до 2030 година ќе станеме земја членка на ЕУ, рече Ковачевски.

Претседателот Ковачевски потенцираше дека опозицијата единствено сака да ја врати државата назад во изолација, додавајќи дека во земјата има проевропски и антиевропски блок.

-Во нашата држава има два блока, тоа сум го кажал скоро пред година и половина, едниот кој е за европски интеграции на државата и вториот којшто е за изолација на државата. Ние успеавме да станеме земја членка на НАТО. Успеавме да ги отвориме преговорите со ЕУ. Тие преговори се отворени низ преговори со француското претседателство, преговори со Бугарија и се разбира низ преговарачка рамка усвоена од сите 27 земји членки на ЕУ, во кои се наведени сите наши барања во однос на заштита на македонскиот јазик. Денес законодавство на ЕУ се преведува на македонски јазик, договорот ФРОНТЕКС е потпишан на македонски јазик. Македонскиот идентитет и култура се потврдени на европско ниво, па и дополнително со резолуции од страна на најголемите земји членки на ЕУ. Од друга страна ние имаме обврска за внесување во преамбулата од уставот на други делови од народи, со што за прв пат ќе имаме јасно разграничување на македонскиот и бугарскиот народ што е исто така една голема придобивка за нас. Меѓутоа очигледно ова прашање опозицијата сака да го користи единствено за лични политички цели и да не врати назад таму каде што бевме 11 години, рече претседателот на СДСМ и премиер, Димитар Ковачевски.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Гужви на границите за Велигден: Илјадници македонски граѓани заминаа на

10/04/2026
Македонија

Трагедија на објект во Скопје: Работник пронајден починат на приземјето

10/04/2026
Македонија

Сува трева и ѓубре се запалиле покрај патот Струга–Калишта

10/04/2026
Македонија

Приведени 10 возачи за безобѕирно управување возило

10/04/2026
Македонија

СЕ ОЧЕКУВА МЕТЕЖ И ЗАСТОЈ НА ГРАНИЧНИТЕ ПРЕМИНИ Почнува целосната

10/04/2026
Македонија

Стабилизација на времето за Велигден, потоа дожд и ветер

10/04/2026
Македонија

ДАЛИ СО ПОТКУПОТ ОД ДАКА ЗАЕВ ИНВЕСТИРА ВО ПЛАНТАЖИ ВО

10/04/2026
Македонија

Масовна тепачка во Кичево: Девет лица приведени

10/04/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42351
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Гужви на границите за Велигден: Илјадници македонски граѓани заминаа на продолжен викенд!

10/04/2026

Празничниот продолжен викенд донесе зголемен метеж на граничните премини во земјава, при што голем број граѓани решија слободните денови и

Трагедија на објект во Скопје: Работник пронајден починат на приземјето во делот на лифтот

10/04/2026

На 09.04.2026 во 13:25 часот во СВР Скопје е пријавено дека во продажен објект на приватна фирма на подрачјето на

Сува трева и ѓубре се запалиле покрај патот Струга–Калишта

10/04/2026

На 09.04.2026 во 12:30 часот, полициски службеници од ОВР Струга извршија службен разговор со Г.М.(52) од струшкото село Калишта. Претходно,

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy