Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Костова: Оставка од Тошковски од морални причини!
Македонија

Костова: Оставка од Тошковски од морални причини!

04/04/2025

AA

Кога ви се случува најголемата трагедија во државата од нејзиното осамостојување, до денес, факт е дека одговорен е оној кој стои на чело на институцијата, која била директно инволвирана за случувањето или можноста за спречувањето на трагедијата, и тоа е министерот за внатрешни работи Панче Тошковски. Кривична одговорност е нешто што ќе се утврдува. Но, овде постои морална одговорност, која Тошковски мора да ја понесе и да си даде оставка, рече потпретседателката на СДСМ, Кристина Костова на гостувањето во емисијата „Дејли клик“ на ТВ21.

– Место оставка, го имате министерот за внатрешни Тошковски, кои е на позиција преку која може да направи сериозни влијанија за тоа како ќе тече истрагата. Неговата оставка од морални причини е единствен правилен чин по ваква трагедија. Ако институциите преку неселективна истрага покажат дека кај него не ја лоцираат одговорноста, е едно, но со само негово задржување во фотелјата на министер за внатрешни работи, се остава простор за сомнеж во целата истрага, рече Костова.

Таа се осврна и на фактот дека во моментов сме сведоци на истрга во која не се даваат одговори на клучните прашања за директна одговорност на лица кој се дел од МВР и биле во моменти кога се случила трагедијата, но не се вклучени во истрагата.

– Дали командирите, инспекторите, раководството на МВР, БЈБ и во Кочани и Штип се ослободени и не се дел од истрагата иако во тој момент, во работниот опис стои дека се одговорни? Тие се само тргнати од своите функции, но не се во притвор. Станува збор за лица кој биле директно одговори заради функциите кои ги носеле таа вечер. Во јавноста се излегува со бројки колку биле притворени, но не ги опфаќаат луѓето кои се директно одговорни. Па нема поголем доказ за ова, од тоа дека МВР и бирото за јавна безбедност, и СВР Штип и ОВР Штип сосе функционерите во тој момент, не направиле план за процена на ризик, иако имале оперативни сознанија дека ќе случува таков настан. Не се превезени никави активности ниту за прекин на настанот, иако имало полицијата на самиот настан таа вечер ниту пак е подготвен целосен и безбедносен план, кој би ја спречил трагедијата, рече Костова.

Таа потенцираше дека нејасно е како може да не се истражуваат лица кој самата вечер биле одговорни. Како може сите вработени во МВР кој се моментално во притвор да не биле на функции на денот на пожарот.

– Исто така она што се избегнува да се одговори е дека МВР е директно одговорна за контролата на употреба и давање дозвола за употреба на пиротехнички средства во затворен простор. Тоа е прашање за кое не се зборува и не се дава одговор, а е впрочем единствената директна причина за пожарот, рече Костова на гостувањето во ТВ21.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Екс директорката Асани оди во куќен притвор, продолжува истрагата за

10/09/2026
Македонија

НОВА КРИЗА НА ОНКОЛОГИЈА: Пациентките со рак на дојка повторно

10/09/2026
Македонија

Голем успех: 11-годишниот Андреј Цековски донесе злато од САД

10/09/2026
Македонија

Д-р Цана: Западнонилската треска остава долготрајни последици – специфичен лек

10/09/2026
Македонија

Гоцевски: На Борис Трајковски му извршија атентат

10/09/2026
Македонија

Гоцевски: Ни се закануваа дека ќе го срамнат Собранието и

10/09/2026
Македонија

Тензично на Советот на Кисела Вода: Бараа обезбедување по расправијата

10/09/2026
Македонија

Гоцевски за преговорите со ЈНА: Генерал ни кажа договорот да

10/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45630
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Екс директорката Асани оди во куќен притвор, продолжува истрагата за водата со фекалии во Гостивар

10/09/2026

Поранешната директорка на Јавното претпријатие „Комуналец“, Артана Асани, ќе биде во куќен притвор, откако гостиварскиот суд ја замени мерката затворски

НОВА КРИЗА НА ОНКОЛОГИЈА: Пациентките со рак на дојка повторно без терапија

10/09/2026

Пациентките кои се борат со рак на дојка повторно се соочуваат со недостиг на клучна онколошка терапија. Преку социјалните мрежи,

Голем успех: 11-годишниот Андреј Цековски донесе злато од САД

10/09/2026

Единаесетгодишниот пијанист Андреј Цековски оствари голем меѓународен успех со освојувањето на првото место на престижниот натпревар International Youth Music Competitions.

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy