Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Костадиновска-Стојчевска: Свечена вечер над македонското небо, достојна за 5 Мај – Денот на македонскиот јазик
Македонија

Костадиновска-Стојчевска: Свечена вечер над македонското небо, достојна за 5 Мај – Денот на македонскиот јазик

05/05/2023

AA

Цитати кои будат длабоки чувства за македонскиот идентитет, литература и култура, за нашата самобитност, гордо и моќно се испишани преку видеопроекции на повеќе објекти во државава, а се од: Блаже Конески, Крсте Петков Мисирков, Григор Прличев, Константин Миладинов, Марко Цепенков, Кочо Рацин, Петре М. Андреевски, Гане Тодоровски, Ацо Караманов, Ацо Шопов,Видое Подгорец, Лазо Каровски, Влатко Стефановски, Тоше Проески и Весна Малинова.

Видеопроекциите кои траат до полноќ, се дел од денешната програма за одбележување на 5 Мај-Денот на македонскиот јазик, во организација на Министерството за култура.

Министерката за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска за овој дел од програмата вели: „Присуствуваме на свечена вечер над македонското небо, достојна за денот кој денеска богато го одбележуваме. Мисли и стихови на повеќе генарации дејци и писатели се вклопени во една приказна преку која се создава слика за македонската историја. Проектот се одвива на атрактивни локации, а со него дадовме нов современ приод во остварување на аманетот кој го имаме-да го чуваме, негуваме и афирмираме македонскиот стандареден јазик, зашто е тој нашиот дом, нашиотр идентитет“.

Проекциите се одвиваат на: скопското Кале, на Сообранието на РС Македонија, Самоилова тврдина во Охрид, Спомен домот „Блаже Конески“ – Небрегово, Офицерскиот дом во Битола, СОУ „Јане Сандански“ – Струмица, Црква Св. Никола, Крушево, на Спомен-коструницата во Велес.

Проектот кој е во духот на слоганот на програмата за одбележување, „Пишувај на кирилица!“, ги потенцира пораките од националната меморија, како: „Послушајте Македонци! Јазикот е единствената наша татковина “, „Милоста кон родниот јазик е наш долг и наше право“, „Мајка имаме една, а таткојната је хилјади мајки“, „Тамо зората греит душата и с’нце светло зајдвит в гората“,„Кажете ѝ на мајка ми нека не жали оти сепак ние ќе победиме! “, „Кога ја љубев Дениција, како да учествував во создавањето на првата македонска држава“, „Со една надеж, за трошка љубов, за малку среќа, живееме“, како и „За овој свет, кој ни е единствен, и со детска насмевка треба да се бориме. За овој свет!“.

Проекциите се завршен дел од целодневната програма на Министерството за култура кое со низа разновидни настани и панел-дебата го одбележа Денот на македонскиот јазик.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

НА КОСОВО УАПСЕН УБИЕЦОТ ОД ПЛАСТИЧАРСКА Застрела 26-годишик и побегна

25/09/2026
Македонија

САКАМЕ КОМПРОМИС ЗА ЕУ КОЈ ЌЕ НИ ДОНЕСЕ ПРЕДВИДЛИВ ПАТ

25/09/2026
Македонија

🎥 МАКЕДОНСКИТЕ ГРАЃАНИ ЗНААТ КАДЕ ПРИПАЃААТ – СО НАТО, ЕУ

25/09/2026
Македонија

🎥 (ВО ЖИВО) МАКЕДОНСКИТЕ ГРАЃАНИ ЗНААТ КАДЕ ПРИПАЃААТ – СО

25/09/2026
Македонија

ОБВИНИТЕЛСТВОТО ПОКРЕНА ИСТРАГА ЗА ГОЛЕМИОТ ШВЕРЦ НА ЦИГАРИ Меѓу 19-те

25/09/2026
Македонија

САШО МИЈАЛКОВ НЕМА НИКАКВА ВРСКА СО БАРУТАНА Демантирани тврдењата на

25/09/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ДА ПРОДЛОЖАТ, А НАПРЕДОКОТ КОН ЕУ ДА БИДЕ ЗАСНОВАН

25/09/2026
Македонија

СЕ СКАРАЛЕ ЗА ПАРКИНГ, ПА СО „ФОРД“ ТУРНАЛ ПОРТА ВРЗ

25/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45810
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

НА КОСОВО УАПСЕН УБИЕЦОТ ОД ПЛАСТИЧАРСКА Застрела 26-годишик и побегна

25/09/2026

Во Косово денеска е уапсен Рами Кучи, првоосомничениот за убиството на 26-годишниот А.М., кое се случи на 6 септември во

САКАМЕ КОМПРОМИС ЗА ЕУ КОЈ ЌЕ НИ ДОНЕСЕ ПРЕДВИДЛИВ ПАТ Петрушевски за говорот на Мицкоски

25/09/2026

Бране Петрушевски, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ, во гостување на телевизија Алфа во емисијата „Колегиум”, го коментираше обраќањето на претседателот на Владата,

🎥 МАКЕДОНСКИТЕ ГРАЃАНИ ЗНААТ КАДЕ ПРИПАЃААТ – СО НАТО, ЕУ И СО САД Мицкоски од

25/09/2026

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, денеска, во своето обраќање пред Генералното собрание на Обединетите нации во Њујорк, ги претстави трите

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy