
Ковачевски: Ако сакаат да го купат МЕПСО, ние ќе го сакаме солунското пристаниште
Премиерот Димитар Ковачевски порача дека е лажна вест интересот на грчкиот преносен оператор АПТО за купување удел во македонскиот електропреносен оператор (МЕПСО) за кој пишуваат грчките медиуми.
Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи пак вели дека е само интерес на странска компанија за инвестирање во стратешка македонска компанија, а кој не се изјаснила владата.
Откако му беше посочено за продажбата на удели од МЕПСО на грчкиот оператор Ковачевски рече дека тие имаат своја стратегија и дека тие може да имаат стратегија како што можеме да имаме и ние.
„Доколку тие сакаат да купат дел во некоја наша компанија тогаш и ние сме заинтересирани за купување на солунското пристаниште“, истакна Ковачевски.
Тој потсети дека земјава има закупено капацитет во Гасниот терминал во Александрополис и дека не е сопственик на дел од терминалот.
