Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Костадиновска-Стојчевска: Проектите на националните установи од областа на културата во Тетово ги поддржуваме со над 14 милиони денари
Македонија

Костадиновска-Стојчевска: Проектите на националните установи од областа на културата во Тетово ги поддржуваме со над 14 милиони денари

12/12/2023

AA

Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска и министерката за животна средина и просторно планирање Каја Шукова денеска го посетија Тетово, градот со долга и богата историја и повеќеслојна културна традиција, во која се сплотуваат различните култури на народите што живеат во овој крај.

Министерките го разгледаа новиот административен дел од Музејот на Тетовскиот крај каде што за санација на објектот беа вложени 4,5 милиони денари. Со оваа инвестиција се обезбедија подобри услови за континуирана работа на една од носечките културни институции во овој град која има големо влијание и врз целиот Полошки Регион.

– Инвестираме во културата и го збогатуваме разновидното културно живеење на граѓаните, особено на младите во Тетово и околината. Министерството за култура само за поддршка на програмата вложи над 14,5 милиони денари во тетовските културни установи – рече во изјавата за медиуми министерката Костадиновска-Стојчевска.

Таа ги истакна и позитивните реакции на мотивираните здруженија, корисници на конкурсот „Култура во лето“, со кои разговараше за нивните идни проекти и планови за збогатување на културната програма на тетовчани.

– Корисниците на овој конкурс покажаа талент и знаење со коишто донесоа нова свежина во културната понуда за тетовчани, во сите уметнички области, за што беа издвоени 638 илјади денари – рече министерката за култура.

Костадиновска-Стојчевска подвлече дека се продолжува и со капиталните инвестиции во културата во Тетово, нагласувајќи дека во 2023 година се инвестирани речиси 147 милиони денари, од кои најголем дел за изградба на капиталниот објект наменет за театарот и библиотеката во Тетово.

Според министерката за култура, грижата за тетовчани да имаат богат и разновиден културен репертоар се потврдува и со основањето на новата Национална установа Музички ансамбл во Република Северна Македонија – Тетово, чија основна дејност ќе биде изведба, промоција и афирмација на албанската класична, џез, вокална и вокално-инструментална музика, а програмските определби ќе имаат рамноправен пристап кон сите граѓани.

Костадиновска-Стојчевска се осврна и на заштитата на културното наследство како еден од најголемите приоритети на Владата и на Министерството за култура.

– Сакам да информирам дека продолжија активностите за целосна конзервација и реставрација на ѕидното сликарство во црквата „Св. Богородица“ во Лешок. Овие активности го овозможија и реткото откритие на третиот слој живопис кој се наоѓа во олтарот, под слојот од 17 век. Како проект на Владата, реализацијата на заштитата на живописот ќе продолжи и во 2024 година, како и реставрацијата на конакот на овој наш вреден манастир и споменик на културата – информираше министерката за култура.

Министерката за култура изрази задоволство и од завршувањето на повеќегодишниот проект за конзервација и реставрација, санација и ревитализација на заштитеното недвижно добро „Алим-бегова куќа“, за што годинава беа издвоени 2,5 милиони денари.

Министерството за култура, како што истакна Костадиновска-Стојчевска, и во иднина останува посветено на остварување на активностите за негување на богатата културна традиција и посебностите на Тетово, но и за сите нови, креативни идеи во културата.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Гужви на границите за Велигден: Илјадници македонски граѓани заминаа на

10/04/2026
Македонија

Трагедија на објект во Скопје: Работник пронајден починат на приземјето

10/04/2026
Македонија

Сува трева и ѓубре се запалиле покрај патот Струга–Калишта

10/04/2026
Македонија

Приведени 10 возачи за безобѕирно управување возило

10/04/2026
Македонија

СЕ ОЧЕКУВА МЕТЕЖ И ЗАСТОЈ НА ГРАНИЧНИТЕ ПРЕМИНИ Почнува целосната

10/04/2026
Македонија

Стабилизација на времето за Велигден, потоа дожд и ветер

10/04/2026
Македонија

ДАЛИ СО ПОТКУПОТ ОД ДАКА ЗАЕВ ИНВЕСТИРА ВО ПЛАНТАЖИ ВО

10/04/2026
Македонија

Масовна тепачка во Кичево: Девет лица приведени

10/04/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42351
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Гужви на границите за Велигден: Илјадници македонски граѓани заминаа на продолжен викенд!

10/04/2026

Празничниот продолжен викенд донесе зголемен метеж на граничните премини во земјава, при што голем број граѓани решија слободните денови и

Трагедија на објект во Скопје: Работник пронајден починат на приземјето во делот на лифтот

10/04/2026

На 09.04.2026 во 13:25 часот во СВР Скопје е пријавено дека во продажен објект на приватна фирма на подрачјето на

Сува трева и ѓубре се запалиле покрај патот Струга–Калишта

10/04/2026

На 09.04.2026 во 12:30 часот, полициски службеници од ОВР Струга извршија службен разговор со Г.М.(52) од струшкото село Калишта. Претходно,

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy