
Комити го „поплавија" Скопје со плакати – повикуваат на мобилизација за в недела! (ФОТО)
Натпреварот ќе се игра на стадионот „Борис Трајковски“ во Маџари, формален домаќин е клубот од Дебар Маало, но навивачката група на Вардар, „Комити“ веќе се мобилизира во што поголем број да го бодри својот миленик. Цело Скопје денеска е облепено со плакати со кои се повикуваат фановите в недела во Маџари.
Вардар е последнопласиран на табелата во Прва лига, со само пет бода и неопходна му е победа за да фати приклучок со останатите екипи бидејќи Гостивар и Воска, кои се пред него, имаат двојно повеќе.