Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 КОЈ ВЕЛИ ДЕКА НЕ МУ ОДИ ДОБРО НА МАКЕДОНСКИОТ ТУРИЗАМ – „Хотели Метропол“ профитираа со над 800 илјади евра, но еве на што не може да се штеди
Економија

КОЈ ВЕЛИ ДЕКА НЕ МУ ОДИ ДОБРО НА МАКЕДОНСКИОТ ТУРИЗАМ – „Хотели Метропол“ профитираа со над 800 илјади евра, но еве на што не може да се штеди

08/11/2024

AA

Кој вели дека не му оди добро на македонскиот
туризам. Охридските хотели под „капата“ на компанијата „Хотели Метропол“ покажуваат нешто сосема спротивно.

Овде само треба да наведеме дека во рамките
на ова акционерско друштво влегуваат три хотели од Охрид и тоа Белви, Метропол
и Турист, за да се има претстава за кои конкретно хотелски капацитети се
однесуваат овие резултати.

Билансот на успех
на оваа компанија говори дека таа, за периодот од почетокот на годинава па
заклучно со септември, остварфила оперативни приходи, а тука влегуваат сите
приходи од издавањето на хотелските соби и услуги, на сума од близу 3,1 милиони
евра.

Во однос на истиот
период лани тоа е зголемување за не толку преголеми 7 отсто, но тоа е сепак
солиден, дури и одличен резултат.

А, треба да се има
предвид и фактот дека во првото полугодие приходот на компанијата бил околу
еден милион евра, што значи дека два милиони евра приходи се инкасирани само од
периодот на летната туристичка сезона, односно месеците јули, август и
септември.

Компанијата се покажала и како штедлива,
односно ги зголемила само оние трошоци кои морала, но не и она што не било
неопходно.

Па така, за првите девет месеци од годинава
Хотели Метропол оствариле оперативен расход од 2,3 милиони евра, што е раст за
6 проценти во однос на истиот период од минатата година.

За трошоци за суровини и материјали
компанијата издвоила 721 илјади евра, што е зголемување за 9 отсто, но затоа
кај услугите со карактер на материјални трошоци, кои изнесувале 128 илјади
евра, намалувањето е за дури 14 отсто, а за еден процент се снижиле и
останатите трошоци од работењето, кои изнесувале 153 илјади евра.

Но затоа, не можело да се штеди на трошоците
за вработените, односно за нивните плати, бидејќи тие работници, како што знаеме, се дефицитарни на охридското крајбрежје. За нив компанијата платила вкупна сума од 993
илјади евра, и тоа е зголемување за дури 18 отсто во однос на истиот период од
минатата година.

Сето ова довело хотели „Метропол“ да има оперативна
добивка од 772 илјади евра, што е пораст за 10 отсто во однос на истиот период
лани.

Финансиските приходи се 36 илјади евра и кај
нив има значајно зголемување за 85 отсто, додека финансиските расходи се речиси
незначителни и плус се додатно намалени во однос на споредбениот период.

Или, на крајот на сите пресметки, на хотели
„Метропол“ им останува чист профит од 808 илјади евра за првите три квартали,
што е зголемување за 12 проценти во однос на истиот период лани.

А, само треба да се истакне дека за првото
полугодие оваа компанија имала загуба, и таа изнесувала околу 170 илјади евра, што значи дека
овој профит е повеќе од одличен финансиски резултат.

Согласно последната состојба на ЦДХВ, сопственик на оваа најголемна охридска хотелиерска компанија е „Фершпед“,
кои поседуваат 73,5 отсто од капиталот на „Хотели Метропол“.

Н.Н.Ф.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

🎥 НАЈТЕШКА Е СОСТОЈБАТА ВО КИЧЕВО Евакуирани се стари и

15/02/2026
Македонија

ПИЈАН МАЖ СО НОЖ ЈА НАПАДНАЛ 17-ГОДИШНАТА ДЕВОЈКА Во струшката

15/02/2026
Македонија

ЗАМИНА ЛЕГЕНДАТА НА ДРАМСКИ: Почина актерката Ленче Делова на 77-годишна

15/02/2026
Македонија

🎥 ЧЛЕНСТВОТО ВО ЕУ ЗА НАС НЕ Е МИЛОСТ, ТУКУ

15/02/2026
Македонија

ВО 2020 ГОДИНА ВЛАДАТА НА СДСМ Ѝ ДАЛА ОДОБРЕНИЕ НА

15/02/2026
Македонија

СО КОЊСКА КОЛА ВЛЕГЛЕ ВО ФАБРИКА ВО ЃОРЧЕ ПЕТРОВ Наместо

15/02/2026
Македонија

„МАКЕДОНИЈА Е ГЛАС НА РАЗУМОТ“: Мицкоски со Зеленски во Минхен

15/02/2026
Македонија

„Мобилизација во Сарај“: Првиот вицепремиер Сали и директорот Али на

15/02/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 41499
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

🎥 НАЈТЕШКА Е СОСТОЈБАТА ВО КИЧЕВО Евакуирани се стари и изнемоштени лица

15/02/2026

Обилните врнежи предизвикаа сериозни проблеми во повеќе делови низ земјата, а екипите на општините, противпожарните служби и институциите за заштита

ПИЈАН МАЖ СО НОЖ ЈА НАПАДНАЛ 17-ГОДИШНАТА ДЕВОЈКА Во струшката болница ѝ констатирале телесни повреди

15/02/2026

Пијан скопјанец ја нападнал со нож неговата 17-годишна девојка со која живеел во вонбрачна заедница. Таа била пренесена во Општа

ЗАМИНА ЛЕГЕНДАТА НА ДРАМСКИ: Почина актерката Ленче Делова на 77-годишна возраст

15/02/2026

Македонското глумиште остана посиромашно за уште едно големо име. На 77-годишна возраст почина истакнатата театарска, филмска и телевизиска актерка Ленче

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy