Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Ковачевски: Али Ахмети прави грешка со скандирањата УЧК, тоа никому не носи добро
Македонија

Ковачевски: Али Ахмети прави грешка со скандирањата УЧК, тоа никому не носи добро

29/04/2024

AA

„Али Ахмети прави голема грешка со скандирањата УЧК на предизборните митинзи на ДУИ. Тој знае дека тие скандирања никому не носат добро и единствено што може да направат е разгорување меѓуетничка нетрпеливост во државата“, порача претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски, на митингот на Коалицијата за европска иднина во Неготино.

Ковачевски го повика Ахмети да се воздржи од реторика која не е соодветна за актуелната сегашност, во која Македонија се стреми да стане рамноправна членка на Европската Унија.

„Господине Ахмети, членови и симпатизери на ДУИ, да не дозволиме да се вратиме назад во темните делови од поновата македонска историја. Имаме голема одговорност пред граѓаните, а нашите гласачи кои очекуваат да обезбедиме подобра иднина, да се препукуваме со идеи и концепти за иднината, наместо со закани и плашење. Ние мора да им испорачаме иднина на граѓаните, а не да ги заплашуваме со повици од минатото”, – рече Ковачевски.

Пред жителите на Неготино, Ковачевски говореше од потребата сите граѓани во државата да се обединат околу идејата за европска Македонија без разлика на нивната етничка, религиска, партиска или каква било друга припадност. Порача дека европските вредности ќе ги достигнеме само со инклузија, а не со дневно-политички квази-национализам.

„Да не дозволиме некој да си игра со нашата иднина и иднината на нашите деца. Немаме право да им го ускратуваме она што го имаат нивните врсници низ Европа. Имаме морална обврска да им ги обезбедиме најдобрите можни услови за живот и со реални и издржани политики да ги поттикнеме да си ја бараат среќата дома, во европска Македонија.“

Лидерот на СДСМ порача дека Македонија доволно долго седеше во чекалницата на ЕУ и крајно време е државата одлучно да го продолжи патот кон Брисел. Истакна дека само СДСМ и Коалицијата за европска иднина имаат сила, знаење и капацитет да ги завршат преговорите и да ја внесат државата во ЕУ.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ХУМАНОСТА НА ДЕЛО: Зорица нуди бесплатно летување во Трпејца за

29/04/2026
Македонија

Колку заработуваат претседателите во регионот: Милановиќ со највисока плата, Сиљановска

29/04/2026
Македонија

Дојави за поставени бомби во неколку училишта низ Скопје

29/04/2026
Македонија

УЖАС ВО ГОСТИВАРСКО: 14-годишник осомничен за родосквернавење врз сопствената сестра,

29/04/2026
Македонија

МИСИЈА ЗА СПАС НА МЕЧКИТЕ: Шар Планина дел од амбициозен

29/04/2026
Македонија

КОРИДОР 8: Пругата кон Бугарија со прогрес од 35%, се

29/04/2026
Македонија

МВР направи претрес во Тетово, пронајдена дрога

29/04/2026
Македонија

Собраниска дебата за укинување на техничката влада и воведување услов

29/04/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42952
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ХУМАНОСТА НА ДЕЛО: Зорица нуди бесплатно летување во Трпејца за децата со посебни потреби

29/04/2026

Граѓанката Зорица Спасовска објави повик до родителите на деца со посебни потреби, нудејќи бесплатно сместување во апартмани во селото Трпејца,

Колку заработуваат претседателите во регионот: Милановиќ со највисока плата, Сиљановска со најмала!

29/04/2026

Прашањето за платите на претседателите често предизвикува значително внимание кај јавноста, особено поради големите разлики меѓу нивните примања и просечните

Дојави за поставени бомби во неколку училишта низ Скопје

29/04/2026

Денеска беа примени дојави за поставени бомби во средните училишта „Димитар Влахов“, СУГС „Владо Тасевски“ – Скопје попознато како ПТТ

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy