Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Кој заложи 2,5 хектари земја и сончева централа за 2 милиони евра? Произведува домати, краставици и пипер за 12 милиони евра годишно!
Економија

Кој заложи 2,5 хектари земја и сончева централа за 2 милиони евра? Произведува домати, краставици и пипер за 12 милиони евра годишно!

13/06/2025

AA

Струмичката компанија за производство на храна „Оранжерии Хамзали“ ја зголеми кредитната револвинг рамка за 2 милиони евра. За тие пари заложи земјоделско земјиште и сончева централа. Оваа компанија две години по ред од продажба на раноградски зеленчук инкасира над 12 милиони евра, а годинава за првиот квартал има добивка од 781.000 евра

Струмичката земјоделска компанија „Оранжерии Хамзали“ специјализирана за раноградинарски култури ќе заложи своја сончева централа на 0,5 хектари, опрема и 2,7 хектари земјиште во ресенско за 2 милиони евра кај “Комерцијална банка“.

Ова го содржи предлог одлуката што како единствена работна точка ќе се најде на дневен ред на претстојното акционерско собрание на таа компанија закажано за 11 јули. И повеќе од извесно е дека точката ќе помине затоа што компанијата има еден доминантен акционер – домашно физичко лице кој поседува над 90 отсто од сите акции со право на глас во „Оранжерии Хамзали“.

 Според информациите што се јавно достапни друштвото кај „Комерцијална банка“ веќе користи рамковен риволвинг кредит со рамка од 8 милиони евра. Со новото дополнително зголемување на рамката „Комерцијална банка“ ќе овозможи фирмата да се изложи уште 2 милиони евра и да се зголеми рокот на риволвингот до јуни 2035 година.

За зголемувањето на револвинг рамката „Оранжерии Хамзали“ ќе гарантира со недвижен имот – земјиште регистрирано во катастарска општина Ресен. На земјиштето има фотоволтаична централа на површина од 0,5 хектари. Тоа значи дека во оптимални услови на таа површина се произведуваат околу 0,25 мегаватчасови електрична енергија во еден час. Од јавно достапната информација може да се заклучи дека фотоволтаичните панели се поставени на кровни конструкции на 3 објекти кои се наоѓаат на земјоделското земјиште кое компанијата го дава под закуп.

Во описот на предлог одлуката пишува дека се става под залог подвижен имот составен од: фотонапонски панели, инвертери, алиминиумска носечка конструкција, ормари за еднонасочна во наизменична струја, разводни ормари, енергетски кабли, соларни кабли, опрема и инсталација.

Проверката што „Фактор“ ја направи во јавната база со податоци на РКЕ покажува дека компанијата „Оранжерии Хамзали“ не е регистрирана како производител на електрична енергија.

Со новиот анекс вкупната изложеност изнесува 10 милиони евра односно 59,4 отсто од книговодствената вредност на имотот на друштвото по последната ревидирана завршна сметка.

„Оранжерии Хамзали“ е речиси целосно ориентирана на домашниот пазар на храна. Во првите три месеци годинава нејзните приходи изнесуваат 2,13 милиони евра и во нив домашниот пазар учествува со речиси 99 отсто. Оперативната добивка за првиот квартал изнесува 984.000 евра, а нето добивката е 781.000 евра.

Оваа компанија во последните три години не делела дивиденда, а нејзините приходи во претходните две години надминувале 12 милиони евра. Најголем акционер е Васе Митев од Струмица и тој поседува над 90 отсто од акциите со право на глас. Едно домашно правно лице поседува 5,4 отсто од акциите, а друштвото има уште 279 мали домашни акционери кои поседуваат околу 4 отсто од акциите.

Р.Ф.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Ѓорѓиевски: Покрај новите камиони, пристигнуваат и повеќе од 3.300 нови

03/09/2026
Македонија

Чад над Скопје: Има пожар кај село Грачани, гори шума

03/09/2026
Македонија

Синиша Стојаноски нов директор на ГОБ „8 Септември“

03/09/2026
Македонија

Седми смртен случај од Западнонилска треска во Македонија

03/09/2026
Македонија

Силно невреме со дожд, грмежи и град погоди делови од

03/09/2026
Македонија

Становите на Груевски поевтини за 200.000 евра, државата повторно ги

03/09/2026
Македонија

Македонската економија забрза во вториот квартал: БДП порасна 4,3 отсто

03/09/2026
Македонија

Петмина приведени во Велес: Пронајдени оружје, муниција и дивеч од

03/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45437
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Ѓорѓиевски: Покрај новите камиони, пристигнуваат и повеќе од 3.300 нови контејнери

03/09/2026

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, во гостувањето во емисијата „Колегиум“ на телевизија Алфа најави дека, покрај новите камиони за

Чад над Скопје: Има пожар кај село Грачани, гори шума

03/09/2026

Голем пожар на отворено попладнево избувна во атарот на скопското село Грачани, сместено во непосредна близина на македонско-косовската граница. Поради

Синиша Стојаноски нов директор на ГОБ „8 Септември“

03/09/2026

Д-р Синиша Стојаноски е именуван за нов директор на ГОБ „8 Септември“ во Скопје. Тој е доцент на Институтот за

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy