
Кој ќе биде прв тенисер во светот по Ролан Гарос?
По завршувањето на турнирот во Париз ќе се случат промени и на АТП-листата. Ѓоковиќ со пласманот во финале освои 840 бодови и го скокна Данил Медведев на втората позиција.
Медведев загуби 230 бодови и од понеделник ќе биде на третата позиција на АТП-листата со 6.100 бодови, додека Алкараз засега останува прв и има 7.145 бода.
Доколку Ѓоковиќ ја освои титулата во Париз, тогаш ќе стигне до 7.595 бода, па јасно е дека би се вратил на тронот на АТП-листата, покрај тоа што ќе стане рекордер по број на освоени гренслем-титули.
