Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 КОНСТАТИРАНА ОСТАВКАТА НА ЛЕНЧЕ РИСТОСКА На Кети Петкова продолжена ѝ е функцијата додека ѝ трае мандатот
Македонија

КОНСТАТИРАНА ОСТАВКАТА НА ЛЕНЧЕ РИСТОСКА На Кети Петкова продолжена ѝ е функцијата додека ѝ трае мандатот

08/04/2026

AA

Советот на јавните обвинители на денешната 42. седница го усвои барањето на Ленче Ристоска за престанок на функцијата јавен обвинител во ОЈО Скопје.

Претседателот на Советот, Башким Бесими, информира дека Ристоска на 2 април годинава поднела барање за престанок на функцијата јавен обвинител по сопствено барање.

– Овде нема расправа, констатирам дека е усвоено барањето за престанок на функцијата на Ленче Ристоска – изјави Бесими.

Прашан како ги коментира причините за оставката на Ристоска, Бесими во изјава за медиумите по седницата, посочи дека нема да коментира никакви причини бидејќи во согласност со законот Советот само констатира престанок на функцијата.

– Тоа е нејзина одлука. Ние само констатираме оставка. Не коментирам изјави на колешката… Во согласност со законот, има право во секое време, секој обвинител да поднесе барање за повлекување, ние само констатираме – изјави Бесими.

Советот претходно донесе одлука за продолжување на функцијата на Кети Петкова додека ѝ трае мандатот како член на Советот до 26 јули 2027 година. На денешната седница Советот ја разгледа и едногласно ја прифати писмената изјава за продолжување на вршењето на функцијата во согласност со Законот за работните односи на членот на Советот, на Кети Петкова. Претседателот на Советот, Бесими, информира дека на 26 март годинава добиле одговор од Собранието, со кој се известува Советот дека во согласност со Законот за Советот на ЈО, Советот може да ѝ го продолжи мандатот.

Светлана Стојковиќ изјави дека колешка Петкова на 15 август годинава ги исполнува условите за старосна пензија, а во согласност со законот има право да побара продолжување на функцијата додека ѝ трае мандатот до 26 јули 2027 година.

Петкова, во согласност со законот, се иззема од оваа точка и не учествуваше во расправата.

Советот, на денешната седница едногласно донесе одлука за престанок на функцијата јавен обвинител во ОЈО Скопје за јавниот обвинител Јулијана Мишевска поради исполнување услови за старосна пензија.

.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

БУГАРИЈА НЕ ДОЗВОЛИ ВЛЕЗ НА МАКЕДОНСКО КИСЕЛО МЛЕКО Најде пропуст

21/09/2026
Македонија

МЕЃУ ЗАПЛЕНИТЕ СУПЛЕМЕНТИ И СРЕДСТВА ЗА ПОТЕНЦИЈА Министерот Клековски со

21/09/2026
Македонија

РАЗГОВОРИ ЗА СТРАТЕШКОТО ПАРТНЕРСТВО И ИНВЕСТИЦИИ ВО ВОЕНАТА ИНДУСТРИЈА Мицкоски

21/09/2026
Македонија

МАКЕДОНИЈА ЌЕ ДОБИЕ 140 МИЛИОНИ ЕВРА ОД ПЛАНОТ ЗА РАСТ

21/09/2026
Македонија

„КАДЕ СЕ НАШИТЕ ЛУЃЕ, ТАМУ Е И ДЕЛ ОД МАКЕДОНИЈА“

21/09/2026
Македонија

НЕЗАКОНСКИ Е ПРАТЕНИК ДА ИМА ДВОЈНО ДРЖАВЈАНСТВО Законот за пратеници

21/09/2026
Македонија

ГОДИНАВА АВГУСТ БИЛ ЕКСТРЕМНО ТОПОЛ И СУШЕН Температурите за 2,7

21/09/2026
Македонија

СВЕДОК РЕЧЕ ДЕКА ПОЛИЦАЕЦ ОДБИЛ ДА МУ ПОМОГНЕ НА ПОВРЕДЕН

21/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45717
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

БУГАРИЈА НЕ ДОЗВОЛИ ВЛЕЗ НА МАКЕДОНСКО КИСЕЛО МЛЕКО Најде пропуст во документацијата

21/09/2026

На граничниот премин Ѓуешево, бугарските власти не дозволија увоз на пратка кисело млеко од Македонија, наводно, поради некомплетна документација. Инспектори

МЕЃУ ЗАПЛЕНИТЕ СУПЛЕМЕНТИ И СРЕДСТВА ЗА ПОТЕНЦИЈА Министерот Клековски со детали за акцијата против шверцот

21/09/2026

Министерот за здравство Сашо Клековски вечерва во гостувањето во Топ тема на ТВ Телма откри дека суплементи за потенција се

РАЗГОВОРИ ЗА СТРАТЕШКОТО ПАРТНЕРСТВО И ИНВЕСТИЦИИ ВО ВОЕНАТА ИНДУСТРИЈА Мицкоски одржа официјални средби со високи

21/09/2026

Премиерот Христијан Мицкоски, кој деновите е во Њујорк, оствари официјална средба со заменик- државниот секретар на Соединетите Американски Држави, Кристофер

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy