Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Која земја му врти грб на доларот?
Економија

Која земја му врти грб на доларот?

19/06/2025

AA

Азија, предводена од Кина, сè повеќе се одвраќа од доларот. Неговата вредност се намали за десет проценти оваа година во споредба со кошничката на валути, па доларот видливо ја губи својата моќ, а постојат и шпекулации дали ова значи почеток на падот на американската империја, објавува Seebiz. 

Ако ги погледнеме само поединечните валути, доларот, со удел од 58 проценти, е сè уште доминантна светска резервна валута број еден, бидејќи еврото, на второ место со удел од 20 проценти, далеку заостанува. И сепак – уделот на доларот беше 65 проценти пред десет години, а повеќе од 70 проценти на почетокот на овој век.

Долгорочниот пад на вредноста на американскиот долар најдобро се илустрира со фактот дека доларот изгуби повеќе од 86,5 oтсто од својата вредност од 1971 година, поради што токму сега многу земји што ја поддржуваат дедоларизацијата се жалат дека добиваат долари за нивната нафта што сè повеќе се претвораат во „безвредна хартија“.

Од друга страна, во 70-тите години, златото стана предмет на размена на пазарот на скапоцени метали и неговата цена постојано се зголемува од тогаш. Ако гледаме кумулативно, таа е дури 4.900 отсто повисоко отколку пред 50 години.

foto Shutterstock/food.kiro

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Повикал Итна помош за мајка му, па им се заканувал

15/08/2026
Македонија

Скопјанка измамена за околу 200.000 денари со понуда за каско

15/08/2026
Македонија

Земал 200 евра за наводно лекување на ќерка му, па

15/08/2026
Македонија

Четворица приведени во Шуто Оризари: Насилно ѝ дале марихуана на

15/08/2026
Македонија

Во понеделник почесна стрелба за Денот на Армијата

15/08/2026
Македонија

Ренџерите на Пелистер и СВР Битола лоцираа и приведоа вооружени

15/08/2026
Македонија

Кривична пријава за 18-годишна девојка од виничко: Лажно пријавила дека

14/08/2026
Македонија

Пијан маж ja напуштил сопругата на улица во Тетово, таа

14/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45034
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Повикал Итна помош за мајка му, па им се заканувал на медицинарите

15/08/2026

Педесет и петгодишен жител на селото Уларци, општина Чешиново-Облешево, е пријавен во полиција откако, според пријавеното, злоупотребил повик до Итната

Скопјанка измамена за околу 200.000 денари со понуда за каско осигурување

15/08/2026

Триесет и петгодишна жена од Скопје пријавила во полиција дека била измамена за околу 200.000 денари, откако телефонски ѝ било

Земал 200 евра за наводно лекување на ќерка му, па ја тепал и се заканил

15/08/2026

Основното јавно обвинителство во Тетово поведе постапка против педесетгодишен тетовец, за кого постојат основи на сомнение дека сторил кривични дела

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy