Koлку парчиња оружје предадоа Србите досега?
Граѓаните на Србија досега предале повеќе од три илјади парчиња оружје.
Српскиот претседател Александар Вучиќ ја соопшти информацијата. Тој денеска за телевизија Пинк изјави дека граѓаните на Министерството за внатрешни работи му предале и десетици илјади парчиња куршуми и експлозивни средства.
„Тоа е добра вест, бидејќи ризикот е многу помал за граѓаните на Србија. Сега добивам писма во кои ми велат дека не убива оружјето, туку злосторничкиот ум, но очигледно не можеме веднаш да откриеме кои се тие умови, затоа ова е важна акција и добро е што ја започнавме оваа акција“, рече Вучиќ.
Минатата недела во Србија имаше два масакри. Едниот се случи во училиште во Белград, а другиот во Младеновац. Првиот извршител на маскарот е ученик на возраст од 13 години, а вториот е момче на возраст од 20 години. Србија затоа се разоружува, а оние кои нема да го предадат нелегалното оружје, ризикуваат да добијат строги затворски казни.