Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Короната сè уште е присутна – „Секој што е болен треба пет дена да седи дома“, порачува д-р Пановски
Македонија

Короната сè уште е присутна – „Секој што е болен треба пет дена да седи дома“, порачува д-р Пановски

12/09/2023

AA

После познатите подваријанти Кракен и Ерис, кои се сѐ уште присутни, Омикрон доби уште една подваријанта Пирола, која што значајно се разликува од своите претходници и поради тоа Светска здравствена организација (СЗО) оваа подваријанта ја означи како „варијанта под надзор” а тоа значи дека во сите земји треба да се следи.

Во Србија во последните седум дена се потврдени 686 случаи на Ковид-19 од 4 705 тестирани лица, но не се знае од која подваријанта се разболеле лицата, иако постои голема веројатност дека тие се претходници на Пирола. Исто така, пред само неколку дена, подсојот заедно со типот Форникс беа регистрирани и во Црна Гора.

Иако при испитувањата не се прави секвенционирање, според брзината на ширење на Пирола, откако првпат беше откриена во Данска на 24 јули, несомнено овој сој преовладува и забрзано циркулира низ земјите во регионот.

По овие регистрирани случаи, српските лекарите велат дека „короната повторно се разгоре“ и расте бројот на хоспитализација на повозрасните лица кои имаат и други болести.

А дали и кај нас се уште се следи состојбата и дали некој на терен испитува за корона, посебно во здравствените центри. Независно од симптомите на последните подваријанти, симптомите и клиничката слика што ја развива, сепак опасноста по возрасните лица, лица со хронични и ретки заболувања како и со коморбидитети е висока и треба потрезвено да се внимава.

Секвенционирање дали Пирола и која подваријанта ја има во Македонија Институтот за јавно здравје се прави периодично и тогаш ќе се знае. Во меѓувреме лекарите од регионот алармираат дека сегашните тестови не ја детектираат варијантата „пирола“.

Д-р Никола Пановски во разговор за 4NEWS.mk, вели дека тоа се варијанти се уште од омикрон мутацијата и ги има повеќе.

„До сега нема податоци дека се повирулентни или поопасни, меѓутоа побрзо се шират. Факт е дека ги напаѓаат постарите луѓе, односно ги напаѓаат сите, но постарите завршуваат во болница. Што се однесува до регионот, интересно е дека Грција, Србија и нас не нема во  волтметар, меѓутоа можам да кажам Хрватска е интересна дека има 9 смртни случаи минатата недела и Бугарија со 4. Црна Гора има околу 150 случаи неделно и нема смртни случаи, нема ниту во Босна и Херцеговина. Слично беше и во Србија како што е во Бугарија или Хрватска. Сега тој број е релативен. И да има за нашата земја, што е многу помала по еден до два смртни случаи дневно, тоа не е загрижувачко. Факт е дека нема потреба од посебни мерки сега за сега, за тоа комисијата ќе си одлучи. Симптомите не се нешто различни и тешко се препознава дали е тоа или некоја друга инфекција. Препораката е дека секој што е болен треба пет дена да седи дома, дали било тоа ковид, грип, настинка или вирус, да седи дома. Ако баш мора да излезе, тогаш да носи маска. Маска сега треба да носат болните и дополнително да се внимава на повозрасните луѓе, особено да се внимава кога се оди кај повозрасни луѓе што имаат други болести, кога сме настинати да направиме заштита или ако е возможно да немаме контакт со тие лица во затворено. Логично е и се очекува некаде во ноември-декември да има поголем број случаи и со тоа треба да се навикнеме дека покрај грипот, настинката, имаме уште една болест која ќе биде со нас повремено, ќе се јават и нови соеви, повремено ќе ни паѓа имунитетот што сме го стекнале, без разлика дали е вакцинален или природен“, вели д-р Пановски.

Во однос на превентивните мерки и вакцинацијата д-р Пановски вели: „Во светот сега се препорачува вакцини иако кај нас кампањата против вакцини е дојдена до ниво да ти е страв да ги одбраниш бидејќи луѓето се закануваат дека ќе се осветат, меѓутоа во светот се препорачува да се вакцинираат луѓе над 65 години. Се создаваат нови вакцини и некаде на 15 септември ќе излезе вакцината против последните соеви на ковид вирусот за постарите да примат бустер доза. Фала Богу го тргнаа она правилото да се вакцинираат сите, а препорачуваат да се вакцинираат и оние кои имаат во фамилија таков човек. Тоа е она што се препорачува во светот, кај нас не знам што е со вакцините, до каде сме и дали ќе се препорачува. Во секој случај состојбата е критична бидејќи не знаете дали ќе ве нападнат утре бидејќи сте се вакцинирале или сте кажале дека вакцината ви го спасила животот која за мене мислам дека можеби ми го спасила. Податоците што се даваат за вакцините се лажни како што беа лажни и оние што кажуваа дека вакцината штити од пренесување на болеста, па и децата се вакцинираа. Факт е дека не штити од разболување, но штити од потешки форми на болеста како хоспитализација и смрт и тоа значително. Тоа сега се докажа и со овие соеви. Починатите или хоспитализирани се најчесто невакцинирани лица“, вели д-р Пановски за 4NEWS.mk

Симптомите на Ерис се треска, постојана кашлица, промени во чувството за вкус и мирис, замор, течење на носот, болки во грлото. Често се споменува и развивање на пневмонија, но не е дефинирано од кој сој затоа што не се прави секвенционирање. Според црногорскиот Институт овие подсоеви имаат мутација во протеинот односно делот од вирусот што го олеснува влезот во клетката. Тие супстанции можат потенцијално да го избегнат имунолошкиот одговор стекнат со претходна природна инфекција или вакцинација и да предизвикаат зголемена трансмисија, односно да доведат до зголемување на бројот на пациенти.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

2 И ПОЛ ГОДИНИ ЗАТВОР ЗА ВРАБОТЕНАТА ВО МРВ ШТО

30/09/2026
Македонија

ОДБРАНАТА ПОВИКА 244 СВЕДОЦИ НА СУДЕЊЕТО ЗА „ПУЛС“ Газда Деко

30/09/2026
Македонија

ГОЛЕМА ПОЛИЦИСКА ОПЕРАЦИЈА ВО ПРИЛЕП Претреси на околу 30 локации,

30/09/2026
Македонија

ДАЛИ САМУИЛ И САМУЛИОВАТА ДРЖАВА БИЛЕ БУГАРСКИ (1) Комитопулот на

30/09/2026
Македонија

ДАЛИ ВЕНКО ФИЛИПЧЕ ИМА ТАЕН ДОГОВОР СО БУГАРИЈА ЗА НОВО

30/09/2026
Македонија

НЕМА НАУЧНА ПОТВРДА ДЕКА МОШТИТЕ СЕ НА ЦАР САМОИЛ Бугарија

30/09/2026
Македонија

БОБИ ХРИСТОВ ПРОГЛАСЕН ЗА ТЕХНОЛОШКИ ВИШОК ВО ТЕЛМА Телевизијата најавува

29/09/2026
Македонија

УТРАТА СЕ СПУШТААТ КОН НУЛА, A ПРЕКУ ДЕН ДО 27

29/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45883
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

2 И ПОЛ ГОДИНИ ЗАТВОР ЗА ВРАБОТЕНАТА ВО МРВ ШТО ФАЛСИФИКУВАЛА ВОЗАЧКИ ДОЗВОЛИ ЗА КАМИОНИ

30/09/2026

Две и пол години затвор доби вработената во Министерството за внатрешни работи која е обвинета за фалсификување на возачки дозволи,

ОДБРАНАТА ПОВИКА 244 СВЕДОЦИ НА СУДЕЊЕТО ЗА „ПУЛС“ Газда Деко на 3 октомври излегува од

30/09/2026

Вкупно 244 сведоци повикале адвокатите на 34 обвиети физички и 3 правни лица за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани,

ГОЛЕМА ПОЛИЦИСКА ОПЕРАЦИЈА ВО ПРИЛЕП Претреси на околу 30 локации, под лупа и полицајци

30/09/2026

Прилеп од рано утрово е под засилено полициско присуство. Специјални единици и униформирани полициски службеници се распоредени на терен, а

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy