
Колкави се платите во најбогатата земја на светот?
Луксембург е најбогата земја во светот. Минималната плата е нешто повеќе од 2.300 евра месечно, односно највисока во Европската Унија(ЕУ), а просечната плата е нешто помала од 5.500 евра.
Луксембург има и најниска стапка на невработеност во Европа веќе 40 години, а во 2005 година беше дури на 92. место на списокот на најбогати земји на Светскиот економски форум.
Втората држава на списокот е Сингапур. Таа нема природни ресурси, но нуди поволности за странските инвеститори и е глобален финансиски центар.
На листата со години наназад неколку држави се на врвот.
Список на 15 најбогати земји во светот:
Луксембург
(Население: 625.978; БДП по жител (ПКП): 131.045 евра)
Сингапур
(Население: 5.850.342; БДП по жител (ПКП): 122.656 евра)
Ирска
(Население: 4.937.786; БДП по жител (ПКП): 116.146 евра)
Катар
(Население: 2.881.053; БДП по жител (ПКП): 105.130 евра)
Швајцарија
(Население: 8.654.622; БДП по жител (ПКП): 78.909 евра)
Обединети Арапски Емирати
(Население: 9.890.402; БДП по жител (ПКП): 72.941 евра)
Норвешка
(Население: 5.421.241; БДП по жител (ПКП): 72.524 евра)
Соединети Американски Држави
(Население: 331.002.651; БДП по жител (ПКП): 70.862 евра)
Брунеи
(Население: 437.479; БДП по жител (ПКП): 69.861 евра)
Сан Марино
(Население: 33.931; БДП по жител (ПКП): 65.374 евра)
Данска
(Население: 5.792.202; БДП по жител (ПКП): 64.567 евра)
Холандија
(Население: 17.134.872; БДП по жител (ПКП): 63.914 евра)
Австрија
(Население: 9.006.398 БДП по жител (ПКП): 60.352 евра)
Исланд
(Население: 341.243; БДП по жител (ПКП): 60.231 евра)
Андора
(Население: 77.265; БДП по жител (ПКП): 59.279 евра)
Фото: Pexels/Dylan Leagh