Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Која наша голема компанија отворено најави дека ќе плати 10,5 милиони евра дивиденда во пет години?
Економија

Која наша голема компанија отворено најави дека ќе плати 10,5 милиони евра дивиденда во пет години?

07/06/2024

AA

Градежниот гигант „Гранит“ декларира на сите свои акционери, но и на потенцијалните инвеститори во таа реномирана акција, дека од годинава па до 2028 година просечно годишно ќе дели просечно по 2,1 милиони евра бруто дивиденда

Најголемата македонска градежна компанија „Гранит“ најави дека во период од пет години, почнувајќи со годинава, планира да исплати вкупна дивиденда вредна 10,45 милиони евра.

Просечно годишно во периодот од 2024 до 2028 година компанијата ќе исплаќа просечно годишно по 2,1 милиони евра на своите акционери, покажуваат официјалните податоци од Финансискиот петгодишен план на „Гранит“.

Документот што го објави „Гранит“ со сите релевантни податоци од неговиот финансиски план е достапен на СЕИ НЕТ платформата на Македонската берза на следниот линк https://www.seinet.com.mk/Default.aspx?lang=MK&docID=68910

Значајно, на краток рок, за сите потенцијални и актуелни акционери во “Гранит“ е тоа што за годинава е планирана исплата на дивиденда во вкупен бруто износ од 1,89 милиони евра. Ако се оствари планот сите акционери на „Гранит“ годинава може да очекуваат бруто дивиденда од 42 денари за акција.

Од податоците во финансискиот план е евидентно дека вредноста на исплатените средства за дивиденда од година во година во периодот од 2024 до 2028 година расте за по 100.000 евра годишно.

Уште една важна информација за сите актуелни и потенцијални акционери е тоа што акумулираната добивка на компанијата до 2028 година треба да се зголеми за над 5 милиони евра и да достигне 42,9 милиони евра.

Од бројните детали и финансиски информации содржани во планот вреди да се истакне бројот на проекти на кои активно работи „Гранит“ во овој момент, а се од среднорочен карактер. Тие се: автопатот Кичево – Охрид, автопатското решение Блаце (македонско-косовска граница), експресниот пат Крива Паланка – Длабочица, реконструкцијата на тетовската обиколница, топловодниот систем на РЕК Битола и антенскиот систем на кулата на Водно (Скопје).

„Гранит“ во својот план најавува голема градежна офанзива која се состои од изградба на 7.000 квадратни метри нови станови на атрактивна локација во Скопје (кај Олимписко село). За тоа компанијата веќе купила земјиште и платила комуналии, а вкупната вредност на вложувањето е 4,3 милиони евра.

Најголеми поединечни акционери во „Гранит“ се братот и сестрата Зоран и Ивана Милковски кои , во најголема мерка како наследство од нивниот татко Страшо, поседуваат 9,8 отсто односно 9,3 отсто од акциите на компанијата. Трет по големина акционер е српската фирма „Бад коп“ ДОО Белград поседува 5,1 отсто од акциите. Во сопствен откуп компанијата чува 9,8 отсто од акциите. Заради статусот „сопствен откуп“ тие акции се без право на глас и не носат дивиденда.

„Гранит“ има над 3.700 акционери – домашни физички лица. Тие поседуваат 71,3 отсто од сите акции со право на глас.

Р.Ф.

foto freepik.com/josemiguelsangar

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Скопје утрово „шампион“ по загаденост во Европа: На светската листа

21/12/2025
Македонија

ВЛАЖЕН БРАН ОД МЕДИТЕРАНОТ ЌЕ ДОНЕСЕ ДОЖД Планините ќе забелат

21/12/2025
Македонија

СКОПСКИОТ АЕРОДРОМ НЕ Е ЗАТВОРЕН ПОРАДИ НАМАЛЕНАТА ВИДЛИВОСТ Патниците да

21/12/2025
Македонија

СОНЦЕ, ОБЛАЦИ И УТРИНСКА МАГЛА ДО ВТОРНИК Затишје пред најавените

20/12/2025
Македонија

Инцидент во Кочани: Физички нападната млада докторка од Итната помош

20/12/2025
Македонија

НОВИОТ ЈАВЕН ОБВИНИТЕЛ ДА ГО ПРЕИСПИТА ОБВИНЕНИЕТО ЗА „ПУЛС“ Родителите

20/12/2025
Македонија

НЕ ЗАСТАНАЛ, УДРИЛ ПОЛИЦАЕЦ СО „АУДИ“, БЕГАЛ Уапсен 28-годишник од

20/12/2025
Македонија

ТАВ Македонија: Меѓународниот Аеродром Скопје е отворен, поради ниска видливост

20/12/2025
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 39233
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Скопје утрово „шампион“ по загаденост во Европа: На светската листа на 21. место, Владата со

21/12/2025

Главниот град на Северна Македонија утрово се разбуди како најзагадена метропола на европскиот континент. Според податоците на светскиот сервис за

ВЛАЖЕН БРАН ОД МЕДИТЕРАНОТ ЌЕ ДОНЕСЕ ДОЖД Планините ќе забелат од снег

21/12/2025

Пвлијание на влажни воздушни бранови од Медитеранот, како и на поладен воздух кој ќе се спушта од север од вторник

СКОПСКИОТ АЕРОДРОМ НЕ Е ЗАТВОРЕН ПОРАДИ НАМАЛЕНАТА ВИДЛИВОСТ Патниците да ги следат ажурирањата на летовите,

21/12/2025

Mеѓународниот Аеродром Скопје е отворен, поради ниска видливост има откажани и пренасочени летови, порачуваат од ТАВ Македонија по шпекулациите во

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy