Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 КОГА НАФТЕНИОТ ГИГАНТ ПОКАЖУВА ЗОШТО Е ЛИДЕР НА ПАЗАРОТ – „Макпетрол“ го вивна профитот на 8 милиони евра за шест месеци, еве колку е растот во однос на лани
Економија

КОГА НАФТЕНИОТ ГИГАНТ ПОКАЖУВА ЗОШТО Е ЛИДЕР НА ПАЗАРОТ – „Макпетрол“ го вивна профитот на 8 милиони евра за шест месеци, еве колку е растот во однос на лани

01/08/2024

AA

Кога една акција постојано расте,
има и зошто. Кога одредена компанија е прогласена за гигант во својата област,
тоа не е случајно. Големите акционерски друштва од берзанскиот индекс МБИ10 покажуваат
дека знаат како се работи, и како тоа резултира со одлична профитабилност. Тоа
е евидентно сега, кога компаниите ги испраќаат своите извештаи за шестмесечното
работење од годинава до инвеститорската јавност преку Македонската берза.

Многумина го очекуваа Билансот на
успех на нафтениот гигант „Макпетрол“, а имаше и зошто. Тој говори дека во
првото полугодие од годинава компанијата има добивка пред оданочување од близу
8 милиони евра и чист профит од дури 7,2 милиони евра. Или, ако сакаме да
правиме споредби, тоа е за дури 42 проценти повеќе од добивката остварена во
истиот период од минатата година.

А, во своето образложение на финансискиот резултат, од ова акционерско
друштво многу прецизно образложуваат што доведе до овој повеќе од одличен раст
на добивката. И, што е уште поважно, сето тоа е остварено во услови во кои во првото
полугодие од годинава,
економијата на земјава се
наоѓа во незавидна ситуација поради скромниот раст, високата инфлација,
политичките предизвици и надворешните глобални неизвесности и конфликти.

„Локалното
и глобалното опкружување неминовно влијаеа и врз работењето на ‘Макпетрол’, но како резултат на посветеноста и
ангажираноста на раководството
и вработените, друштвото
обезбеди непрекинато снабдување на македонскиот пазар со високо квалитетни
нафтени деривати и природен гас “,
се вели во образложението од компанијата
.

Колкави приливи оствари нашата
лидерска нафтена компанија во првото полугодие? Вкупните приходи на „Макпетрол“
во првите шест месеци се на ниво од импозантни 234 милиони евра, што е раст за
3,47 отсто во однос на истиот период
лани.

Во структурата на приходите,
најголем удел со 98,7 отсто
имаат приходите од продажба, од кои 97,5 проценти се остварени преку продажба на домашен пазар,
а само 1,2 отсто се
остварени на странски
пазар, и тоа од извоз
на млазно гориво.

Од компанијата објаснуваат дека растот на приходите,
споредбено со минатата година, во најголем дел се должи на зголемените приходи
на мало за 10,1 отсто, а
истите учествуваат со 90
проценти
во приходите од продажба.

„Главна
причина за зголемувањето на приходите на мало е лидерската позиција на
малопродажниот пазар на деривати каде се зголеми количествениот промет за отсто. Друштвото го прошири и малопродажниот асортиман кој се нуди на
бензинските станици, а прометот со тоа се
зголеми за 17 отсто“, велат од
компанијата.

Наспроти нив приходите од
големопродажниот сегмент бележат пад од 33,4 отсто, во најголем дел поради намалениот промет
со млазно гориво и природен гас.

На расходната страна, пак, вкупните расходи се во висина
од 226 милиони евра, што ње зголемување
во однос на истиот тајминг лани за 2,49 отсто.

„Растот
во најголем дел се должи на зголемените расходи за набавна вредност на трговски
стоки од 1,97 отсто,
поради зголемениот количествен промет со нафтени деривати во споредба со мината
година “, објаснија од компанијата.

Расходите за набавна
вредност на трговски стоки, односно набавните цени, се расходи врз кои друштвото има лимитирано влијание. Тоа се должи на регулирањето на најголем дел од
набавните цени на нафтените деривати.

Или, сето ова придонесе „Макпетрол“
да го заврши првото полугодие со до
бивка
пред оданочување во износ од
7,9 милиони евра, која
е поголема за 42,71
отсто од
остварената добивка за
лани истиот период, односно 7,2 милиони евра после
плаќањето на корпоративниот данок.

А, она што треба да се истакне е
дека
позначајно
зголемување постои и кај трошокот за плати, кој е зголемен како резултат на
зголемувањето на бројот на вработени
, но
и зголемувањето на минималната плата.
Или, билансот на успех говори дека
ставката за трошоци а вработените е 13,7 милиони евра, што е раст за 7 отсто во
однос на истиот период лани.

Премиите за осигурување исто
така бележат позначајно зголемување поради доброволното приватно здравствено
осигурување, каде биле
осигурени сите вработени.Вработените
добиле и награди, односно во јуни се поделени близу два милиони евра од
годишната добивка за 2023 година, а во
јули, пак, по одлука на УО, на
вработените им е исплатен регрес
за годишен одмор во нето-износ од 42.000 денари по вработен, за што компанијата вложи 1,46 милиони евра.

Во текот на 2024 година
„Макпетрол“ го продолжи силниот инвестициски циклус и вложи преку 2,6 милиони евра, како во реконструкција така
и во изградба на нови малопродажни и големопродажни објекти.

Заклучно со крајот на првото
полугодие од 2024 година друштвото
нема ниту краткорочни ниту долгорочни задолжувања.

„Позитивен
нето ефект се забележува од финансиските приходи и расходи на Друштвото поради
одличната ликвидност, намалувањето на трошокот за камата и зголемувањето на
приносот од вложувањата“, објаснуваат од
„Макпетрол“.

А, во извештајот од нафтената
компанија откриваат и една многу интересна работа, а таа е дека инвестирале и
во
долгорочни хартии од
вредност издадени од
земјава, кои имаат атрактивен
принос.

Има и уште една многу позитивна
вест, а таа е дека оваа година на к
омпанијата
и се приклучија 157 нови вработени.

„Очекувањата
за деловната 2024 година се во согласност со Планот за работење на Друштвото,
кој се очекува да биде достигнат, а дури и надминат
“,
нагласуваат од компанијата.

Н.Н.Ф.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Руте ја посети и Армијата, Лафчиски му додели Голема плакета!

03/03/2026
Македонија

АВТОМОБИЛ УСМРТИ 59-ГОДИШНА ЖЕНА Тешка сообраќајка во Злетово

03/03/2026
Македонија

Филипче: Во време на војни, членството во НАТО ја штити

03/03/2026
Македонија

Сосетката Тања Спировска: Насилството траеше со години, сите го слушавме

03/03/2026
Македонија

Тошковски: МВР има обезбедена снимка доказ за насилство во Карпош!

03/03/2026
Македонија

ДРОГА ПРОНАЈДЕНА ВО КАСАРНА Марихуана откриена во ранец на припадник

03/03/2026
Македонија

„Да не слушнам ни збор дека можела поинаку, НЕ МОЖЕЛА“:

03/03/2026
Македонија

Македонија меѓу водечките земји во Европа по економски раст во

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42188
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Руте ја посети и Армијата, Лафчиски му додели Голема плакета!

03/03/2026

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, денес во касарната „Илинден“, Скопје, оствари посета на Армијата, која се реализира во рамки

АВТОМОБИЛ УСМРТИ 59-ГОДИШНА ЖЕНА Тешка сообраќајка во Злетово

03/03/2026

Педесет и деветгодишната З.А. од село Злетово го загубила животот во сообраќајна несреќа што се случила вчера попладне во злетовско.

Филипче: Во време на војни, членството во НАТО ја штити Македонија

03/03/2026

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, во денешната изјава во Собранието, се осврна на значењето на членството на Македонија во НАТО,

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy