
КОЛКУ СЕ „БОГАТИ“ БАЛКАНСКИТЕ ПЕНЗИОНЕРИ, СПОРЕДБА ВО РЕГИОНОТ – еве каде се македонските на листата
Пензионерите во Србија живеат тежок живот со оглед на тоа што цените на основните прехранбени производи се превисоки, а пензиите прениски, пишува српскиот медиум Нова.рс.
Кога би го гледале просекот, на пример, половина од приходите на пензионерите од Белград би оделе само на сметките, а тешко е да се замисли како им е на оние кои примаат минимална сума. Сепак, постарите сограѓани во Србија не се на дното на скалилата во регионот по висината на пензиите.
Просечната пензија што ја добиваат највозрасните граѓани на Србија изнесува 39.874 динари (340 евра), а на сите им е јасно колку е мала оваа сума за сите животни трошоци што треба да се подмират во текот на еден месец.
Висината на минималната пензија е уште помизерна, која изнесува само 20.631 динар (176 евра), а со високите цени на основните прехранбени производи, месечните комуналии и другите трошоци, јасно е дека никако не е доволна за живот.
Со оглед на тоа што во јануари пристигнува покачувањето на пензиите од 14,8 отсто, овој минимален приход на највозрасните сограѓани ќе изнесува 23.684 (202 евра), што се уште е недоволен.
Оние кои примаат просечна пензија од јануари ќе можат да сметаат на сумата од 45.775 динари (390 евра).
Од Нова.рс решиле да ја проверат состојбата во регионот, односно какви се пензиите во соседството.
Во Црна Гора минималната сума моментално е близу 300 евра, што е за 124 евра повеќе отколку во Србија.
Црногорската влада најави зголемување на минималната пензија во јануари, а според тие најави, оваа сума од следната година ќе изнесува 450 евра, што ќе биде за 248 евра повеќе од зголемената минимална пензија во Србија.
Што се однесува до просечната пензија, таа во соседна Црна Гора е 425 евра, значи 85 евра повеќе од Србија, а кога српските пензионери ќе добијат покачување, Црногорците сепак ќе добиваат 35 евра повеќе месечно.
Што се однесува до Босна и Херцеговина, официјалните податоци велат дека минималната ноемвриска пензија во Федерацијата, која тогаш беше зголемена, изнесувала 445,65 конвертибилни марки или 228 евра, што е за 52 евра повеќе од Србија.
Во истиот месец просечната пензија во Федерацијата изнесуваше 247,31 евра (482,75 км), а тоа е помалку од Србија за околу 93 евра, а со зголемувањето што ќе ги следи српските пензионери, во јануари тие ќе бидеме „во предност“ за околу 143 евра.
Во Република Српска, овогодинешната минимална пензија изнесува 141,03 евра (275,29 км). Од друга страна, просекот е 277 евра (241,36 км), 99 помалку отколку во Србија.
Според официјалните најави, пензиите во Република Српска ќе се зголемат за 10 отсто и затоа минималниот износ треба да биде 155, а просечната 295 евра.
Летово во Хрватска беа зголемени и пензиите за највозрасните граѓани, па најниската пензија достигна 346,79, а просечната 508,26 евра.
Така, во споредба со Србија, хрватските пензионери имаат и во двата случаи повисоки примања за околу 170 евра.
Исто така, следното усогласување ќе следи во јануари, кога пензиите ќе бидат зголемени за 8,2 отсто, па минималниот ќе биде околу 375 евра, додека оние кои имаат просечна пензија ќе можат да сметаат на нови месечни примања кои ќе бидат 550 евра.
Пред неколку месеци, во септември 2023 година, пензиите во Северна Македонија беа зголемени за 8,4 отсто, а претходно незадоволните пензионери протестираа за мизерните пензии. По покачувањето, минималната пензија „се искачи“ на 215 евра, што е сепак повисока од Србија.
Просечната пензија, пак, е околу 330 евра, нешто помалку отколку во Србија.
Во европските земји пензиите се драстично повисоки отколку во Србија.
На пример, самците во Австрија добиваат во просек по 1.100 евра месечно, а оние кои живеат со партнер 1.750. Просечната пензија во Германија изнесува речиси 1.400 евра, а во Холандија уште повеќе – 1.800.
Нова.рс