Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Костадиновска-Стојчевска: Го исполнивме аманетот на нашите предци – до крајот на 2025 година, нов „Центар за македонски јазик“ во Љубојно
Македонија

Костадиновска-Стојчевска: Го исполнивме аманетот на нашите предци – до крајот на 2025 година, нов „Центар за македонски јазик“ во Љубојно

18/03/2024

AA

Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска, директорката на Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“, Елена Јованова-Грујовска, и проф. д-р Елизабета Бандиловска, член на Советот за македонски јазик, денеска во преспанското село Љубојно направија увид во започнатата реконструкција и адаптација на старото училиште „Димитар Влахов“ во „Центар за промоција на македонскиот јазик“.

„Владата, Министерството за култура и Заводот и музеј од Битола со сето срце и одговорност се заложија објектот со имотен лист број 55 да заживее во чест на македонските дејци и на сите просветни работници, како и во чест на оние на кои споменот на школските денови во старото училиште е повеќе од спомен. ’Центарот за македонски јазик‘ ќе биде наш заеднички паметник за кој до крајот на наредната, 2025 година, со задоволство ќе речеме – аманетот го исполнивме“, рече Костадиновска-Стојчевска.

Министерката за култура рече дека секогаш со радост му се враќаме на Љубојно, на ова македонско образовно светилиште, кај темелите на нашето описменување на мајчин, македонски јазик.

„Како генерација го исполнуваме долгот за зачувување и на архитектонското наследство што како вредност го има ова старо училиште во историјата на македонската уметност, како и долгот кон просветителската и општествената улога што ја има училиштето за едукација на македонскиот народ“, истакна министерката за култура.

Таа додаде дека во изминатиот период, надлежната установа Завод и музеј – Битола, со стручните тимови и со сите вклучени во процесот, со висока професионалност ги исполни многубројните неопходни чекори за остварување на визијата за еден модерен Центар за промоција на Љубојно, на Преспа, на македонскиот јазик, култура, на нашиот идентитет.

„Овој благороден и исклучителен проект“, рече министерката за култура, „го започнавме со прогласување на селото Љубојно за заштитена споменична целина, по што беа изработувани сите потребни стручни елаборати и проекти, за да ја добиеме градежната дозвола и градбата да може да започне.“

Костадиновска-Стојчевска потенцираше дека со изградбата на „Центарот за промоција на македонскиот јазик“, ја искажуваме почитта кон сите учители и ученици кои на ова место се образовале уште кон крајот на 19 и почетокот на 20 век.

Директорката на Институтот за македонски јазик, проф. д-р Елена Јованова-Грујовска, потсети дека тие веќе одржаа настан во дворот на училиштето, на отворањето на „25. денови на Благоја Корубин“, и одаде: „Очекувам возобновениот ’Центар за промоција на македонскиот јазик‘ да e место кое ќе го посетуваат младите луѓе од дијаспората, кои ќе го изучуваат македонскиот јазик. Но, очекувам овој центар да изврши голема улога и во зајакнување на билатералните и трилатералните односи со соседните држави, Албанија и Грција, да биде мост кој ќе ги обединува овие три држави“.

За реконструкција на старото училиште ,,Димитар Влахов“ во Љубојно и за негова комплетна адаптација во „Центар за промоција на македонскиот јазик“, од буџетот на Министерството за култура во 2024 и во 2025 година ќе бидат издвоени 32,8 милиони денари.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

СЕ СПОЈУВААТ КАРДИОЛОГИЈА И КАРДИОХИРУРГИЈА Владата формира единствен центар за

02/03/2026
Македонија

ТЕНЗИИТЕ ГИ ВОЗНЕМИРИЈА НАШИТЕ ГРАЃАНИ Над 150 Македонци веќе побарале

01/03/2026
Македонија

НЕМА ЗАКАНА ЗА БЕЗБЕДНОСТА НА МАКЕДОНИЈА Претседателката уверува дека состојбата

01/03/2026
Македонија

Давкова: Нема закана за безбедноста, институциите координирано ја следат состојбата

01/03/2026
Македонија

ПОДГОТВЕТЕ СЕ ЗА ОБЛАЧЕН ДЕН Магла можна во утринските часови

01/03/2026
Македонија

Сиљановска Давкова уверува: Нема за што да се грижиме, имаме

01/03/2026
Македонија

Македонија со поддршка за Саудиска Арабија, ОАЕ, Катар, Кувајт, Бахреин

01/03/2026
Македонија

КРИВА ПАЛАНКА ДОБИ МОДЕРНА ОБИКОЛНИЦА Мицкоски најави нов инвестициски бран

01/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42116
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

СЕ СПОЈУВААТ КАРДИОЛОГИЈА И КАРДИОХИРУРГИЈА Владата формира единствен центар за срцеви болести

02/03/2026

Владата одлучи да ги спои Клиниката за кардиологија и Државната клиника за кардиохирургија, со цел пациентите со срцеви заболувања да

ТЕНЗИИТЕ ГИ ВОЗНЕМИРИЈА НАШИТЕ ГРАЃАНИ Над 150 Македонци веќе побарале помош од амбасадите

01/03/2026

Повеќе од 150 македонски државјани кои се затекнале во загрозените подрачја на Блискиот Исток ги контактирале дипломатско-конзуларните претставништва на земјава

НЕМА ЗАКАНА ЗА БЕЗБЕДНОСТА НА МАКЕДОНИЈА Претседателката уверува дека состојбата е стабилна

01/03/2026

Нашата земја не е изложена на нестабилност и во моментов нема опасност по безбедноста во земјата и регионот, изјави претседателката

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy