Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Кои се бизнисмените кои ќе менаџираат со „Македонско село“?
Економија

Кои се бизнисмените кои ќе менаџираат со „Македонско село“?

19/06/2025

AA

Бобан Стојановиќ и Христијан Милковски се скопските бизнисмени кои ќе менаџираат со комплексот „Македонско село“ во Горно Нерези на Водно, кој што Службата за заеднички и општи работи на Владата повторно го даде под концесија.

Двајцата бизнисмени на 10 јуни ја основале фирмата „ХСХ Вилиџ Груп Скопје“ на адресата каде што е „Македонско село“ со дејност хотелско сместување, а Стојановиќ е управител на новоформираното друштво.

СОЗР претходно ja прифати понудата за концесија од 15 години на ХСХ Груп ДОО Скопје, познати во угостителскиот сектор по локалот „Ла тераца“ на скопскиот Плоштад „Македонија“ и по истоимениот хотел во Дојран. Ова друштво за производство, угостителство, трговија и услуги постои од мај 2012 година. Основано е од Оливера Милковска, која е мнозински сопственик, а содружник и управител е Саша Ќипровски. 

На државата ќе и плаќа месечен надомест од 3.500 евра. Изборот е направен по пат на електронско јавно наддавање, преку системот со кој управува и оперира Министерството за финансии..

За директорот на Службата за општи и заеднички работи Ивица Томовски нема ништо спорно во тоа што е формирана уште една фирма. Поради состојбата на запуштеност и потребата од реновирање, концесионерот од септември ќе стартува со плаќање на закупнината.

– Ние потпишавме договор со фирмата која е веќе позната во јавноста по „Ла тераца“, а понатаму како тие меѓусебно ќе ги уредуваат односите не е спорно за нас. За нас најважно е да се почитуваат обврските од концесијата, а во знак на добра волја на концесионерот му дадовме неколку месеци период да го досреди местото без да плаќа за тој период, ни рече Томовски.

По седум години неработење и затворени врати, комплексот „Македонско село“ кое е лоцирано на падините на планината Водно во Горно Нерези, ќе биде одново отворен за посетители на 23 јуни. Денеска претпладне ќе биде официјално предаден на новиот концесионер.

Mесечнаta кирија од 3.500 евра плаќаше и претходниот закупец хотел „Квинс“ и „Тинекс“ на ексградоначалникот на Општина Центар Владимир Тодоровиќ, кои во јануари 2016 го добија под концесија од 20 години, но во октомври 2018 престанаа со работа бидејќи, како што соопштија, работеле со загуба и во договорот дека имало таква опција за раскинување.

Според официјалните податоци, Владата во изградба на селото вложи 5,2 милиони евра. Дополнителни 1,3 милиони евра беа потрошени за внатрешно уредување. 

A.K

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДАЛИ СО ПОТКУПОТ ОД ДАКА ЗАЕВ ИНВЕСТИРА ВО ПЛАНТАЖИ ВО

11/04/2026
Македонија

ТАЧЕ ПРИЗНА КАДЕ Е СЕГА СДСМ „Од четврто или петто

10/04/2026
Македонија

СЛЕДУВА ПРИЈАТЕН ВЕЛИГДЕНСКИ ВИКЕНД Навечер дожд, преку денот сонце и

10/04/2026
Македонија

ПОЛИЦИЈАТА УПОРНО АПСИ, НЕСОВЕСНИ УПОРНО ВОЗАТ ПИЈАНИ И БЕЗ ВОЗАЧКА

10/04/2026
Македонија

Официјално: Со возачка дозвола од „Б“ категорија ќе може да

10/04/2026
Македонија

СКОПЈАНЕЦ СНИМАЛ ВО КАСАРНАТА ВО ТЕТОВО Полицијата му поднесе кривична

10/04/2026
Македонија

Голема мечка снимена од безбедносни камери во селото Горна Белица

10/04/2026
Македонија

НИЕДНА ПАРТИЈА НЕ БИЛА ТОЛКУ ПРОГОНУВАНА ОД СОРОСОИДНАТА ПРАВДА КАКО

10/04/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42364
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДАЛИ СО ПОТКУПОТ ОД ДАКА ЗАЕВ ИНВЕСТИРА ВО ПЛАНТАЖИ ВО АФРИКА? Обвинителството да го истражи

11/04/2026

Колкав процент добил Зоран Заев од прорускиот бизнисмен Миодраг Давидовиќ Дака за ДУП-от во Тетово, дали парите од поткупот Заев

ТАЧЕ ПРИЗНА КАДЕ Е СЕГА СДСМ „Од четврто или петто место треба да се вратиме

10/04/2026

СДСМ веќе не се бори за првото место од втората позиција, туку се соочува со многу посериозен предизвик за враќање

СЛЕДУВА ПРИЈАТЕН ВЕЛИГДЕНСКИ ВИКЕНД Навечер дожд, преку денот сонце и северозападен ветер

10/04/2026

Времето утре ќе биде променливо облачно со сончеви периоди во текот на денот, најави Управата за хидрометеоролошки работи. Ќе има

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy