Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Колку заработи вториот најголем производител на леб во Македонија?
Економија

Колку заработи вториот најголем производител на леб во Македонија?

20/03/2023

AA

Вториот најголем производител на леб во земјата – Жито Леб АД Охрид лани заработил речиси 500 милиони денари, или околу 8,15 милиони евра, покажува билансот на акционерското друштво објавен на „Македонска берза“.

Тоа е зголемување на приходот за 1,15 милиони евра, што е за очекување ако се знае дека лебот доживеа енормен раст на цената минатата година, а статистиката измери дека тоа е еден од производите со највисоко поскапување – 40 отсто. Добивката на друштвото на крајот од 2022 изнесувала 130.000 евра, што е послаб резултат од претходната година (200.000 евра).

Кај вториот најголем производител забележително е дека на страната на трошоците има големо зголемување на расходите за суровини, кои се зголемиле за речиси еден милион евра, и раст на платите за вработените, кои се намалиле од 313 на 294 на број. Трошоците за струја имаат најголем раст и се зголемиле за двојно – од 250.000 на 500.000 евра. И покрај големото зголемување на овој трошок за електрична енергија, тој учествува со само 6,25 отсто во вкупните расходи на Жито Леб Охрид. Трошоците за гориво се зголемиле од 160.000 на 255.000 евра и нивното учество е само 3,2 отсто во вкупниот трошок на друштвото. Со проста математеки може да се каже дека кризата му донесе два милиони евра дополнителни трошоци на Жито Леб Охрид.

Најголемиот аргумент за зголемувањето на цената на пекарниците беше поскапувањето на увозното лебно брашно, квасецот и маслото, како и потребата од зголемување на платите на вработените. 

Големите пекарници беа меѓу потрошувачите на слободниот пазар кои добија субвенционирана електрична енергија од ЕСМ Продажба по 80 евра од мегават час. Мерката требаше да трае од 1 декември 2022 до 31 април 2023, но Владата одлучи да ја прекине два месеци порано, затоа што поголемиот дел од субвенционираните производители не ги намалија цените.

Од овој месец Владата донесе мерка да се замрзне цената на белиот и полубелиот леб до 33 денари и таква да остане до крајот на мај. АД Жито Лукс е единствениот производител на леб што на пазарот во земјата е поголем од Жито Леб Охрид.

А.К.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ВЕЛИКИ ПЕТОК, НАЈТЕШКИОТ ДЕН ВО ГОДИНАТА ЗА ХРИСТИЈАНИТЕ Денот кога

10/04/2026
Македонија

Посебен режим на сообраќај утре во Скопје поради празникот Велигден

10/04/2026
Македонија

Денеска започнува целосната примена на ЕЕС системот

10/04/2026
Македонија

Најстудено утрово на Попова Шапка

10/04/2026
Македонија

ВОЗЕТЕ ВНИМАТЕЛНО И ОДГОВОРНО ЗА ВРЕМЕ НА ВЕЛИГДЕНСКИТЕ ПРАЗНИЦИ Алкохолот

10/04/2026
Македонија

СОНЧЕВО, НО СВЕЖО И УМЕРЕНО ОБЛАЧНО Стабилно и суво време

10/04/2026
Македонија

СИТЕ АНАЛИЗИ ОД ОБДУКЦИИТЕ ЌЕ БИДАТ ПРЕЗЕНТИРАНИ Родителите на жртви

10/04/2026
Македонија

ЈАВНИОТ ОБВИНИТЕЛ САВЕСКИ НА СРЕДБА СО ТИМ ОД ДЗР Засилена

10/04/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42343
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ВЕЛИКИ ПЕТОК, НАЈТЕШКИОТ ДЕН ВО ГОДИНАТА ЗА ХРИСТИЈАНИТЕ Денот кога бил распнат Исус Христос

10/04/2026

Христијаните денеска го одбележуваат Велики петок, кој освен Велипеток уште се вика и Распет петок, зашто на тој ден е

Посебен режим на сообраќај утре во Скопје поради празникот Велигден

10/04/2026

По повод празникот „Воскресение Христово-Велигден” на утре (11.04.2025), Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе воведе посебен

Денеска започнува целосната примена на ЕЕС системот

10/04/2026

Од денеска Европската Унија започнува со целосна примена на новиот дигитален систем за контрола на влез и излез на странски

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy