
Ковачевски: Јас да се најдев на црната листа на САД, не само што ќе си дадев оставка туку тоа ќе го сметам за најголем пораз во мојата кариера
По новинарско прашање за ставањето на струшкиот градоначалник на црната листа на САД, премиерот Димитар Ковачевски порача дека само тој одговара на ова прашање, и им посочи на новинарите дека треба да прашаат и други.
Тој вели дека тоа би бил негов најголем пораз во кариерата.
„Јас да се најдам на црната листа, не само што ќе си дадам оставка туку тоа ќе го сметам за најголем пораз во мојата кариера“, вели Ковачевски

