Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Ковачевски: Институтот за белодробни заболувања кај децата „Козле“ во Скопје станува Универзитетска клиника, вложуваме во здравството за поквалитетни услуги за граѓаните
Македонија

Ковачевски: Институтот за белодробни заболувања кај децата „Козле“ во Скопје станува Универзитетска клиника, вложуваме во здравството за поквалитетни услуги за граѓаните

22/12/2023

AA

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, денеска присуствуваше и се обрати на настан по повод промената на дејноста, видот и називот на институцијата ЈЗУ Универзитетска клиника за респираторни заболувања кај деца ,,Козле” – Скопје.

Со владина одлука, Јавна здравствена установа Институтот за белодробни заболувања кај децата „Козле“- Скопје прераснува во Јавна здравствена установа, Универзитетска клиника за респираторни заболувања кај децата Козле – Скопје, чијашто дејност се проширува со вршење специјалистичко- консултативна и болничка здравствена заштита и здравствена дејност на терцијарно ниво од областа на респираторните заболувања кај децата и цистичната фиброза, изведување образовна дејност, вршење усовршување на здравствените работници и научно- истражувачка дејност.

Во продолжение го пренесуваме интегралното обраќање на премиерот Димитар Ковачевски:

„Почитувани лекари,

Почитувани професори на медицинскиот факултет,

Почитувани министри, заменици министри, почитувани пратеници,

Сакам да изразам огромно задоволство и честа што ми ја направивте да ја посетиме Јавната здравствена установа Институт по белодробни заболувања кај децата „Козле“ – Скопје, која повеќе од 70 години преставува симбол на професионална здравствена нега и грижа за децата.

Јас имам исклучително високо за оваа клиника затоа што благодарение на тимот на д-р Зафировски, пред 8, 9 години беше спасен животот на мојот син. Тука е и доктор Тодоровиќ и низа на други доктори, навистина ми е емотивен момент што сум денес тука. Знам колку беа посветени овие доктори. Доктор Зафировски свадба напушти за да дојде, со такси се собираа докторите, но направија исклучително успешна операција и заради тоа сме им сите многу благодарни. Затоа сакав овој свечен чин да го искористам и за моја лична благодарност до докторите кои работат тука.

Вештините и искуството на здравствените работници во оваа клиника која е препознаена како регионален лидер во областа на педијатриската пулмологија и алергологија, низ годините и децениите покажаа што значи со посветеност и пожртвуваност да се помага на болните деца, на изнемоштените, на најмалите, на нашите најсакани, на оние кои надежта ја бараат во медицинскиот персонал кој е дел од оваа установа.

Денеска, со гордост ја наградуваме и надградуваме довербата на граѓаните во здравствената установа Козле, која одлучивме од Институт да прерасне во Универзитетска клиника за респираторни заболувања кај децата „Козле“ – Скопје. Тука сакам да кажам заслужено и со среќа!

Со оваа наша одлука, донесена на владина седница, ги отвораме можностите за понатамошен развој на клиниката. Козле да ја прошири дејноста преку специјалистичко – консултативна и болничка здравствена заштита и здравствена дејност на терцијарно ниво од областа на респираторните заболувања кај децата и цистичната фиброза.

Исто така, на оваа Клиника ќе се врши и образовна дејност, ќе се усовршуваат здравствените работници, ќе се изведува научно-истражувачка дејност и ќе се овозможи мултидисциплинарен здравствен третман.

Овозможуваме услови за побрзо и поефикасно дијагностицирање, третман и лекување на пациентите со што ќе се намали притисокот кон други установи и ќе се обезбеди подостапна и поквалитетна здравствена заштита за пациентите.

Сакам во име на граѓаните, во оваа прилика, да се заблагодарам на сите медицински лица и персонал кои низ годините несебично, деноноќно беа во служба на граѓаните, помагајќи со целиот свој потенцијал за доброто на децата.

Пожртвуваноста на здравствените работници кои го заложуваат својот живот во служба на хуманоста, на што ги обврзува и Хипократовата заклетва, сме ја наградувале и ќе ја наградуваме и понатаму.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ПАД ОД КАРПА КАЈ МАРКОВИ КУЛИ Тешко повреден српски државјанин

11/04/2026
Македонија

СОНЦЕ И ПОТОПЛО ВРЕМЕ Температурите ќе достигнат до 20 степени

11/04/2026
Македонија

3 ЛИЦА СЕ УАПСЕНИ, ПРИЈАВЕНИ СЕ ШЕСТ ИНЦИДЕНТИ Нов бран

11/04/2026
Македонија

ПРИТИСОК ВРЗ СОФИЈА ЗА НЕПРАВДАТА КОН МАКЕДОНЦИТЕ Во рок од

11/04/2026
Македонија

📷 📽️ НЕ ШМРКАВ КОКАИН И НЕ БЕВ КРИМИНАЛЕЦ ЗА

11/04/2026
Македонија

Македонија меѓу земјите со најголемо поскапување на јајцата пред Велигден

11/04/2026
Македонија

ПОВРЕДЕН ПИТ-БУЛ НАЈДЕН ВО БАГАЖНИК, УЧЕСТВУВАЛ ВО БОРБИ Приведени 19-годишник

11/04/2026
Македонија

📷 ПРЕТСЕДАТЕЛКАТА ГИ ВАПЦАШЕ ЈАЈЦАТА Сиљановска-Давкова повика на надеж и

11/04/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42390
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ПАД ОД КАРПА КАЈ МАРКОВИ КУЛИ Тешко повреден српски државјанин

11/04/2026

Државјанин на Србија се здобил со тешки повреди откако паднал од карпа за време на спортски активности на непристапен терен

СОНЦЕ И ПОТОПЛО ВРЕМЕ Температурите ќе достигнат до 20 степени

11/04/2026

Утре во Македонија времето ќе биде сончево и потопло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер

3 ЛИЦА СЕ УАПСЕНИ, ПРИЈАВЕНИ СЕ ШЕСТ ИНЦИДЕНТИ Нов бран на семејно насилство во земјата

11/04/2026

Три лица се уапсени, а вкупно шест случаи на семејно насилство се пријавени во последните 24 часа во Штип, Куманово,

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy