Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Ковачевски: „Гарантирана цена” и за соковите, водата и пивото, пониска маржа за овошјето и зеленчукот, овозможуваме ценовна стабилност за заштита на животниот стандард
Македонија

Ковачевски: „Гарантирана цена” и за соковите, водата и пивото, пониска маржа за овошјето и зеленчукот, овозможуваме ценовна стабилност за заштита на животниот стандард

26/09/2023

AA

Претседателот на Владата, Димитар Ковачевски на прес-конференција говореше за новите одлуки донесени на денешната владина седница, кои се однесуваат на намалување на цената на одделни производи во трговијата на големо и на мало. Со денешната Одлука на Влада на листата со „гарантирана цена“, влегуваат и безалкохолните пијалаци, газираната и негазираната вода и пивото. Владата донесе и нова одлука за намалување на маржите кај овошјето и зеленчукот со што дополнително ќе се намалат цените во износ до 30%.

Во продолжение ви ја пренесуваме во целост изјавата на премиерот Ковачевски.

„Како што ветивме и како што ве информиравме во текот на изминатиот ден списокот на производи со „гарантирана цена“, ќе се проширува.

Денеска ќе говорам за две нови одлуки на Владата со кои за одредени производи цените на производите треба да се намалат од 10% па до 30%.

Со денешната одлука на Влада на листата со „гарантирана цена“ влегуваат и безалкохолните пијалаци, газираната и негазираната вода и пивото.

Донесовме и нова одлука за намалување на маржите кај овошјето и зеленчукот со што дополнително ќе се намалат цените во износ до 30% за овие производи.

Кон мерката „гарантирана цена“, како општествено одговорни компании, самоиницијативно се приклучија производителите на безалкохолни пијалаци и вода, и ова е за поздравување, бидејќи единствено со заедничко дејствување можеме сите заедно да придонесеме за економска стабилност на државата и пред сè што е најважно да ги заштитиме граѓаните.

Владата на Република Северна Македонија на денешната седница, на предлог на Министерство за економија, донесе нови одлуки за намалување на цените во трговијата на големо и трговијата на мало на следните производи:
светло пиво и лагер пиво;
газирани и негазирани пијалаци, со исклучок на енергетски пијалаци;
минерална, газирана и негазирана природна изворска вода.
Со оваа одлука, највисоките цени на производите се утврдуваат на нивото на цените, (со исклучок на цените на акциска продажба), кои се применувале на 19 септември 2023 година, во трговијата на големо, се намалуваат за 10%.

Трговците за вршење дејност трговија на мало, се должни да ги утврдат цените во трговијата на мало за овие производи и на полиците, фрижидерите и разладните уреди треба јасно да ги обележат со натписот „гарантирана цена”.

На денешната Седница донесовме одлука и за определување највисока трговска (профитна) маржа како посебен услов во трговијата со свежо овошје и во трговијата со свеж зеленчук.

Највисоката трговска маржа за овошјето и зеленчукот за сите трговски друштва и трговци кои учествуваат во трговскиот ланец во трговијата на големо се утврдува во вкупен износ до 10%, а во трговијата на мало се утврдува во вкупен износ од 15%. Со ова очекуваме цената на овошјето и зеленчукот да се намали за околу 30%.

Пред нас следат одлуки за намалување на увозните давачки на свеж зеленчук, ориз, портокали, лимони, мандарини, како и намалување на царинските стапки на млечните производи со масленост над 10%. И ова се одлуки кои ќе бидат донесени во текот на наредните денови, објавени и спроведени во пракса.

Со претходната Одлука донесена на 19 септември ја намаливме цената на овошјето и зеленчукот за 10% во трговијата на мало, но по деталната анализа на Министерството за економија се увиде дека со намалување на маржата цените на овошјето и зеленчукот дополнително ќе се намалат и до 30% и затоа се донесени овие денешни одлуки.

„Гарантирана цена“ за сите овие производи важи до 30 ноември. Одлуката денеска ќе биде објавена во Службен весник и таа стапува на сила, веќе од утре.

Владата веќе овозможи 50 производи во 24 категории од пекарската, млечната, месната индустрија, да се намалат за најмалку 10% во однос на цената која ја имале на 1 август. Намалувањата на цените тука се очекува да биде од 10-40% за одредени производи за што и веќе може да се увериме во маркетите ширум државата.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Јаневска: Само „академски“ аргументи ќе го кројат новиот закон –

20/02/2026
Македонија

СПРЕЧЕН ТЕРОРИСТИЧКИ НАПАД ПО УГЛЕДОТ НА АМЕРИКАНСКИТЕ!? Жител од Мала

20/02/2026
Македонија

Кривична пријава против поранешна директорка на Клиничката болница Битола –

20/02/2026
Македонија

ФОТО 20 годишник од Мала Речица се заканувал со масовно

20/02/2026
Македонија

Прва екстрадиција од ОАЕ: Флорим Лимани донесен во Македонија за

20/02/2026
Македонија

ПОПЛАКА ЗА КАЗНА ОД „СЕЈФ СИТИ“ МОЖЕ ДА СЕ ПОДНЕСЕ

20/02/2026
Македонија

Протест во Блатец против изградба на хидроцентрала: Граѓаните бараат зачувување

20/02/2026
Македонија

СДСМ обвини за чанта од 30.000 долари, сопругата на Ѓорѓиевски

20/02/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 41717
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Јаневска: Само „академски“ аргументи ќе го кројат новиот закон – без простор за потпросечност во

20/02/2026

Министерството за образование е отворено за критики, но само ако тие се конструктивни. „Државата нема време за просечни резултати“, порачува

СПРЕЧЕН ТЕРОРИСТИЧКИ НАПАД ПО УГЛЕДОТ НА АМЕРИКАНСКИТЕ!? Жител од Мала Речица се спремал за масовни

20/02/2026

Јавен обвинител од ОЈО ГОКК донесе наредба за спроведување на истражна постапка против дваесетгодишен жител на Мала Речица за сторено

Кривична пријава против поранешна директорка на Клиничката болница Битола – унапредувала вработени без соодветно образование,

20/02/2026

СВР Битола, до Основното јавно обвинителство Битола, поднесе кривична пријава против Е.И.(53) од Битола поради постоење основи на сомнение за

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy