Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 КОЈ ВЛЕЗЕ СО 0,14 ОТСТО АКЦИОНЕРСКИ КАПИТАЛ ВО „РЕПЛЕК“ – се засилува ли некој од постојните сопственици
Економија

КОЈ ВЛЕЗЕ СО 0,14 ОТСТО АКЦИОНЕРСКИ КАПИТАЛ ВО „РЕПЛЕК“ – се засилува ли некој од постојните сопственици

18/09/2024

AA

Фармацевтската компанија „Реплек“ продолжува да биде интересна за инвеститорската јавност. За разлика од последниов период кога акции се купуваа на помали количини, деновиве повторно се случи значајна блок трансакција со акциите на тоа акционерско друштво. 

Или конкретно, биле продадени 358 акции на оваа фармацевтска компанија, по цена од 14.000 денари за акција. Тоа се 0,14 отсто од вкупниот акционерски капитал на „Реплек“, а за да се здобие со овој акционерски пакет некој платил вкупна сума од безмалку 82 илјади евра. 

Треба да се спомене дека цената на блокот е пониска од онаа по која деновиве се тргува со тие акции, а достигнаа над 14.900 денари за акција.

Компанијата е многу транспарентна и секогаш известува за сите промени во нејзината акционерска структура, особено на оние кои се однесуваат на нејзините главни акционери и менаџери. 

Се очекува дека така ќе биде и за оваа блок трансакција, или, пак, промената ќе се види наредниот понеделник на Централниот депозитар, доколку имала влијание врз сопственици над 5 отсто. 

Во моментов сопственичкатга структура е следна. Душан Пецовски, извршен директор и претседател на Управен одбор поседува 12,19 отсто од вкупниот број на акции, а неговиот брат Владимир Пецовски има 6,33 отсто од вкупниот број на акции. Фактор веќе пишуваше дека полека но сигурно браќата Пецовски ги засилуваат своите акционерски позиции во фармацевтската компанија „Реплек“. Тие купуваат по помал број на акции на Берзата од ова акционерско друштво, но веќе нивниот заеднички капитал се доближува до 19 проценти.

Додека, пак, бизнисменот Зоран Азманов постепено го продава својот акционерски капитал во оваа компанија, бидејќи, како што тој неодамна изјави за Фактор, сака своите средства да ги повлече од акции и да ги инвестира во градежниот бизнис, што всушност е негов фах уште од стартот на неговата деловна кариера.

Неодамна неговата компанија Настел ДООЕЛ продаде нови акции, и сега поседува 8,39 отсто од капиталот. 

Браќата Пецовски откако го презедоа кормилото во Реплек од семејството Туџарови, ја „стегнаа“ компанијата и сега таа покажува солидни деловни резултати и зголемување на производството и профитабилноста, а се освојуваат и нови пазари.

А, Реплек неодамна изврши поделба на акциите, односно една акција ја подели на 10 со иста вредност, со цел да привлечат повеќе инвеститори.

Оттаму објаснија дека нивните очекувања се дека на овој начин акцијата на „Реплек“ ќе стане подостапна за различен тип на акционери, што, пак, ќе доведе до разигрување на пазарот на капитал.

Други акционери се фирмата Ситко Антонио со 6,37 отсто, лабораторијата Биотек има 6,3 отсто, а пензискиот фонд Сава поседува 6,4 проценти од обичните акции на таа компанија.

Н.Н.Ф.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Јаневска: Училиштето во Ѓорче Петров реагирало за насилството, родителите да

27/04/2026
Македонија

Кривична пријава за двајца дебарчани: Лажно собирале донации за „болно

27/04/2026
Македонија

Муцунски пред Комисијата за надворешни работи: Резултати, реформи и европска перспектива

27/04/2026
Македонија

Можно е исклучување на јавноста во делови од доказната постапка

27/04/2026
Македонија

Инцидент во Охрид: Параглајдеристи срушија канделабра на пешачката патека кај

27/04/2026
Македонија

13-годишник нападнат во Аеродром од поголема група малолетници со тврд

27/04/2026
Македонија

Јане Ченто поднесе кривична пријава против Вилма Русковска за случајот

27/04/2026
Македонија

Почнува реконструкцијата на Универзалната сала: Скопје ќе го врати својот

27/04/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42908
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Јаневска: Училиштето во Ѓорче Петров реагирало за насилството, родителите да се вклучат повеќе во животот

27/04/2026

Министерката за образование и наука, Весна Јаневска, денеска потврди дека е запознаена со случајот на врсничко насилство во училиште во

Кривична пријава за двајца дебарчани: Лажно собирале донации за „болно дете“

27/04/2026

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Дебар поднесе кривична пријава против Х.М.(19) од с.Селокуќи, дебарско и против И.К.(28) од Дебар поради

Муцунски пред Комисијата за надворешни работи: Резултати, реформи и европска перспектива во фокус на надворешната политика

27/04/2026

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денес се обрати пред собраниската Комисија за надворешни работи, истакнувајќи дека

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy