Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Али Ахмети до македонскиот народ: Албанците се за унитарна, заедничка и еднаква Македонија
Македонија

Али Ахмети до македонскиот народ: Албанците се за унитарна, заедничка и еднаква Македонија

12/08/2025

AA

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети денеска објави колумна посветена на 24-годишнината од Охридскиот мировен договор.

Истата е објавена за „360 степени“, а во неа Ахмети вели дека по повод 24 годишнина на Охридскиот Мировен Договор со кој што почнале заеднички да ја градат унитарна и еднаква Македонија, решил да се обрати на неговите сограѓани Македонци, на македонски јазик. 

„Во средношколските години барав права за мојот народ и бев прогонет, бев приморан да го напуштам моето родно место и над 20 години да делувам во туѓина. 

На мене и на моите сонародници ни се спореше јазикот, знамето, правото на еднаквост, правото на постоење со логиката “Македонија на Македонците”. 

Тогаш и денес, јас друга држава немам. Јас резервна татковина немам. Мојот прадедо и дедо, моите татко и мајка, почиваат во Зајаз Кичевско. 

Наспроти сите напади, сета пропаганда во минатите 24 години со која што бевте соочени, сакам да упатам јасна и недвосмислена изјава дека јас и Албанците, вчера, денес и утре, се залагаме за унитарна, заедничка и еднаква Македонија, ниту повторно моја, ниту повторно твоја, туку секогаш наша Македонија. 

Наспроти тоа што ова го знаат и Црвенковски и Груевски, и Заев и Мицковски, а го знаеја и нивните претходници, во нашите млади години, сите ние што се осмелувавме да се залагаме за еднаквост, не гонеа за сепаратизам, национализам, шовинизам, а денес истиот пристап софистицирано се повторува со прогон и оцрнување за наводна корупција и криминал од истата доктрина и истите заробени умови кои ги карактеризираат граѓаните во граѓани од прв, втор, трет ред и сметаат дека државата им припаѓа само ним. 

Намерно и лажно се сееше и се сее лажен страв кон граѓаните за непостоечки непријатели кај албанците од страна на политичките елити за да се владее злоупотребувајќи ги наметнатите стравови а не залагајќи се за заедничка иднина. 

Со Охридскиот Мировен Договор си подадовме рака, си дадовме збор и Беса едни на други, дека ќе изградиме заедничка, еднаква и евроатлантска татковина. 

Не беше и не е лесно, имаше отпор, одбивање, претежно од погрешно наметнато разбирање дека некој добива, друг губи, и тоа од одредени политички елити кои што размислуваа за следните избори, а не за следните генерации. 

Јас припаѓам на тое што работат за следните генерации.  Премиери и Академици ми нудеа да ја поделиме Македонија, не прифатив. 

Ме оцрнуваа од тоа дека сум бил соработник на српските служби со фалсификувани досиеја па се до наводно корумпиран, но граѓаните секогаш се определуваа да не поддржат нас. 

Низ овие 24 години, јас и моите соработници се залагавме за да го спроведеме Охридскиот Договор, да ја интегрираме земјата во НАТО и ЕУ, да изградиме автопатишта, универзитети, болници, градинки, школи, институции, да превземеме одговорност за заедничката држава и да покажеме дека од еднаквоста, најголеми придобивки имаат граѓаните и земјата. 

Се покажа и докажа дека кога државата е лојална кон своите граѓани, и граѓаните се лојални кон својата држава. 

Свесен сум дека овие политики не се популарни, но се државотворни. Овие залагања, можеби не носат загарантирана победа на избори, но обезбедуваат иднина за сите. 

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Претреси на 32 локации во Скопје, се истражува сомнение за

11/09/2026
Македонија

МНР: 25 години од 11 Септември, Македонија стои со САД

11/09/2026
Македонија

МВР со детали за пожарот во Шуто Оризари: Опожарени над

11/09/2026
Македонија

Поднесена кривична пријава за убиството на 26-годишникот во Скопје, осомничени

11/09/2026
Македонија

Новиот клинички центар ќе биде кај „Борис Трајковски“, се разгледуваат

11/09/2026
Македонија

Савески за „Пулс“: Роковите за притвор мора да се почитуваат,

11/09/2026
Македонија

Во тек е полициска акција: Претреси поради сомнежи за фалсификувани

11/09/2026
Македонија

Мицкоски за укинувањето на пресудата за „Ласкарци“ и Јакимовски: Вие

11/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45643
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Претреси на 32 локации во Скопје, се истражува сомнение за фалсификување исправа

11/09/2026

Претреси на вкупно 32 локации во Скопје се вршат денеска во рамки на полициска акција, информира Основното јавно обвинителство Скопје.

МНР: 25 години од 11 Септември, Македонија стои со САД во борбата против тероризмот

11/09/2026

Дваесет и пет години по терористичките напади од 11 Септември, Македонија им оддава почит на жртвите и на оние кои

МВР со детали за пожарот во Шуто Оризари: Опожарени над 20 дуќани со текстилна и

11/09/2026

На 11.09.2026 околу 03:20 часот во СВР Скопје е пријавено дека во трговски центар на подрачјето на Шуто Оризари, биле опожарени

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy