Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Кој е Габриел Атал? Најмладиот премиер во историјата на Франција е геј и исклучително популарен
Македонија

Кој е Габриел Атал? Најмладиот премиер во историјата на Франција е геј и исклучително популарен

09/01/2024

AA

Францускиот претседател Емануел Макрон во вторникот го именуваше 34-годишниот министер за образование Габриел Атал за нов премиер.

Овој потег нема да доведе до големи промени во политиката, но ја сигнализира желбата на Макрон да се обиде да ги надмине непопуларните пензиски и имиграциски реформи од минатата година и да ги подобри шансите на неговата центристичка партија на европските избори во јуни. Анкетите покажуваат дека партијата на Макрон заостанува меѓу осум и десет процентни поени зад партијата на десничарската Марин Ле Пен.

Атал, близок советник на Макрон, кој стана познат низ цела Франција како владин портпарол за време на пандемијата „Ковид-19“, ќе ја замени Елизабет Борн, иако тоа сè уште не е официјално потврдено.

Тој е еден од најпопуларните политичари во последните анкети. Атал се стекна со репутација на способен министер со добри јавни настапи. Тој станува најмладиот француски премиер во историјата и првиот кој отворено е геј.

„Габриел Атал е малку како Макрон од 2017 година“, тврди парламентарецот Патрик Вињал, мислејќи на периодот кога Макрон стана најмладиот француски лидер во историјата, тогаш на бран на исклучителна популарност.

Вињал се сретнал со Атал, неговиот сопартиец, пред десет години и посочува дека поранешниот министер за образование е „јасен и има авторитет“.

Заедно, Атал и Макрон се помлади од Џо Бајден, кој оваа година повторно се кандидира за претседател на САД.

Францускиот претседател се занимава со потурбулентен парламент откако го загуби апсолутното мнозинство во телото набргу по реизборот во 2022 година.

Опозицијата смета дека именувањето на Атал нема да промени ништо во раководството на Франција бидејќи најголем дел од одлуките ги носи Макрон.

„Елизабет Борн, Габриел Атал или некој друг. Не ме интересира, ќе продолжи да биде истата политика“, изјави лидерот на социјалистите Оливие Форе.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Филипче остро по падот на Орбан: ВМРО-ДПМНЕ го изгуби сојузникот,

12/04/2026
Македонија

ВЕТЕР СО НАД 60 KM/ЧАС И ПРОМЕНЛИВО ВРЕМЕ Почетокот на

12/04/2026
Македонија

Метео аларм: Силен ветер долж Повардарието со над 60 км/ч

12/04/2026
Македонија

Обид за опожарување на Еврејската заедница и синагогата во Скопје

12/04/2026
Македонија

ЈАНЕЗ ЈАНША ВО ЖЕСТОК ДУЕЛ СО МАКЕДОНКАТА СТОЈМЕНОВА ДУХ Кој

12/04/2026
Македонија

5 ВОЗАЧИ ДИВЕЕЛЕ НА ПАТИШТАТА Фатени за безобѕирно возење, без

12/04/2026
Македонија

ЦИКЛОНОТ ОД ЏЕНОВА ЌЕ ДОНЕСЕ ПРОМЕНЛИВО ВРЕМЕ По празниците нè

12/04/2026
Македонија

МЕРКАТА ЗА САМОВРАБОТУВАЊЕ ВО ПОДЕМ КАЈ МЛАДИТЕ Речиси 1.900 бизниси

12/04/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42416
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Цената на нафтата порасна по мешаните сигнали за тензиите меѓу САД и Иран

27/06/2025

Американската сурова нафта WTI (West Texas Intermediate) денес поскапе за повеќе од еден процент, на близу 66 долари за барел,

Трагедија во Истанбул: 19-годишник ја застрелал својата 18-годишна бремена свршеница

27/06/2025

Деветнаесетгодишник ја застрелал и убил својата 18-годишна вереница, која била бремена пет месеци, во истанбулскиот кварт Саријер, а потоа избегал

Трамп најави потпишување на трговски договор меѓу САД и Кина

27/06/2025

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, изјави дека САД и Кина потпишале трговски договор, но не беа објавени детали

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy