Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Костадиновска Стојчевска: Универзалната сала се уште е под Град Скопје, немаме договор за примопредавање
Македонија

Костадиновска Стојчевска: Универзалната сала се уште е под Град Скопје, немаме договор за примопредавање

02/11/2023

AA

Министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска на денешниот брифинг со новинарите информираше дека Универзална сала се уште е под Град Скопје, затоа што немаат потпишано договор за примопредавање ниту на ингеренциите за реконструкција, ниту на проектната документација. Како што рече, истата е во опасност дека може да падне со оглед на тоа што долго време е отворена.

Како што најави, утре претставници на Министерството за култура ќе имаат состанок со претставниците од Градот и се надева на некакво поместување.

-Министерството за култура до ден денес нема добиено никаков договор за потпишување дека ингеренциите за реконструкција се префрлаат кај нас. Постои само една одлука на Совет која што ја изгласаа советниците и толку. Од тогаш, со службите во Град Скопје се обидувавме да комуницираме, но немавме никаков одговор. Пред два дена правниот сектор во Министерството за култура направи договор за примопредавање на ингеренциите за реконструкција на Универзална сала и го прати до Градот. И денеска добивме одговор дека утре ќе имаме состанок со нивниот сектор и се надевам дека ќе има некое поместување, рече Костадиновска Стојчевска.

Таа посочи дека не може да направи никаков акциски план се дури нема вистински увид на Универзалната сала. Како што посочи, во јуни добила известување од ИЗИС дека Универзална сала веќе е во опасност дека може да падне.

-Во јуни месец годинава добив две известувања од ИЗИС дека Универзална сала веќе е во опасност дека може да падне. Многу долго е отворена, а следува време на зима, на дождови, на ветрови и на снегови и мора да се затвори. Затоа, јас неколку пати се јавував, апелирав и на последната прес-конференција, градоначалничката Арсовска рече дека службите го подготвуваат процесот. Но, Универзална сала уште е на Град Скопје. Тоа е децентрализирана установа на Градот, рече Костадиновска Стојчевска на брифингот.

Како што потсети, Универзалната сала е и носител на проектот на Европска престолнина за култура за 2028.

Во однос на Европска престолнина за култура, Костадиновска Стојчевска рече дека до март најдоцна треба да пристигнат експерти од Европска комисија и да извршат увид што имаме сработено.

-Шест месеци по добивање на титулата, односно најдоцна до март следната година, треба да дојдат експерти од Европска комисија кои ќе видат до кај сме. Јас имам чувство дека тоа ќе биде пак како сега во пет до 12, меѓутоа во екот на избори не знам кој што ќе направи, кога сите ќе бидеме на друго ниво и кога ќе бидеме лимитирани, рече министерката.

Таа додаде дека ќе излезат во пресрет да помогнат со нивниот буџет, преку финансирање на проекти.

-Ние дадовме поддршка на Град Скопје за ЕПК. Градот Скопје нема многу инфрраструктура на европската престолнина на култура, поголемата инфраструктура нормално припаѓа на Министерството за култура. Затоа излеговме во пресрет, дури и да помогнеме преку нашиот буџет, преку финансирање на проекти. Избегнувавме да даваме одговори за Универзална и за ЕПК, затоа што може да дојде до промена преку ноќ и да немаме никакво поместување и да бидеме исклучени, рече министерката.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ТРОЈЦА ПРИВЕДЕНИ ЗА НАСИЛСТВОТО ПРЕД „ЈАНЕ САНДАНСКИ“ Полицијата повикува на

01/11/2026
Македонија

МИЦКОСКИ НА СРЕДБА СО ЗАДГРАНИЧНИ КОМИТЕТИ НА ВМРО-ДПМНЕ ВО ГЕРМАНИЈА

01/11/2026
Македонија

ЈОНЧЕ ХРИСТОВСКИ ДОБИ СПОМЕНИК ВО РОДНАТА БИТОЛА Авторот на „Македонско

01/11/2026
Македонија

ИЗЛЕЗНОСТА ВО БРВЕНИЦА ДО 13 ЧАСОТ Е 27,81 ПРОЦЕНТИ Гласањето

01/11/2026
Македонија

ИЗЛЕЗНОСТА ВО БРВЕНИЦА ДО 11 ЧАСОТ Е 13,82 ПРОЦЕНТИ Гласањето

01/11/2026
Македонија

🎥 ИЗГОРЕ ГАРАЖАТА ЗА АВТОБУСИ НА КОМПАНИЈАТА „БЕЛДОНА“ ВО КОЧАНСКО

01/11/2026
Македонија

ЗГОЛЕМЕНА ИЗЛЕЗНОСТ ВО БРВЕНИЦА ВО СПОРЕДБА СО ПРВИОТ КРУГ До

01/11/2026
Македонија

МАКЕДОНИЈА ПОД ОБЛАЦИ, ДОЖДОТ НЕ ЗАПИРА Во Скопје врнежи особено

31/10/2026
  • Економија 7906
  • Магазин 4842
  • Македонија 46485
  • Регион 4000
  • Свет 19
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ТРОЈЦА ПРИВЕДЕНИ ЗА НАСИЛСТВОТО ПРЕД „ЈАНЕ САНДАНСКИ“ Полицијата повикува на разговор лица кои учествувале во

01/11/2026

СВР Скопје поднесе кривична пријава за сторено кривично дело „насилство“ по член 386 ст. 4 и 6 од Кривичниот законик

МИЦКОСКИ НА СРЕДБА СО ЗАДГРАНИЧНИ КОМИТЕТИ НА ВМРО-ДПМНЕ ВО ГЕРМАНИЈА Македонската дијаспора е нераскинлив дел

01/11/2026

Премиерот Христијан Мицкоски заедно со членовите на Извршниот комитет Александар Николоски, Тимчо Муцунски и Стефан Андоновски, присуствуваше на Третата конференција

ЈОНЧЕ ХРИСТОВСКИ ДОБИ СПОМЕНИК ВО РОДНАТА БИТОЛА Авторот на „Македонско девојче“ покрај Мостот на вљубените

01/11/2026

Споменик на Јонче Христовски, пејачот и композитор чии песни ги пеат генерации Македонци, е поставен на влезот во Старата битолска

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy