Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Комората испраќа јасни пораки
Економија

Комората испраќа јасни пораки

05/05/2025

AA

Комората во изминатиот период, исполнет со кризи, покажа дека е можно кризите да се претворат во шанса ако се има јасна цел, а таа е доброто на државата, и ги мотивираше своите членки за инвестирање и отворање нови работни места

Ако се вратиме 5 години назад, кога се соочивме со здравствената криза, можам слободно да кажам дека и покрај слабото или никакво дејствување на Светската здравствена организација што остави простор секој сам да дејствува и без нашето потребно искуство за пандемијата ние како Комора добро се справивме. 

Прво, одлично одреагиравме за отворањето на коридорите уште на самиот почеток на кризата за непречен проток на суровините до нашите капацитети и второ, многу добро го изменаџиравме првиот удар на кризата, која во тој момент најмногу се почувствува во дејностите врзани со движење – угостителството и туризмот и сообраќајот и транспортот. Освен здравствената, а потоа и економската, подоцна се јави  и енергетската криза. На компаниите, членки на Комората, им се откажуваа потпишаните договори за снабдување со електрична енергија и се јави енормен пораст на цените на суровините, а со тоа и на електричната енергија. Од искуствата научивме да предлагаме мерки за превенција на ситуацијата и затоа побаравме: прво, подигнување на домашното производство на електрична енергија и второ, одземање на лиценците на снабдувачите со електрична енергија од страна на Регулаторната комисија за енергетика.

Комората денес, останувајќи на изворните принципи и вредности во своето работење, мора да повлече потези кои што ќе ја обезбедат нејзината иднина. Владата го направи тоа пред една година, со реорганизација на владиниот апарат воведувајќи нови министерства и спојувајќи некои од нив. Тоа е обврска и за нас да се прилагодиме како партнери за да можеме да ги оствариме зацртаните цели.

Изминативе месеци јавноста имаше можност да види со каков потенцијал на млади бизнис лидери располага Комората. На искуството стекнато во кризите, на долговечноста која е преку еден век, на кадарот кој што го создадовме, сега ќе придодадеме само три нови приоритети: образованието за потребите на бизнисот, извозот и регионалната соработка. Тоа ќе е фокусот на Комората во наредните 10 години, бидејќи тоа е интересот на фирмите во моментов.

Во исто време ќе продолжат активностите за поддршка на дигитализацијата, на циркуларната економија, за зелената енергија и вештините за зелена транзиција и вештачката интелигенција како составен дел на сите процеси.

П.С. Време е да ги обединиме нашите сили и да работиме заеднички, било како компании, универзитети, академска заедница, политички партии. Повеќе од тоа што го правиме денес. Затоа што очигледно е дека влегуваме во нова фаза во која ќе има големи гео-политички преструктуирања, а со тоа нема предвидливост.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДА ЗАПРЕ СУДЕЊЕТО НА ОБВИНЕТИТЕ ЗА ПОЖАРОТ ВО КОЧАНИ КОИ

27/02/2026
Македонија

ИСТОРИЈАТА БЕШЕ ГЛАСНА, НО ИДНИНАТА МОРА ДА БИДЕ ЈАСНА Албанскиот

27/02/2026
Македонија

ИТНО ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Блокирана патеката на Матка поради сериозна опасност од

27/02/2026
Македонија

РАБОТИМЕ ПО СТАНДАРДИ КОИ СЕ ПОСТРОГИ ОД ЗАКОНСКИТЕ Усје порачува

27/02/2026
Македонија

АКАДЕМСКИ БУНТ: Професори од три универзитети бараат ревизија на новиот

27/02/2026
Македонија

ЗНАМ ПРЕДЛАГА ЕДНА ИЗБОРНА ЕДИНИЦА СО ИЗБОРЕН ПРАГ ДО 3

27/02/2026
Македонија

Одбраната во „Пулс“ бара ревизија на обвинението и ослободување на

27/02/2026
Македонија

АХВ ДО ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА КРИВА ПАЛАНКА: Почнете да го почитувате

27/02/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42038
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДА ЗАПРЕ СУДЕЊЕТО НА ОБВИНЕТИТЕ ЗА ПОЖАРОТ ВО КОЧАНИ КОИ НЕ БИЛЕ НА ФУНКЦИЈА Дел

27/02/2026

Јавното обвинителство да го ревидира обвинението за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани и да ја запре постапката за дел

ИСТОРИЈАТА БЕШЕ ГЛАСНА, НО ИДНИНАТА МОРА ДА БИДЕ ЈАСНА Албанскиот претседател Бегај на средби со

27/02/2026

Регионалната соработка е клучен елемент за приближување кон Европската Унија. Европската интеграција не е само цел на Албанија, туку е

ИТНО ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Блокирана патеката на Матка поради сериозна опасност од одрони

27/02/2026

Од вчера (26 февруари) стапува во сила целосна забрана за движење по планинарската и пешачката патека кон кањонот Матка. Причината

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy