Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Конфискацијата на криминално стекнат имот требаше да започне, молк во Финансиска полиција
Економија

Конфискацијата на криминално стекнат имот требаше да започне, молк во Финансиска полиција

29/10/2024

AA

Законот за конфискација на имот во граѓанска постапка,.со кој од функционери и граѓани ќе се одзема сопственост што не може да се докаже дека е стекната законски, датумски веќе е во примена, но од клучната институција – Управата за финансиска полиција нема одговор дали се започнати одредени активности и дали се следат потенцијални случаи.

Како за останатите медиуми, така и за „Фактор“ се молчи на ова прашање. Од Министерството за финансии велат дека се работи на изработка на методологијата за проценка колку би можел да вреди сомнителниот имот и дали можел да се купи чесно од одреден актуелени или поранешен функционер, бизнисмен или некое друго лице.

– Ве информираме дека Министерството за финансии заедно со надлежните институции се во фаза на усогласување на Методологијата за проценка на имот и дека по завршување на овој процес истата ќе биде донесена од страна на Министерството за финансии. Имено напоменуваме дека соласно Законот Министерството за финансии има обврска да донесе Методологија, додека надлежен орган за примена на Законот и подзаконските акти е Управата за финансиска полиција, ни рекоа од Министерството за финансии.

Овој Закон стапи на сила на 12 март 2024, а неговата примена требаше да започне по шест месеци,што значи од изминатиот септември. Доколку има сомнение од Јавниот обвинител и Управата за финансиска полиција, самата конфискација треба да ја направи Државното правобранителство.

– Државно правобранителство на Република Северна Македонија ќе постапувам  соглано одредбите на Закон за конфискација на имот во граѓанска постапка, гласи штуриот орговор што го добивме од Државното правобранителство.

Од Јавното обвинителство пак ни порачаа дека е потребно време за да се видат првите резултати од овој закон.

– Претставници на Јавното обвинителство беа активно вклучени и дадоа свој придонес во изготвувањето на законските решенија за конфискација на имот во граѓанска постапка. Јавното обвинителство е подготвено и постапува во целост согласно надлежностите предвидени во важечките закони. Ефектите од примената на новодонесените законски решенија ќе можат да се анализираат по истекот на определен временски рок на примена, велат од таму.

Закон за потекло на имот, што ја туркаше стариот состав на Антикорупциската комисија со цел проверка на потекло на имот на сите граѓани, на крајот заврши со „модифициран“ Закон за конфискација на имот во граѓанска постапка, донесен непосредно пред промената на власта. Според овој закон, Финансиската полиција има надлежност да врши прибирање на податоци за имот чие стекнување на може да се докаже дека е од законски извори, но таму, како што стојат работите, постои некаков мотив да се молчи.

Новиот состав на Државната комисија за спречување корупција најави антикорупциска проверка на законот, поради недоречености и неусогласености со други закони, а невладини организации го оспорија дека може различно да се толкува и да се злоупотребува.

Во меѓувреме, помина летото и календарски навлеговме во есента, меѓутоа досега не слушнавме и дознавме дека почнал и тече некаков крупен процес на испитување на потекло на имот на министри, пратеници, судии, обвинители и други функционери. 

А.К.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

„Не е прашање како дрогата излегла од Македонија, туку како

20/02/2026
Македонија

Поминавте на зелено, но останавте среде раскрсница? Казната може да

20/02/2026
Македонија

ВОЗАЧОТ МОРА ДА ПРОЦЕНИ ДАЛИ ЌЕ ЈА ЗАТНЕ РАСКРСНИЦАТА За

20/02/2026
Македонија

ЗАВРШИ ВРЕМЕТО НА ДИВЕЕЊЕ ПО УЛИЦИТЕ „Безбеден град“ дневно снима

20/02/2026
Македонија

ДОСЕГА 10 ПРИВЕДЕНИ ВО ИСТРАГАТА ЗА ПЕТТЕ ТОНИ МАРИХУАНА ФАТЕНИ

20/02/2026
Македонија

ОПОЗИЦИЈАТА Е ИЗГУБЕНА ВО СВОЕТО ПОЛИТИЧКО МОЧУРИШТЕ Нападите кон мене

20/02/2026
Македонија

НЕМА ПРЕДВРЕМЕНИ ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ Владината реконструкција најдоцна до јуни

20/02/2026
Македонија

УТРЕ ПРОМЕНЛИВО ОБЛАЧНО И ПОСТУДЕНО ВРЕМЕ Следните денови пораст на

19/02/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 41689
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

„Не е прашање како дрогата излегла од Македонија, туку како влегла во Србија“, вели Тошковски

20/02/2026

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, синоќа даде појаснување околу случајот со петте тони марихуана запленети во Србија, нагласувајќи дека

Поминавте на зелено, но останавте среде раскрсница? Казната може да биде до 45 евра!

20/02/2026

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, предупреди дека возачите повеќе нема да можат да се правдаат дека влегле на зелено

ВОЗАЧОТ МОРА ДА ПРОЦЕНИ ДАЛИ ЌЕ ЈА ЗАТНЕ РАСКРСНИЦАТА За тој прекршок е предвидена посебна

20/02/2026

Возачите треба да проценат дали да поминат на зелено светло ако видат дека со тоа ќе ја блокираат крстосницата, бидејќи

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy