Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Костадиновска-Стојчевска: Апелирам сите пратеници да гласаат за Законот за употребата на македонски јазик
Македонија

Костадиновска-Стојчевска: Апелирам сите пратеници да гласаат за Законот за употребата на македонски јазик

15/01/2024

AA

Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска во денешното гостување во утринската програма на Македонската радиотелевизија, „Македонија наутро“, уште еднаш апелираше Предлог-законот за употребата на македонскиот јазик што поскоро да се најде на дневен ред на Собранието и истиот да биде изгласан од пратениците од сите пратенички групи.

Одговарајќи на новинарско прашање таа ја појасни важноста од донесувањето на Законот за употреба на македонскиот јазик како законска рамка за уредување, развој и правилна употреба на македонскиот јазик и неговото кирилско писмо, нешто што сме обврзани да го направиме.

„Со усвојувањето на Законот ќе се воспостават механизми за негова правилна употреба, потоа во секоја институција што работи со излезни документи ќе се вработи лектор, а ќе биде формиран и Инспекторат кој ќе ја следи правилната употреба на македонскиот јазик“, рече министерката за култура.

Таа потсети дека минатата недела помина и второто читање на Предлог -законот за употреба на македонскиот јазик за кој веќе беше дискутирано и на повеќе јавни дебати и емисии. Министерката за култура Костадиновска-Стојчевска посочи дека на комисиската расправа беа усвоени 27 амандмани, а што се однесува до оние амандмани кои беа одбиени, меѓу кои и барањето поимот „македонистика“ да се внесе во законот, таа појасни дека не се зборува за Закон за наука за јазикот, туку за Закон за употребата на македонскиот јазик.

„ Македонистиката ги опфаќа и литературата, културата, фолклорот, затоа сметаме дека во овој Закон со кого строго сме фокусирани на унапредување на употребата на македонскиот јазик, не би требало да се проширува и оптоварува со други прашања во однос на јазикот, рече Костадиновска-Стојчевска.

Костадиновска-Стојчевска во утринската програма „Македонија наутро“ појасни и дека од овој Закон произлегуваат и повеќе иницијативи како што се стипендирање на кадри во сите степени во високото образование, како и зголемување на фондот на часови по македонски јазик. Вооедно преку овој закон се создаваат услови за уредување и на други сродни закони како и за донесување Национална стратегија за македонскиот јазик.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ПАД ОД КАРПА КАЈ МАРКОВИ КУЛИ Тешко повреден српски државјанин

11/04/2026
Македонија

СОНЦЕ И ПОТОПЛО ВРЕМЕ Температурите ќе достигнат до 20 степени

11/04/2026
Македонија

3 ЛИЦА СЕ УАПСЕНИ, ПРИЈАВЕНИ СЕ ШЕСТ ИНЦИДЕНТИ Нов бран

11/04/2026
Македонија

ПРИТИСОК ВРЗ СОФИЈА ЗА НЕПРАВДАТА КОН МАКЕДОНЦИТЕ Во рок од

11/04/2026
Македонија

📷 📽️ НЕ ШМРКАВ КОКАИН И НЕ БЕВ КРИМИНАЛЕЦ ЗА

11/04/2026
Македонија

Македонија меѓу земјите со најголемо поскапување на јајцата пред Велигден

11/04/2026
Македонија

ПОВРЕДЕН ПИТ-БУЛ НАЈДЕН ВО БАГАЖНИК, УЧЕСТВУВАЛ ВО БОРБИ Приведени 19-годишник

11/04/2026
Македонија

📷 ПРЕТСЕДАТЕЛКАТА ГИ ВАПЦАШЕ ЈАЈЦАТА Сиљановска-Давкова повика на надеж и

11/04/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42390
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ПАД ОД КАРПА КАЈ МАРКОВИ КУЛИ Тешко повреден српски државјанин

11/04/2026

Државјанин на Србија се здобил со тешки повреди откако паднал од карпа за време на спортски активности на непристапен терен

СОНЦЕ И ПОТОПЛО ВРЕМЕ Температурите ќе достигнат до 20 степени

11/04/2026

Утре во Македонија времето ќе биде сончево и потопло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер

3 ЛИЦА СЕ УАПСЕНИ, ПРИЈАВЕНИ СЕ ШЕСТ ИНЦИДЕНТИ Нов бран на семејно насилство во земјата

11/04/2026

Три лица се уапсени, а вкупно шест случаи на семејно насилство се пријавени во последните 24 часа во Штип, Куманово,

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy