Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 КОЈ Е ПОДГОТВЕН ДА ИНВЕСТИРА ВО ОБЈЕКТ НА ПОПОВА ШАПКА?! Еве што може да купите преку комерцијалните банки
Економија

КОЈ Е ПОДГОТВЕН ДА ИНВЕСТИРА ВО ОБЈЕКТ НА ПОПОВА ШАПКА?! Еве што може да купите преку комерцијалните банки

27/09/2024

AA

Дуќани
во Градскиот трговски центар во Скопје, дуќани низ повеќе градови во
Македонија, но и други типови на деловни објекти, како некогашни фарми,
живнарски, свињарски, или пак делови од машински работилници, поранени хотели….
Ова се само дел од бројните деловни објекти кои се нудат на продажба од страна
на домашните комерцијални банки.

Деловниот
имот кој го продаваат банките е објавен на нивните веб страни, и најчесто
станува збор за различни типови на градби во кои некогаш се вршела дејност, но
сега се трага по нови сопственици.

Еден
примамлив имот нуди Халк банка, која продава деловни простории на Попова Шапка.
Сместен во Пашина Ливада над Хотел Славија и хотел Бора во близина на
Институтот за Екологија и Техонологија на Попова Шапка, на приближно 20 километри
од центарот на Тетово. Имотот има кат, приземје и подрум, со приклучоци за
комунална, водоводна, канализациона и електрична инсталација. Греењето е
сопствено централно топловодно на нафта со инсталирани радијатори, а се продава
преку извршител. Цената по која е огласен овој имот надминува 100 илјади евра,
или поточно за него се потребни 143.432 евра со вклучен ДДВ. 

Стопанска
банка Скопје пак продава целосно изградено објект на три ката, административна
зграда со магаци и изложбен салон со вкупна површина од 1.316 метри квадратни и
земјиште со паркинг кое се протега на површина од 1.185 метри квадратни. И овој
имот се продава преку извршител, а се наоѓа во околината на главниот град. 

На
листата на имоти кои ги продава Комерцијална банка е деловен објект кој некогаш
служел како фабрика за производство на плочки. Зградата во која некогаш се
произведувале плочи е сместена во скопско Орешани, но нема имотен лист и зафаќа
површина од 1.529 метри квадратни, а за него банката побарува 27.718.330 денари.

Освен во
споменатите понуди, и кај други банки од земајва може да се најдат бројни
деловни објекти, некогашни производствени сали, но и недовршени објекти кои
биле во план да станат деловна зграда.

На долгите листи
на банките може да се најдат и продавници, често се забележува дека се
продаваат дуќани од ГТЦ во Скопје, но и куќи, станови, земјиште со различна
големина.

Прегледот
на понудата на банките покажува дека има голем избор на објекти, но многу
повеќе се деловните објекти кои се нудат на продажба. Забележливо е што дел од банките имаат куќи кои се
со голема квадратува и истите се подолг период на продажба.

Банките се
одлучуваат да стават имоти на продажба само како крајно решение. Најчесто тоа е
резултат на неможноста на сопствениците навреме да ги вратат земените кредити
во банката, кои потоа се одземени поради ненаплатени кредити и сега се нудат на
продажба.

Недвижностите
кои се продаваат од страна на банките во нашата земја според упатените не
спаѓаат во имот кој лесно се продава. Се случува дел од објектите да чекаат
години додека да добијат нови газди, па имотите стојат на списоците на банките
подолг период.

За
оние кои сакаат да купат имот или деловен објект по пониска цена, ќе мора да се
потрудат во пребарувањето. Секоја банка на својата веб страна има список или
листа од недвижнини кои ги продава.

П.О.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Три лица приведени за семејно насилство во последното деноноќие

11/04/2026
Македонија

ЦЕНИТЕ НА ГОРИВАТА ПАЃААТ Дизелот ќе се намали за 2,5

11/04/2026
Македонија

Приведени 12 возачи за безобѕирно управување возило – 10 возеле

11/04/2026
Македонија

Мицкоски најави поевтинување на горивата пред Велигден: Бензинот под 1,5,

11/04/2026
Македонија

Управувал возило со 3,18 промили алкохол во крвта – полицијата

11/04/2026
Македонија

ШВАЈЦАРЕЦ И ГЕРМАНЕЦ НАПАДНАЛЕ ПОЛИЦАЈЦИ Драма во битолско, уапсени двајца

11/04/2026
Македонија

Мицкоски најави можно намалување на цените на горивата

11/04/2026
Македонија

Хуман гест за Велигден: Стефан Спироски ќе подари 1.000 парчиња

11/04/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42378
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Три лица приведени за семејно насилство во последното деноноќие

11/04/2026

На 11.04.2026 во 02:35 часот во Штип, полициски службеници од СВР Штип го лишија од слобода М.Б.(55) од Штип, постапувајќи

ЦЕНИТЕ НА ГОРИВАТА ПАЃААТ Дизелот ќе се намали за 2,5 денари, бензините за 1,5 денари,

11/04/2026

Дизелот ќе поевтини за 2,5 денари за литар, а бензините Еуросупер 95 и Еуросупер 98 за 1,5 денари, најави денеска

Приведени 12 возачи за безобѕирно управување возило – 10 возеле без дозвола, а двајца под

11/04/2026

Во текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата, полициските службеници лишија од слобода 12 возачи за безобѕирно управување

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy