Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 „Кој ве повика?“ – им рекоа во полицијата во Демир Хисар на директорката Лозановска и адвокатот кога дојдоа на информативен разговор
Македонија

„Кој ве повика?“ – им рекоа во полицијата во Демир Хисар на директорката Лозановска и адвокатот кога дојдоа на информативен разговор

12/08/2025

AA

„Кој ве повика?“ — со ова прашање, според тврдењата на СДК.МК, биле пречекани директорката на Гимназијата во Демир Хисар, Маја Лозановска, и нејзиниот адвокат Жаре Стевановски, кога утрово дошле на информативен разговор во полициската станица.

Стевановски изјави дека им било предложено случајот да се води како самопријавување, но тие одбиле, укажувајќи дека уште при претресот во петокот, а потоа и телефонски, биле повикани да се јават во вторник. Сепак, денес им било соопштено да дојдат на нов разговор утре, 13 август.

Лозановска и Стевановски поднеле кривична пријава за самовластие, бидејќи директорката сè уште нема добиено решение за разрешување, а новоназначената в. д. директорка веќе влегла во училиштето.

„Според решение од Централниот регистар, Лозановска сè уште е директорка,“ изјави адвокатот.

На 8 август полицијата извршила претрес во домот на директорката Маја Лозановска барајќи го печатот на училиштето, иако таа била на боледување. Началникот на полицијата дури изјавил дека ќе ја донесе и на носилки на информативен разговор, иако немало налог за лишување од слобода. МВР подоцна покрена дисциплинска постапка против него, а против Лозановска била поднесена пријава за „одземање печат и службени документи“. Четири дена пред претресот, градоначалникот ја разрешил по налог на Просветниот инспекторат, но нејзиниот адвокат тврди дека целта била назначување нова в. д. директорка пред локалните избори на 19 октомври.

ФОТО: СДК.МК

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Претреси на 32 локации во Скопје, се истражува сомнение за

11/09/2026
Македонија

МНР: 25 години од 11 Септември, Македонија стои со САД

11/09/2026
Македонија

МВР со детали за пожарот во Шуто Оризари: Опожарени над

11/09/2026
Македонија

Поднесена кривична пријава за убиството на 26-годишникот во Скопје, осомничени

11/09/2026
Македонија

Новиот клинички центар ќе биде кај „Борис Трајковски“, се разгледуваат

11/09/2026
Македонија

Савески за „Пулс“: Роковите за притвор мора да се почитуваат,

11/09/2026
Македонија

Во тек е полициска акција: Претреси поради сомнежи за фалсификувани

11/09/2026
Македонија

Мицкоски за укинувањето на пресудата за „Ласкарци“ и Јакимовски: Вие

11/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45643
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Претреси на 32 локации во Скопје, се истражува сомнение за фалсификување исправа

11/09/2026

Претреси на вкупно 32 локации во Скопје се вршат денеска во рамки на полициска акција, информира Основното јавно обвинителство Скопје.

МНР: 25 години од 11 Септември, Македонија стои со САД во борбата против тероризмот

11/09/2026

Дваесет и пет години по терористичките напади од 11 Септември, Македонија им оддава почит на жртвите и на оние кои

МВР со детали за пожарот во Шуто Оризари: Опожарени над 20 дуќани со текстилна и

11/09/2026

На 11.09.2026 околу 03:20 часот во СВР Скопје е пријавено дека во трговски центар на подрачјето на Шуто Оризари, биле опожарени

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy