Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 КОНЕЧНО УБАВА ЕКОНОМСКА ВЕСТ ОД ГЕРМАНИЈА: Производството се зголеми за прв пат по 9 месеци
Економија

КОНЕЧНО УБАВА ЕКОНОМСКА ВЕСТ ОД ГЕРМАНИЈА: Производството се зголеми за прв пат по 9 месеци

10/03/2024

AA

Индустриското производство во Германија во јануари се зголемило за 1,0
отсто на месечна основа, покажуваат податоците на Сојузниот завод за статистика
на Германија (ДЕСТАТИС). Ова е прв раст во последните девет месеци и повеќе од
очекуваниот раст од 0,6 отсто.

Закрепнувањето доаѓа откако индустриското производство падна
за 2 отсто во декември 2023 година. Тоа го означува и најбрзиот раст на
индустриското производство од февруари 2023 година, поттикнат најмногу од
растот во хемиската индустрија (4,7 отсто), храната (5,9 отсто) и одржувањето и
монтажата на машините (11,1 отсто).

Од друга страна, автомобилската индустрија падна за 7,6
отсто. Производството бележи пораст кај интермедијарни производи (4,4 отсто) и
производи за широка потрошувачка (4,0 отсто), а опаѓање кај капиталните
производи (-2,1 отсто) и енергијата (-3,7 отсто). Во цела 2023 година
производствената индустрија бележи пад од 1,5 отсто. Сите податоци се
приспособени за промени во цената.

Во однос на јануари лани, индустриското производство во
јануари годинава е и понатаму за 5,5 отсто пониско, поправено за разликата во
цените и календарски и сезонски приспособено и за 6,3 отсто пониско од
просечното месечно индустриско производство во 2021 година.

Во градежништвото состојбата е уште полоша, иако во јануари
порасна за 2,7 отсто во однос на декември 2023 година. Но во однос на месечниот
просек во 2021 година и по прилагодувањето на календарските варијации, тој е за
7,4 отсто помал.

Енергетските интензивни индустрии почнаа да закрепнуваат

Производството во енергетски интензивните индустриски гранки
во јануари 2024 година е зголемено за 2,8 отсто во однос на декември 2023
година, сезонски и календарски приспособени. За овој раст значително придонесе
растот на хемиската индустрија.

Најенергетски интензивни гранки на индустријата се хемиската
и металната индустрија. Понатамошните енергетски интензивни економски сектори
вклучуваат производство на кокс и рафинирани нафтени производи и производство
на стакло, керамика, хартија и производи од хартија.

Овие индустрии имаат особено високи барања за енергија во
однос на нивната бруто додадена вредност. Во референтната 2021 година, тие
заедно учествуваа со 77 отсто од вкупната индустриска потрошувачка на енергија.
Нивното учество во бруто додадената вредност на индустријата изнесуваше 17
отсто. Во 2021 година, нешто помалку од еден милион луѓе (929.599) биле
вработени во 6.986 индустриски погони на компании кои работат во енергетски
интензивни индустрии во Германија.

ФОТО: Unsplash/Claudio Schwarz

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

РАСТОТ НА БДП И НИСКАТА ИНФЛАЦИЈА НЀ ВБРОЈУВААТ ВО НАЈУСПЕШНИТЕ

12/10/2026
Македонија

ПОЧНА ИЗГРАДБАТА НА АВТОПАТОТ БУКОЈЧАНИ – КИЧЕВО Се гради клучната

12/10/2026
Македонија

БЕГСТВОТО НА МИХАИЛОВА ИСПРАЌА СЕРИОЗНО ПОГРЕШНА ПОРАКА! МНР ќе ги

12/10/2026
Македонија

МВР НЕМА ЕВИДЕНТИРАН ИЗЛЕЗ НА ИВА МИХАИЛОВА ОД ЗЕМЈАВА Нејзиниот

12/10/2026
Македонија

ИВА МИХАИЛОВА ЗАМИНА НА ЛЕКУВАЊЕ ВО БУГАРИЈА Границата ја поминала

12/10/2026
Македонија

ПРОТИВ КОГО МАРШИРАШЕ ВИКЕНДОВ ФИЛИПЧЕ ВО ПРИЛЕП? Дали против бугарските

12/10/2026
Македонија

🎥 ДИВЕЕЛ НА ПАРТИЗАНСКА НА ЕДНО ТРКАЛО ЗА ДА СЕ

11/10/2026
Македонија

🎥 ТРГНАЛЕ НА СВАДБА, БЛОКИРАЛЕ СООБРАЌАЈ ВО АЕРОДРОМ Казнети четворица

11/10/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 46119
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

РАСТОТ НА БДП И НИСКАТА ИНФЛАЦИЈА НЀ ВБРОЈУВААТ ВО НАЈУСПЕШНИТЕ ЕКОНОМИИ ВО ЕВРОПА Мицкоски ги

12/10/2026

Премиерот Христијан Мицкоски оцени дека Владата постигнала значајни резултати во економијата и во работата на институциите во изминатите 27 до

ПОЧНА ИЗГРАДБАТА НА АВТОПАТОТ БУКОЈЧАНИ – КИЧЕВО Се гради клучната делница на Коридорот 8

12/10/2026

Почна изградбата на автопатот Букојчани – Кичево, делница долга 12 километри што треба да го поврзе постојниот автопат Охрид –

БЕГСТВОТО НА МИХАИЛОВА ИСПРАЌА СЕРИОЗНО ПОГРЕШНА ПОРАКА! МНР ќе ги информира ЕУ и Советот на

12/10/2026

Во врска со бегството на Ива Михајлова во Бугарија и нејзиниот прием на високо ниво во Софија, Министерството за надворешни

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy