Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 КОИ СЕ СКРОМНИТЕ АКЦИОНЕРИ КОИ ЌЕ ЈА ЧУВААТ И РЕИНВЕСТИРААТ ЛАНСКАТА ДОБИВКА ОД ДВА МИЛИОНИ ЕВРА – еве колкава дивиденда ќе дели „Фершпед“
Економија

КОИ СЕ СКРОМНИТЕ АКЦИОНЕРИ КОИ ЌЕ ЈА ЧУВААТ И РЕИНВЕСТИРААТ ЛАНСКАТА ДОБИВКА ОД ДВА МИЛИОНИ ЕВРА – еве колкава дивиденда ќе дели „Фершпед“

30/04/2024

AA

Ланската добивка беше навистина солидна, а како таа ќе се дели ќе одлучат акционерите на „Фершпед“ на 31 мај оваа година.

Од компанијата стигна предлог како да се распредели ланската добивка, и од неа нема да се дели дивиденда, но затоа дивиденда ќе се подели на акционерите од нераспределени акумулирани добивки кои биле остварени во минати години. 

Па така, ланскиот чист профит на „Фершпед“ изнесувал нешто повеќе од два милиони евра, што е одличен резултат, но компанијата покажува дека мисли на својата стабилност и перспективи, па затоа поголемиот дечл ќе го чува во форма на нераспределена акумулирана добивка, додека, пак, еден исто така значаен паричен дел ќе биде наменет за инвестиции во компанијата. 

Така прават компании кои мислат на својата иднина и перспективи за развој.

Но, тоа не значи дека акционерите нема да земат дивиденда, а таа ќе биде во вкупен износ од близу 200 илјади евра или прецизно 191 илјади евра во бруто износ, а изворот на овие средства е акумулирана нераспределена оданочена
добивка на друштвото од минати години.

 
Дивидендата во бруто износ по акција ќе изнесува 720 денари, а ќе се исплатува во готово, на трансакциските сметки на
акционерите. 

Датумите за исплата на дивиденда се утврдуваат по следниот дивиденден
календар, и тоа п
оследен ден на тргување со право на дивиденда е 17 јуни, прв ден на тргување без право на дивиденда 18 јуни, а датумот на евиденција според кој се определува листата на
акционери кои имаат право надивиденда е 19 јуни.

Од компанијата објавија дека дивидендата ќе се
исплати во законски предвидениот рок, а најдоцна до 30 септември 2024 година.

Највисока сума на дивиденда ќе добие акционерот „Макошпед“, компанија која има најголем сопшственички удел во „Фершпед“ од 19,65 отсто, или тоа значи дека оваа компанија би требало да земе бруто дивиденда од околу 38 илјади евра.

Втор по големина акционер е Драган Наков, кој е воедно и прв извршен човек на компанијата, а кој согласно со својот акционерски пакет од 11,83 отсто ќе добие нешто помалку од 23 илјади евра дивиденда.

Додека, пак, неговиот брат Сашо Наков, клој располага со 11,04 отсто од акциите, би добил дивиденда од 21 илјади евра.

Чоколадната фабрика „Европа“ има 9,66 отсто од акциите, што значи би инкасирала на име на дивиденда сума од 18 и пол илјади евра. 

Акции имаат и 225 домашни физички лица кои поседуваат вкупно 24,д8 отсто од акциите и сразборно на тоа вкупно би зеле 46 и пол илјади евра.

Н.Н.Ф.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Претреси на 32 локации во Скопје, се истражува сомнение за

11/09/2026
Македонија

МНР: 25 години од 11 Септември, Македонија стои со САД

11/09/2026
Македонија

МВР со детали за пожарот во Шуто Оризари: Опожарени над

11/09/2026
Македонија

Поднесена кривична пријава за убиството на 26-годишникот во Скопје, осомничени

11/09/2026
Македонија

Новиот клинички центар ќе биде кај „Борис Трајковски“, се разгледуваат

11/09/2026
Македонија

Савески за „Пулс“: Роковите за притвор мора да се почитуваат,

11/09/2026
Македонија

Во тек е полициска акција: Претреси поради сомнежи за фалсификувани

11/09/2026
Македонија

Мицкоски за укинувањето на пресудата за „Ласкарци“ и Јакимовски: Вие

11/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45643
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Претреси на 32 локации во Скопје, се истражува сомнение за фалсификување исправа

11/09/2026

Претреси на вкупно 32 локации во Скопје се вршат денеска во рамки на полициска акција, информира Основното јавно обвинителство Скопје.

МНР: 25 години од 11 Септември, Македонија стои со САД во борбата против тероризмот

11/09/2026

Дваесет и пет години по терористичките напади од 11 Септември, Македонија им оддава почит на жртвите и на оние кои

МВР со детали за пожарот во Шуто Оризари: Опожарени над 20 дуќани со текстилна и

11/09/2026

На 11.09.2026 околу 03:20 часот во СВР Скопје е пријавено дека во трговски центар на подрачјето на Шуто Оризари, биле опожарени

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy