Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 КОЈ ЌЕ ГО ДОБИЕ БИЗНИСОТ СО СКЛАДИРАЊЕ ОРИЗ – покрај пченицата, нафтата, лековите…, и оризова арпа ќе се чува во стоковите резерви
Економија

КОЈ ЌЕ ГО ДОБИЕ БИЗНИСОТ СО СКЛАДИРАЊЕ ОРИЗ – покрај пченицата, нафтата, лековите…, и оризова арпа ќе се чува во стоковите резерви

14/02/2023

AA

За не дај боже ситуации, отсега натаму
земјава ќе чува и ориз во своите стокови резерви. Ако досега, за непредвидени
состојби, како што се војни или вонредни состојби, или пак, елементарни
непогоди и еколошки катастрофи, односно суши, поплави, земјотреси, загадувања и
слично, во стоковите резерви се складираа
пченица,
пченка, јачмен, прехранбена сол, сурово сончогледово масло, нафтени деривати,
лекови и медицински средства
, отсега натаму на овие производи ќе им се придружи и
оризот.

Од
власта велат дека причина за овие промени е фактот што оризот е многу погоден
за употреба за во „лошо“ време, но досега не бил опфатен.

Затоа
сега ќе се менува Законот за стокови резерви, а предлог решението за тоа е веќе
влезено во собраниска процедура. Дополнително ќе се утврдува колку ориз ќе се
чува во резервите, колку пари тоа ќе ја чини државата и кој ќе го добие овој
бизнис на складиштар на оризовата арпа.

Како
што е познато, стоковните резерви се формираат од производи кои
се од исклучително значење за животот на населението во Македонија.

„Оризот
како култура е погоден за употреба во случај на воена состојба, вонредна
состојба, елементарни непогоди и еколошки катастрофи, а истиот не е опфатен со
Законот, така што оттука произлегува и потребата за изменување на тој закон“, навеле од Владата, додавајќи дека примарна
цел е да се опфати оризот како производ од исклучително значење, но и да се создадат услови за негово чување
како стоковни резерви во вид на оризова арпа.

За
измените е наведено дека сигурно ќе имаат влијание врз буџетот, како и дека за
купување и чување на резерви ориз ќе мора да се скратат средствата од некоја
друга буџетска ставка, но не е пресметано и не е наведено колку точно пари тоа
ќе ја чини државава. Со оглед што не се работело за сложен
и обемен закон, се предлага тој да се
донесе по скратена постапка.

Како
што е познато, стоковните резерви се формираат од производи кои
се од исклучително значење за животот на населението во земјава, а ги сочинуваат: пченица, пченка,
јачмен, прехранбена сол, сурово сончогледово масло, нафтени деривати, лекови и
медицински средства.

Стоковните резерви на пченица,
јачмен и пченка се складираат, чуваат и обновуваат кај складиштари кои
поседуваат силоси за складирање на житни култури со капацитет од најмалку 2.000
м3 по житна култура поединечно и имаат одобрение за пуштање во промет на
прехранбени производи издадено од Агенцијата
за храна и ветеринарство.

Стоковните резерви на сол се
складираат, чуваат и обновуваат кај складиштари кои поседуваат подни магацини
за чување на прехранбени производи и имаат одобрение за пуштање во промет на
прехранбени производи. Стоковните
резерви на сурово сончогледово масло се складираат, чуваат и обновуваат кај
складиштари кои поседуваат резервоари наменети за чување на сурово масло со
капацитет од најмалку 3.000 м3 и имаат одобрение за пуштање во промет на
прехранбени производи издадено од АХВ.

Стоковните резерви, пак, на нафтени деривати се складираат, чуваат
и обновуваат кај складиштари кои поседуваат лиценца за складирање на нафтени
деривати издадена од Регулаторната комисија за енергетика согласно со Законот
за енергетика. Стоковните резерви на лекови и медицински средства ги
складираат, чуваат и обновуваат складиштари кои се регистрирани, односно
поседуваат дозвола за вршење дејност, производство или промет со лекови и
медицински средства, издадена од Министерството за здравство, согласно со
закон. 

Инспекциски надзор над
стоковнитe резерви на пченица, пченка, јачмен, прехранбена сол, масло за јадење
и нафтени деривати, врши Државниот пазарен инспекторат, преку државни пазарни
инспектори во соработка со Агенцијата. Инспекторите се овластени да земаат
мостри за анализа, да ја прегледуваат стоката, количината, објектите, уредите,
деловните книги, договорите, исправите и други документи што овозможуваат увид
во квaлитетот, потеклото и количината на стоките, како и да донесуваат решение
и да изрекуваат мерки, согласно со закон. 

Инспекциски надзор над стоковните
резерви на лекови и медицински средства вршат фармацевтски инспектори од
Агенцијата за лекови во соработка со Агенцијата. Фармацевтските инспектори се овластени да земаат
мостри од лекови и медицински средства заради испитување на исправноста, да ја
утврдуваат количината на лекови и медицински средства, да забранат употреба на
лекови и медицински средства за кои претходно не е обезбеден сертификат за квалитет
и исправност, да и предложат на Агенцијата за стоковни резерви да ги повлече или уништи определени лекови и медицински
средства од стоковните резерви, како и да донесуваат решение и да изрекуваат
мерки, согласно со закон.

Н.Н.Ф.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

„СДСМ ПРОПАЃА, А ФИЛИПЧЕ ЗБОРУВА ЗА СРБИЈА“ Милошоски го прозва

27/10/2026
Македонија

НАПАДИТЕ ВРЗ НОВИНАРИТЕ ПОД ЛУПА НА ИНСТИТУЦИИТЕ Владата најавува национален

27/10/2026
Македонија

СДСМ Е ОСНОВОПОЛОЖНИК НА СРПСКИОТ, РУСКИОТ И НА КИНЕСКИОТ СВЕТ

27/10/2026
Македонија

НА ЕДЕН ЛЕКАР ПО 691 ЗАТВОРЕНИК, СВЕТСКИОТ СТАНДАРД Е 300!

27/10/2026
Македонија

ОБЈЕКТИ СО ВРЕДНОСТ ОД 1 ДЕНАР СЕ НАСЛЕДЕНА ЛОША ЕВИДЕНЦИЈА

27/10/2026
Македонија

ОБВИНИТЕЛСТВОТО ГИ ОДБИ ГАЗДА ДЕКО И СИНОТ МИХАЈЛО ЗА СВЕДОК

27/10/2026
Македонија

ЗАБЕЛЕЖАЛЕ ПОВРЕДИ КАЈ УЧЕНИЧКА, ПРИЈАВИЛЕ ВО ПОЛИЦИЈА Обавен службен разговор

27/10/2026
Македонија

ГО НАПАДНАЛ ТАТКА СИ, ПА ФИЛМСКИ СЕ БРКАЛЕ СО АВТОМОБИЛИ

27/10/2026
  • Економија 7906
  • Магазин 4842
  • Македонија 46395
  • Регион 3998
  • Свет 16
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

„СДСМ ПРОПАЃА, А ФИЛИПЧЕ ЗБОРУВА ЗА СРБИЈА“ Милошоски го прозва лидерот на опозицијата

27/10/2026

Антонио Милошоски го обвини лидерот на СДСМ, Венко Филипче, дека ја пренасочува политичката дебата кон Србија за да ги избегне

НАПАДИТЕ ВРЗ НОВИНАРИТЕ ПОД ЛУПА НА ИНСТИТУЦИИТЕ Владата најавува национален план до 15 декември

27/10/2026

Владата најавува Национален комитет за безбедност на новинарите, со учество на институциите и новинарските здруженија. Планот ќе опфати превенција, заштита,

СДСМ Е ОСНОВОПОЛОЖНИК НА СРПСКИОТ, РУСКИОТ И НА КИНЕСКИОТ СВЕТ ВО МАКЕДОНИЈА На ВМРО-ДПМНЕ ѝ

27/10/2026

СДСМ го изгуби компасот, веќе не знаат каде тераат – навреди, закани и ширење говор на омраза е нивното однесување

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy