Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Кој е тој опасен курс на Балканот за кој пишуваат германските медиуми?
Регион

Кој е тој опасен курс на Балканот за кој пишуваат германските медиуми?

14/08/2023

AA

Германски медиуми пишуваат дека има опасен курс на Балканот.

За Балканот пишуваат три германски медиуми: „Франкфуртер алгемајне“ за „најдобрите пријатели на Путин“, „Тагесцајтунг“ за „пропаднатата стратегија“ на САД и ЕУ и „Берлинер цајтунг“ за „доминацијата на Србија“ што „мора да се скрши“.

Русија во Европа може да се потпре на тројца сојузници, пишува „Франкфуртер алгемајне цајтунг“: „Во земјата-членка на ЕУ, Унгарија, земјата кандидат Србија и во половина од Босна и Херцеговина контролирана од босанските Срби, владетелите се цврсто лојални на Путин, иако со различни нијанси“.

Милорад Додик, претседателот на Република Српска, најодлучно ја насочи својата политика кон Москва. Москва има корист од напорите на Додик да ја трансформира Босна во конфедерација на држави, како прелиминарен чекор за подоцнежното отцепување на неговиот дел од земјата, бидејќи немирите се значајни како резултат на тоа, пишува германскиот весник.

Авторот на текст Мајкл Мартенс, истакнува дека Додик, кого го нарекува „помладиот партнер на Путин во Бања Лука“, неодамна се соочил со пречки – Германија прво ги замрзна, а сега целосно ги суспендира четири инфраструктурни проекти во РС вредни повеќе од сто милиони евра, а се на крајот јули САД воведоа санкции за четворица високи функционери на РС, а минатата недела јавниот обвинител на Босна и Херцеговина поднесе обвинение против Додик.

Обвинението е кулминација на конфликтот меѓу Додик и високиот претставник на меѓународната заедница во БиХ, Кристијан Шмит (ЦСУ)“, оценува авторот, но и забележува дека сега „останува да се види дали јавното обвинителство од Сараево ќе може да дејствува на територијата РС“.

„Додик е поддржан од Москва, Белград и Будимпешта“, пишува германскиот весник. „Унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто го шири ставот дека зад нападот на Западот и јавниот обвинител врз Додик стои некоја нејасна „меѓународна либерална мејнстрим струја“, односно дека „политичарите кои храбро се залагаат за националните интереси, како Додик и Путин, се казнети“, објави „Дојче веле“ редакција на српски јазик.

Српскиот претседател Александар Вучиќ не е отворено проруски настроен како Додик“, пишува авторот. „Србија дури ја поддржа резолуцијата на Генералното собрание на ОН против руската инвазија на Украина. Од друга страна, Белград не се приклучи кон европските санкции против Русија и ја поддржува секаде каде што може“.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

МВР: Селекцијата за полициското училиште е во тек, сите кандидати

10/08/2026
Македонија

Истрагата за загадената вода во Гостивар во напредна фаза, Финансиската

10/08/2026
Македонија

32 пакувања марихуана пронајдени во пратка за затвореник во „Идризово“

10/08/2026
Македонија

Во Драчево граѓаните во паника веднаш бараат лекарска помош по

10/08/2026
Македонија

Ѝ го украле ранецот на 67 годишна пензионерка во Центар,

10/08/2026
Македонија

Вработен во Итна помош со остар предмет му се заканувал

10/08/2026
Македонија

Бензините поевтинуваат по 4 денари, дизелот поевтинува 8 денари

10/08/2026
Македонија

Црн викенд со четири жртви, две лица пронајдени починати во

10/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44948
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

МВР: Селекцијата за полициското училиште е во тек, сите кандидати имаат еднаков третман

10/08/2026

Во врска со наводите изнесени во јавноста дека кандидат за прием во Средното полициско училиште „7-ми Мај“ не бил повикан

Истрагата за загадената вода во Гостивар во напредна фаза, Финансиската полиција одзела документација

10/08/2026

Истрагата за случајот со загадувањето на водата во Гостивар е во напредна фаза, а досега е обезбеден значителен дел од

32 пакувања марихуана пронајдени во пратка за затвореник во „Идризово“

10/08/2026

Триесет и две пакувања со марихуана биле пронајдени при претрес на пратка наменета за осуденик во Казнено-поправната установа Затвор „Идризово“,

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy