Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 КОЛКУ ТРЕБА ДА ПЛАТИТЕ ЗА ДА ГИ ИМАТЕ – една банка „тежи“ 460 милиони евра, а една фармацевтска компанија 420 милиони
Економија

КОЛКУ ТРЕБА ДА ПЛАТИТЕ ЗА ДА ГИ ИМАТЕ – една банка „тежи“ 460 милиони евра, а една фармацевтска компанија 420 милиони

10/04/2023

AA

Берзата го објави својот најнов билтен за март, а во него, како и секогаш, можат да се најдат интересни податоци за акциите на компаниите кои котираат на пазарот на капитал.

Направена е анализа на тоа каква пазарна капитализација имаат компаниите чии акции се најтргувани на Македонската берза во текот на март.

Од неа излегува дека банките се секогаш и меѓу најтргуваните акции, но и меѓу компаниите со највисока пазарна капитализација.

Пазарната капитализација ја означува моменталната вредност што некој би требало да ја плати доколку сака да ги купи сите акции на таа банка или компанија одеднаш.

Овде треба да напоменеме и дека ние ја правиме анализата врз основа на тоа кои најтргувани акции имаат највисока пазарна капитализација, што значи дека има и компании кои можеби имаат и повисока пазарна капитализација од некои од наведените на листава, но не се на овој список, бидејќи во март за кога е правена анализата, нивните акции не биле меѓу најтргуваните.

Инаку, според листата, најголемата банка во земјава, која има и најголема актива, Комерцијална банка, имала и највисока пазарна капитализација во март.

Или, нејзината пазарна капитализација изнесува 459,3 милиони евра, говорат податоците на Берзата. Што значи дека толку пари би требало некој да плати доколку во март сакал да ги откупи сите акции издадени од Комерцијална банка одеднаш.

Следува фармацевтскиот гигант „Алкалоид“, пак, кој во март имал пазарна капитализација од 417 милиони евра. Една од најуспешните компании во земјава, чии акции секогаш се меѓу најбараните меѓу инвеститорите.

Потоа се две банки, кои имаат многу мала разлика во пазарната капитализација. Па така, трета е Стопанска банка Скопје, чии акции доколку се продале одеднаш, за нив би се зела сума од 373,6 милиони евра.

И веднаш зад неа според пазарната капитализација е НЛБ Банка, со пазарна капитализација од 369,2 милиони евра.

Меѓу најтргуваните акции е и „Макпетрол“, со пазарна капитализација од 121,7 милиони евра, додека, пак, на таа листа е и „Гранит“, со пазарна капитализација од 60 милиони евра. УНИБанка е следна на листата, со пазарна капитализација од 43,5 милиони евра, додека, пак, „Реплек“ има капитализација од 34,56 милиони евра.

ТТК Банка има пазарна капитализација од близу 20 милиони евра, додека Стопанска банка Битола има пазарна капитализација од 16,5 милиони евра.

Н.Н.Ф. 

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Филипче остро по падот на Орбан: ВМРО-ДПМНЕ го изгуби сојузникот,

12/04/2026
Македонија

ВЕТЕР СО НАД 60 KM/ЧАС И ПРОМЕНЛИВО ВРЕМЕ Почетокот на

12/04/2026
Македонија

Метео аларм: Силен ветер долж Повардарието со над 60 км/ч

12/04/2026
Македонија

Обид за опожарување на Еврејската заедница и синагогата во Скопје

12/04/2026
Македонија

ЈАНЕЗ ЈАНША ВО ЖЕСТОК ДУЕЛ СО МАКЕДОНКАТА СТОЈМЕНОВА ДУХ Кој

12/04/2026
Македонија

5 ВОЗАЧИ ДИВЕЕЛЕ НА ПАТИШТАТА Фатени за безобѕирно возење, без

12/04/2026
Македонија

ЦИКЛОНОТ ОД ЏЕНОВА ЌЕ ДОНЕСЕ ПРОМЕНЛИВО ВРЕМЕ По празниците нè

12/04/2026
Македонија

МЕРКАТА ЗА САМОВРАБОТУВАЊЕ ВО ПОДЕМ КАЈ МЛАДИТЕ Речиси 1.900 бизниси

12/04/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42416
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Филипче остро по падот на Орбан: ВМРО-ДПМНЕ го изгуби сојузникот, нема веќе криење за Груевски!

12/04/2026

Лидерот на опозициската СДСМ, Венко Филипче, преку социјалните мрежи упати силна реакција по повод историскиот пораз на долгогодишниот унгарски премиер

ВЕТЕР СО НАД 60 KM/ЧАС И ПРОМЕНЛИВО ВРЕМЕ Почетокот на неделата со сонце, па дожд

12/04/2026

Времето во понеделник, 13 април, ќе биде сончево со умерена облачност. Ќе дува умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен

Метео аларм: Силен ветер долж Повардарието со над 60 км/ч

12/04/2026

За утре (13 април 2026 година) е издадено метеоролошко предупредување поради најава за засилени воздушни струења и силен ветер во

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy