Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Косовска компанија завладеа со пазарот со млазно гориво во Македонија
Економија

Косовска компанија завладеа со пазарот со млазно гориво во Македонија

01/07/2024

AA

Косовската компанија од Приштина, „Екс Фис“, по неколкугодишни обиди, го презеде приматот на снабдувач на млазно гориво за авиони во Македонија.

Фирмата е регистрирана од истоимениот сопственик од Косово во 2013, а првата лиценца за трговија со млазно гориво ја има добиено во 2016, но првата активна година на работа била 2023.

Седиштето, како и складиштата за точење на ова гориво на „Екс фис“ се наоѓаат на скопскиот аеродром. Има и еден резервоар-подружница во Босилово, но според издадените лиценци од Регулаторната комисија за енергетика, барањето во 2018 за употреба на ова складиште било одбиено.

Остварените приходи минатата година се 20 милиони евра од продажба на горивото за воздухоплови, а растот е неверојатни „60.409.562 проценти“, што укажува дека претходната година практично била неактивна. Добивката е 800.000 евра, или поточно 48.616.705 денари. 

Менаџер е Фатбард Мухареми, дипломиран економист од Косово. Бројот на 15 регистрирани работници се зголемил за 200 отсто за една година. Лиценцата што ја поседува  оваа компанија е за „транспорт и трговија на големо со гориво за млазни мотори (ЈЕТ А-1)“.

„За вршење на енергетската дејност ќе се користат 2 надземни резервоари меѓусебно поврзани,
секој со волумен од по 50 m3
, преку кои ќе се врши дотур на гориво за млазни мотори ГМ-1 (ЈЕТ
А-1) во кругот на Аеродромот Александар Велики, на локација ИЛ 848 за КО Мралино за КП 1/11.
Носителот на лиценцата е должен во секое време да поседува или да има обезбедено право на
користење на склад во кој се складира гориво за млазни мотори (ЈЕТ А-1), со капацитет
определен со прописите со кои се уредува трговијата со нафта, нафтени деривати, биогорива и
горива за транспорт“, запишано е во описот на издадената лиценца во 2021.

Досега единствен познат во јавноста снабдувач на млазно гориво во земјата беше „Макпетрол“. Пред три месеци при објавувањето на билансот на годишниот успех акционерското друштво подвлече дека има пад на приходите во 2023 поради намалената продажба на природен гас и на млазно гориво.

„Екс Фис“ истовремено е увозник на деривати во земјата и со својата дејност учествува со околу 1,5 проценти во целокупниот увоз на сите видови на горива во земјата. Подобри од него биле само „Окта“, „Супертрејд“, „Лукоил“ и „Омпетрол“ на ниво на цела Македонија. А.К.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

БОБИ ХРИСТОВ ПРОГЛАСЕН ЗА ТЕХНОЛОШКИ ВИШОК ВО ТЕЛМА Телевизијата најавува

29/09/2026
Македонија

УТРАТА СЕ СПУШТААТ КОН НУЛА, A ПРЕКУ ДЕН ДО 27

29/09/2026
Македонија

📽️ „ХОТЕЛСКА КОАЛИЦИЈА“ НЕ Е ПРОБЛЕМ ЗА ПЕТРОВ Некултурно е

29/09/2026
Македонија

ПРОШИРУВАЊЕТО НА ЕУ Е ИНВЕСТИЦИЈА ВО СОПСТВЕНАТА БЕЗБЕДНОСТ Муцунски со

29/09/2026
Македонија

СВЕЧЕНО ЗАКОПУВАЊЕ НА „ПОСМРТНИТЕ ОСТАНКИ“ НА ЕВРОПСКИТЕ ПРИНЦИПИ НА ЈУГОТ

29/09/2026
Македонија

167 ПРЕКРШОЦИ ЗА САМО ПЕТ ЧАСА Засилени контроли возачите на

29/09/2026
Македонија

ПО ХАВАРИЈАТА ВО „НОВА МАКЕДОНИЈА“, ВРАБОТЕНИТЕ ЌЕ РАБОТАТ ОД ДОМА

29/09/2026
Македонија

📽️ 📷 СНАЈПЕР, ПУШКИ И ЗНАМЕ НА ИСИС НАЈДЕНИ КАЈ

29/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45877
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

БОБИ ХРИСТОВ ПРОГЛАСЕН ЗА ТЕХНОЛОШКИ ВИШОК ВО ТЕЛМА Телевизијата најавува нова систематизација, ССНМ застана зад

29/09/2026

Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) изрази загриженост поради најавите од ТВ Телма за отпуштање новинари и медиумски

УТРАТА СЕ СПУШТААТ КОН НУЛА, A ПРЕКУ ДЕН ДО 27 СТЕПЕНИ Есента покажува различни лица

29/09/2026

Под влијание на поле со висок воздушен притисок, Македонија ја очекува период на релативно стабилно време, но утрата ќе стануваат

📽️ „ХОТЕЛСКА КОАЛИЦИЈА“ НЕ Е ПРОБЛЕМ ЗА ПЕТРОВ Некултурно е ставовите да ги соопштувате од

29/09/2026

Проф. д-р Андреј Петров, гостувајќи во емисијата „Ноќно студио“ на 4ТВ, зборуваше за критиките кон иницијативата во која учествува, како

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy