Колку долго траел катастрофалниот скопски земјотрес од 1963 година?
Од потресот биле урнати 15.800 станови, а оштетени 28.000. Над 200.000 луѓе останале без покрив над главата. Под урнатините животот го загубиле 1.070 негови граѓани, а биле повредени над 4.000 граѓани.
Во својата долга историја, градот Скопје повеќе пати пропаѓал и одново се раѓал. На просторот помеѓу селата Злокуќани и Бардовци постоел град Скупи, метропола на провинцијата Дарданија. Овој римски град во 518-та година бил наполно разурнат од земјотрес. Тогаш во провинцијата Дарданија биле урнати 24 градски тврдини. Јачината на овој земјотрес изнесувала 10 – 11 степени. Катастрофалниот земјотрес наполно го уништил Скупи. За време на потресот биле создадени многу пукнатини во земјиштето. Од околните ридови се урнале големи маси карпи. Скопје потоа бил изграден на денешното место.
Македонија, поточно регионот околу реката Вардар, е зона со висока сеизмичка активност. Во историјата Скопје два пати бил целосно разрушен од земјотреси: во 518-та година кога бил уништен Скупи, и во 1555-та година.
На 26-ти јули 1963-та година во 5:17 часот, Скопје било разурнато од земјотрес со 9 степени по Меркалиевата скала (6,1 според рихтеровата сеизмичка скала), а помали потреси имало до пет часот и 43 минути.
Земјотресот во 1963-та година траел 20 секунди.