
Колку граѓани се потпишаа на петицијата за одземање на дозволите на Пинк и Хепи?
Повеќе од 438.000 граѓани бараат гасење на српските ТВ Пинк и Хепи. Тие велат дека треба да им се застане на патот на тие „гадости“.
Онлајн петицијата адресирана до Оливера Зекиќ, претседателка на Советот на РЕМ (Регулаторно тело за електронски медиуми) во Србија, собра над 438.000 потписи, со кои граѓаните бараат да им се одземе дозволата на телевизиите Пинк и Хепи. Петицијата која ја покрена,,Крени – Промени” и Здружение за заштита на уставноста и законитоста, беше објавена пред 11 месеци, но не привлече големо јавно внимание. Но, по случувањата со масовните убиства кои се случија во Србија месецов, за помалку од две недели тие собраа скоро половина милион потписи. По двата масакри, имаше повеќе закани за напади и инциденти во Србија. Граѓаните се исплашени поради бранот насилства.

