Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 „Д-р Пановски“ со известување до јавноста во врска со денешната објава на Комисијата за заштита на конкуренцијата
Економија

„Д-р Пановски“ со известување до јавноста во врска со денешната објава на Комисијата за заштита на конкуренцијата

13/06/2025

AA

Во врска со денешните објавени информации од Комисијата за заштита
на конкуренцијата, со кои се информира јавноста дека Вишиот управен
суд со пресуда го потврдил решението за постоење на забранет договор –
картел помеѓу АД „Д-р Пановски“ и Фарма Трејд ДООЕЛ Скопје, за
јавна набавка спроведена во 2016 година, ја информираме јавноста за
следново: 

АД „Д-р Пановски“ досега не примил пресуда од Управниот суд,
ниту од други надлежни институции.
Споменатата јавна набавка, во изминатите 8 години, веќе беше предмет
на интерес на надлежните државни институции. Во интерес на
објективно информирање на јавноста, сметаме дека е неопходно да
потенцираме дека Управниот суд во две претходни постапки, два
пати правосилно утврди дека АД „Д-р Пановски“- Скопје нема
сторено никаков прекршок и со тоа ги отфрли наводите дека наводно
била нарушена деловната конкуренција за посочената јавна набавка. 

Оттука, крајно сме изненадени и зачудени како е возможно за ист
предмет, ист суд, да одлучи поинаку во трета постапка.
Земајќи предвид дека АД „Д-р Пановски“ е компанија со странски
капитал и претставник на реномирани светски фармацевтски компании во
Северна Македонија, застапува лекови за најтешко болните пациенти кои
се лекуваат во јавното здравство, и имаме обврска да го заштитиме
нашиот корпоративен углед.
Целосно е невозможно кој било фармацевтски компании тајно или јавно
да договараат цени на лекови, бидејќи тие се регулирани исклучиво од
Министерството за здравство.  Тоа значи дека за споменатата јавна набавка АД „Д-р Пановски“ понудил цени во висина која предходно ја
определиле ресорните надлежни институции. 

Согласно горе наведеното, нашиот правен тим се подготвува да ги
искористи сите вонредни правни лекови пред домашните судови, но и да
се обратиме пред Европскиот суд за човекови права во Стразбур, за
правно вознемирување. Во меѓувреме ќе се обратиме и до
претставниците на меѓународниот фактор во земјава, кои ќе ги
информираме за оваа нарушена правна сигурност и загрозено владеење
на правото, што практично ги отежнува околностите за нашето деловно
функционирање, а со цел да се заштитат правата, интегритетот и
деловната репутација на компанијата. 

Ја охрабруваме извршната и законодавната власт да ги превземат
сите неопходни дејствија за вистински реформи во правосудниот
систем. Крајно време е да се стави точка на самовластието во
правосудството, кое се рефлектира и врз приватните компании кој
веќе 30 години редовно го полнат буџетот на Северна Македонија. 

АД „Д-р Пановски“ – Скопје

„Д-р Пановски“ со известување до јавноста во врска со денешната објава на Комисијата за заштита на конкуренцијата

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Македонија за првпат испрати полициски хеликоптер да гасне пожар во

03/09/2026
Македонија

Ѓорѓиевски: Покрај новите камиони, пристигнуваат и повеќе од 3.300 нови

03/09/2026
Македонија

Чад над Скопје: Има пожар кај село Грачани, гори шума

03/09/2026
Македонија

Синиша Стојаноски нов директор на ГОБ „8 Септември“

03/09/2026
Македонија

Седми смртен случај од Западнонилска треска во Македонија

03/09/2026
Македонија

Силно невреме со дожд, грмежи и град погоди делови од

03/09/2026
Македонија

Становите на Груевски поевтини за 200.000 евра, државата повторно ги

03/09/2026
Македонија

Македонската економија забрза во вториот квартал: БДП порасна 4,3 отсто

03/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45438
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Македонија за првпат испрати полициски хеликоптер да гасне пожар во Косово

03/09/2026

По барање на Република Косово, Република Северна Македонија за првпат ангажира државни ресурси надвор од својата територија, во рамки на

Ѓорѓиевски: Покрај новите камиони, пристигнуваат и повеќе од 3.300 нови контејнери

03/09/2026

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, во гостувањето во емисијата „Колегиум“ на телевизија Алфа најави дека, покрај новите камиони за

Чад над Скопје: Има пожар кај село Грачани, гори шума

03/09/2026

Голем пожар на отворено попладнево избувна во атарот на скопското село Грачани, сместено во непосредна близина на македонско-косовската граница. Поради

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy