
Косовската полиција уапси Србин во Прилужје
Косовската полиција денеска уапси Србин во Прилужје, а по апсењето го одвела во Приштина. Тој бил уапсен откако, како што пишуваат српските медиуми, работници на KEDS го повикале да излезе пред куќата, каде што го чекале полицајци.
Утрово во Митровица, косовските полицајци уапсија Србин. Станува збор за поранешен припадник на полицијата. Дел од српските медиуми пишуваат дека уапсените се товарат за воени злосторства. Има повици за протести на северот на Косово.
Пред неколку дена, косовската полиција претепа две млади момчиња од српска националност, а проблемот настанал откако барале казната да им биде врачена на српски јазик.