Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 КОИ СЕ ОСНОВНИТЕ ПРОДУКТИ ЗА ЧЕТИРИЧЛЕНО СЕМЕЈСТВО?! Синдикатите бараат раст на платите, работодавците промена на минималната кошницата
Економија

КОИ СЕ ОСНОВНИТЕ ПРОДУКТИ ЗА ЧЕТИРИЧЛЕНО СЕМЕЈСТВО?! Синдикатите бараат раст на платите, работодавците промена на минималната кошницата

15/02/2025

AA

Минималната или синдикалната кошница која ја изработува Сојузот на синдикатите на Македонија, откако тоа престана да го прави Државниот завод за статистика, деновиве е ставена во фокусот на јавноста, поради негодувањето од власта што содржи и дали пресметките се реални. Темата за кошницата започна од последниот Економско-социјален совет на кој немаше договор за зголемување на минималната плата. На предлог на Организацијата на работодавачи треба да се направи официјална потрошувачка кошничка која ќе биде формирана од страна на неколку членови од различни институции. 

– Сметаме дека таа ќе биде официјална, институционална потрошувачка кошница која ќе ги земе предвид сите потрошувачки елементи кои се релевантни. Се стремиме кон Европска унија и она што го истражувавме минатиот период беше дека Европската комисија нема директива по однос на потрошувачката кошница и дека секоја држава во регионот и во Европа има и синдикална и кошница што ја формираат институциите и тие се разликуваат драстично – изјави по средбата претседателката на ОРМ Владинка Трајковска. 

Од ССМ, кои од 2010 година ја изработуваат синдикалната потрошувачка кошничка, остануваат на ставот дека нивната пресметка е релеватна и одговара на реалните потреби на граѓаните. Формирањето на ново тело кое ќе ги прави пресметките го гледаат како обид да се минимизираат синдикатите и да не се зголемат минималната и останатите плати. 

– Она што го критикуваат во нашата кошничка е минимално пресметано, 25 грама цреши денеска можеме да поделиме со семејството, една чаша кока -кола и една чаша сок од портокал. Со 730 денари во текот на денот не може да купите ни четири бурека, ни четири јогурта, а не појадок, ручек или вечера – изјави претседателот на ССМ Слободан Трендафилов.

Ако се споредат пресметките што ги прави Сојузот на синдикати и она што го правеше Државниот завод за статистика може да се забележи дека се речиси исти производите што влегуваат во потрошувачката кошничка. 

И двете кошнички ги содржат основните прехранбени производи како леб, брашно, тестинини, ориз, шеќер, кафе, какао, јајца, млеко, вино, пиво, безалкохолни и алкохолни пијалоци, кутија цигари, млеко, кисело млеко, јогурт, сирење и други млечни производи.

Во делот на овошјето, во пресметките на Државниот завод за статистика ставени се јаболкото, крушите, црешите, грозје, кајсиите и праските, тропското овошје, лубеницата и дињата и преработките од овошје, а истите овошја се сретнуваат и кај синдикалната потрошувачка кошничка со тоа што наместо тропско овошје посочени се бананите, лимонот и портокалите. Иста е ситуацијата и кај зеленчукот, месото и рибата. 

Од Конфедерацијата на слободни синдикати (КСС) велат дека нема да навлегуваат во тоа дали е потребна нова потрошувачка кошница, но според нив треба да се покачат платите согласно колективните договори. 

– Ние се водиме од порастот на трошоците на живот според Државниот завод за статистика. Нашиот предлог е да се направи кошница со основни продукти за храна и пијалоци и тие да се држат под контрола. Дали треба да има нова кошница или не, не навлегуваме во разговор, но нашиот став е дека треба да се покачат платите согласно колективните договори и тоа го бараме секогаш – посочи претседателот на КСС Благоја Ралповски. 

Професорот Борче Треновски од Економскиот факултет во Скопје посочува дека потребно е да се направи отворена дискусија за системот на подготовка, да биде јавно презентирана, заснована на заеднички прифатлива методологија и да го одразува реалниот стандард на граѓаните.

– Секоја кошничка или алатка, која на било кој начин е поврзана со стандардот на граѓаните и нивните примања (минимална плата, пензија итн ), треба да биде подготвена на транспарентен начин, врз заедничка прифатена методологија, да го одразува реалниот стандардот на граѓаните во конкретната земја/регионот. Сите сакаме повисок стандард, но можностите се лимитирани и не треба да има никаков сомнеж и дилема околу нејзината улога и висина. Затоа голем дел од пресметката на овие кошнички во другите земји го прават државните заводи за статистика или институции кои имаат континуиран пристап до потребните податоци и го имаат потребниот капацитет, кредибилитет и експертиза за нивно редовно и одржливо пресметување – вели Треновски.

Според него, важно е и на граѓаните да им се презентира зошто се разликуваат и што одразуваат различните кошници (минимални, просечни, синдикални…)

Министерот за економија и труд Бесар Дурмиши очекува до крајот на месецов да биде готова методологијата по која ќе се пресметува потрошувачката кошница.

Во телевизиско гостување, Дурмиши соопшти дека веќе е одржан еден состанок во Министерството за економија на кој присуствувале претставници од  министерствата за финансии и за земјоделство, Царината, Државниот завод за статистика и Пазарниот инспекторат и дека ќе следуваат уште неколку состаноци по што новата методологија ќе биде презентирана на седница на Економско-социјалниот совет. 

Синдикалната потрошувачка кошничка се изработува од 24 февруари 2010 година, а дванаесет години подоцна констатирани се низа недоследности поради што ССМ во консултација со економски ескперти изработи новата методологија за пресметка на минималните месечни трошоци. 

Од Сојузот на синдикати на Македонија велат дека делот со храна и пијалоци е преземен од Државниот завод за статистика и ги содржи истите 63 производи што ги имала синдикалната потрошувачка кошница и во 2010 година и во 2023 година. 

– Сметавме дека ревизијата на потрошувачката кошница треба да е креирана врз основа објективна, независна и транспарентна методологија усогласена со меѓународните стандарди и препораки се со цел да се дизајнира потрошувачка кошница која би ја одразувала реалната слика на структурата на потрошувачката на домаќинствата во Македонија, се вели во публикацијата објавена минатата година по повод новата методологија на пресметка на синдикалната потрошувачка кошничка.

Синдикалната кошница опфаќа трошоци на семејство со двајца родители и две деца ученици кои живеат во сопствен стан од 60 квадрати. Семејството, како што е наведено во публикацијата, ги купува само основните прехранбени производи и притоа прават споредба со производите барајќи ги оние со пониски цени. 

– Можат да си ги дозволат само основните производи за домаќинството. Кога купуваат облека секогаш предимство им даваат на производите кои имаат попуст. Поседуваат еден мал автомобил, а повозрасното дете има и месечен билет за автобуски превоз. Сите членови на семејството се здрави и користат главно превентивни или најнеопходни здравствени услуги. Не можат да си дозволат да јадат во ресторани, единствено два пати месечно можат да си дозволат храна од сендвичара и одат на одмор во бунгалов во Дојран 7 дена во јуни, се наведува во публикацијата. 

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Филипче остро по падот на Орбан: ВМРО-ДПМНЕ го изгуби сојузникот,

12/04/2026
Македонија

ВЕТЕР СО НАД 60 KM/ЧАС И ПРОМЕНЛИВО ВРЕМЕ Почетокот на

12/04/2026
Македонија

Метео аларм: Силен ветер долж Повардарието со над 60 км/ч

12/04/2026
Македонија

Обид за опожарување на Еврејската заедница и синагогата во Скопје

12/04/2026
Македонија

ЈАНЕЗ ЈАНША ВО ЖЕСТОК ДУЕЛ СО МАКЕДОНКАТА СТОЈМЕНОВА ДУХ Кој

12/04/2026
Македонија

5 ВОЗАЧИ ДИВЕЕЛЕ НА ПАТИШТАТА Фатени за безобѕирно возење, без

12/04/2026
Македонија

ЦИКЛОНОТ ОД ЏЕНОВА ЌЕ ДОНЕСЕ ПРОМЕНЛИВО ВРЕМЕ По празниците нè

12/04/2026
Македонија

МЕРКАТА ЗА САМОВРАБОТУВАЊЕ ВО ПОДЕМ КАЈ МЛАДИТЕ Речиси 1.900 бизниси

12/04/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42416
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Филипче остро по падот на Орбан: ВМРО-ДПМНЕ го изгуби сојузникот, нема веќе криење за Груевски!

12/04/2026

Лидерот на опозициската СДСМ, Венко Филипче, преку социјалните мрежи упати силна реакција по повод историскиот пораз на долгогодишниот унгарски премиер

ВЕТЕР СО НАД 60 KM/ЧАС И ПРОМЕНЛИВО ВРЕМЕ Почетокот на неделата со сонце, па дожд

12/04/2026

Времето во понеделник, 13 април, ќе биде сончево со умерена облачност. Ќе дува умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен

Метео аларм: Силен ветер долж Повардарието со над 60 км/ч

12/04/2026

За утре (13 април 2026 година) е издадено метеоролошко предупредување поради најава за засилени воздушни струења и силен ветер во

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy