Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Кои се македонски кралеви на обувките? Продадоа патики и чевли за 58 милиони евра!
Економија

Кои се македонски кралеви на обувките? Продадоа патики и чевли за 58 милиони евра!

29/06/2023

AA

Шест компании чија претежна или исклучива дејност е продажба на обувки лани направија агегатен приход од 58 милиони евра. Ова е значаен дел од целата продажба на патики, чевли и други обувки во Македонија. Голем бизнис за земја со помалку од 1,8 милиони жители…!

Колку трошиме за чевли годишно? Прашање на кое никој не може да го даде точниот одговор. Чевли, патики, потпетици…. потреба, моден детал, статусен симбол, а за многумина моден фетиш. Во земјава има повеќе лани на малопродажни места специјализирани за обувки предмети изработени од кожа (поконкретно ташни, каиши и други аксесоари). Од нив дури седум компании лани оствариле приходи кои надминуваат еден милион евра.

Познатиот спортски бренд „Спорт Висион“ е убедливо компанија со најголемо пазарно учество во сегментот на трговија на мало со обувки во специјализирани продавници. Скопската компанија, која е во сопственост на „Спорт Висион ДОО“ од Бјелина, Репубика Српска лани оставрила приход од 27,5 милиони евра. Ова друштво на нашиот пазар е убедливо и најуспешната компанија. Нејзината добивка лани изнесува 3,1 милиони евра.

Најголем конкурент на „Спорт Висион“ во земјава е „Спорт М“ ланец на продавници за спортска опрема со седиште во Скопје. Лани ова друштво кое вработува речиси 200 лица остварило приход од продажба вреден над 14 милиони евра, а добивка од половина милион евра.

Прочуениот „Пеко“ е на трето место по остварените продажби во конкуренција на најголемите седум компании од оваа дејност. Инаку е најголема компанија специјализирана за продажба на обувки во Македонија. Фирмата лани остварила приход од 5,8 милиони евра. Добивката лани изнесува 193.000 евра. „Пеко“ лани вработувал 60 лица.

Во конкуренција на најголеми продавачи на чевли и патики е Делта Спорт подружница на српската фирма „ЃАК Белград“ со приход од 5 милиони евра што е за 18 отсто подобар резултат од претходната година. Добивката на друштвото е 390.000 евра. Друштвото во Македонија вработува 64 лица.

„Скатер КМ“ е компанијата која работи под пазарниот бренд „Офис шуз“и продава бројни светски трговски марки чевли. Приходот што го оствариле нејзините 32 враотени изнесува 3,9 милиони евра. Добивката лани изнесува 463.000 евра.

„Фади и Мат“ е скопска фирма чии сопственици се Фаредин Исмаили и Хајредин Исмаиљи. На нашиот пазар се познати како продавачи на брендовите „Мат стар“.Нивната компанија остварила приход од 1,7 милиони евра и добивка од 132.000 евра.

Р.Ф.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Син го истепал татка си во Штип!

09/04/2026
Македонија

ОСВЕН БУЧАВАТА, ДИСКОТЕКИТЕ И КАФЕ-БАРОВИТЕ НЕМААТ ВЛИЈАНИЕ ВРЗ ЖИВОТНАТА СРЕДИНА

09/04/2026
Македонија

Трактор излетал од патот во Смоквица и паднал во речното

09/04/2026
Македонија

Трагедија во Богданци, загина тракторист!

09/04/2026
Македонија

Костадиновски: Нека бидат спокојни граѓаните никој нема да го чепне

09/04/2026
Македонија

НА МАЈЧИН МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК ДА ОБЈАВИМЕ „ХРИСТОС ВОСКРЕСНА“ Пасхално послание

09/04/2026
Македонија

Пет приведени за семејно насилство во последното деноноќие

09/04/2026
Македонија

Сѐ помалку млади, сѐ повеќе стари во Македонија – алармантни

09/04/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42300
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Син го истепал татка си во Штип!

09/04/2026

СВР Штип поднесе кривична пријава против Ѓ.Б.(35) од Штип поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешка телесна

ОСВЕН БУЧАВАТА, ДИСКОТЕКИТЕ И КАФЕ-БАРОВИТЕ НЕМААТ ВЛИЈАНИЕ ВРЗ ЖИВОТНАТА СРЕДИНА Инспекторката утврдила дека „Пулс“ работи

09/04/2026

Инспекторка за животна средина во Општина Кочани во 2022 година утврдила дека дискотеката „Пулс“ работи под друго правно лице, но

Трактор излетал од патот во Смоквица и паднал во речното корито на река Мешкавица, возачот

09/04/2026

На 08.04.2026 во 09:15 часот вo ОВР Гевгелија е пријавено дека на ул.„Костадин Зупов“ во с.Смоквица, гевгелиско, трактор „Тома Винковиќ“

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy