Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Која наша банка може годинава да направи 60 милиони евра профит? Веројатноста е голема, пола работа е завршена!
Економија

Која наша банка може годинава да направи 60 милиони евра профит? Веројатноста е голема, пола работа е завршена!

26/07/2024

AA

Не треба да зачудува тоа што НЛБ Банка има добивка од речиси 30 милиони евра (пред оданочување) за шест месеци. За стимулација за своите вработени за овој период исплатила над 10 милиони евра односно 723.000 евра повеќе од истиот период лани. На државата платила 3 милиони евра данок од добивка. Да имаме повеќе вакви фирми кај ќе ни е крајот…

НЛБ Банка има одличен финансиски резултат во првото полугодие годинава. Откако беа објавени финансиските извештаи за првите шест месеци годинава многу е појасно зошто цената на нејзината акција надмина рекордни 44.000 денари.

За првите шест месеци годинава оваа банка има добивка пред оданочување од речиси 30 милиони евра. За првите шест месеци годинава оваа банка на државата и плати данок од 3 милиони евра. Многумина токму ова го ценат како извонреден патриотизам. Затоа што парите се наменети за македонската армија, полиција, школство, здравство па и неизбежната државна администрација без која нели не се може.

За првите шест месеци годинава банката од својата основна дејност , приходите од камати на нето основа, наплатила 37,8 милиони евра. Или 6,86 милиони евра повеќе од истиот период лани.

Од втората најважа приходна ставка – провизии и надоместоци наплатила уште 12,32 милиони евра. Односно 1,7 милиони евра повеќе од истиот период минатата година.

Значи од двете најголеми приходни ставки НЛБ Банка остварила приход од 50 милиони евра за шест месеци!

Тука вреди да се спомене дека од курсни разлики банката во првото полугодие остварила 2,7 милиони евра што е за нијанса послаб резултат од истиот лани.

И кога се споредуваат приходите единствено потфрлање ако така може да се каже се останатите приходи од дејсноста. Тие се 1,7 милиони евра, а лани за истиот период биле речиси 3 милиони евра. Но со оглед дека во значајна мерка тие приходи зависат од продажба на запленет имот може да значи и дека едноставно немала потреба да плени и продава имот затоа што во најголем број коминтентите навреме ги подминуваат обврските.

Најголем трошок на банката се вработените, но без задоволни вработени и нема добар бизнис. За нив за првите шест месеци НЛБ Банка платила 10,1 милиони евра и во нивната мотивација вложила 8 отсто повеќе од истиот период лани.

За резервации банката издвоила над 3 милиони евра во првите шест месеци и тој износ е за речиси 4,5 пати повисок од резервациите издвоени во првото полугодие минатата година.

Нето добивката за првите шест месеци изнесува 26,7 милиони евра или за 3,1 милиони евра подобро од истиот период во 2023 година.

Вреди да се истакне дека во првите шест месеци годинава НЛБ Банка издала 32,5 милиони евра нови кредити и на крајот на јуни годинава нејзиното кредитно портфолио изнесува 1,24 милијарди евра.

На крајот на јуни нивото на заштеди и депозити на коминтенти (освен банки) изнесува 1,5 милијарди евра. 

Р.Ф.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ТРОЈЦА ПРИВЕДЕНИ ЗА НАСИЛСТВОТО ПРЕД „ЈАНЕ САНДАНСКИ“ Полицијата повикува на

01/11/2026
Македонија

МИЦКОСКИ НА СРЕДБА СО ЗАДГРАНИЧНИ КОМИТЕТИ НА ВМРО-ДПМНЕ ВО ГЕРМАНИЈА

01/11/2026
Македонија

ЈОНЧЕ ХРИСТОВСКИ ДОБИ СПОМЕНИК ВО РОДНАТА БИТОЛА Авторот на „Македонско

01/11/2026
Македонија

ИЗЛЕЗНОСТА ВО БРВЕНИЦА ДО 13 ЧАСОТ Е 27,81 ПРОЦЕНТИ Гласањето

01/11/2026
Македонија

ИЗЛЕЗНОСТА ВО БРВЕНИЦА ДО 11 ЧАСОТ Е 13,82 ПРОЦЕНТИ Гласањето

01/11/2026
Македонија

🎥 ИЗГОРЕ ГАРАЖАТА ЗА АВТОБУСИ НА КОМПАНИЈАТА „БЕЛДОНА“ ВО КОЧАНСКО

01/11/2026
Македонија

ЗГОЛЕМЕНА ИЗЛЕЗНОСТ ВО БРВЕНИЦА ВО СПОРЕДБА СО ПРВИОТ КРУГ До

01/11/2026
Македонија

МАКЕДОНИЈА ПОД ОБЛАЦИ, ДОЖДОТ НЕ ЗАПИРА Во Скопје врнежи особено

31/10/2026
  • Економија 7906
  • Магазин 4842
  • Македонија 46485
  • Регион 4000
  • Свет 19
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ТРОЈЦА ПРИВЕДЕНИ ЗА НАСИЛСТВОТО ПРЕД „ЈАНЕ САНДАНСКИ“ Полицијата повикува на разговор лица кои учествувале во

01/11/2026

СВР Скопје поднесе кривична пријава за сторено кривично дело „насилство“ по член 386 ст. 4 и 6 од Кривичниот законик

МИЦКОСКИ НА СРЕДБА СО ЗАДГРАНИЧНИ КОМИТЕТИ НА ВМРО-ДПМНЕ ВО ГЕРМАНИЈА Македонската дијаспора е нераскинлив дел

01/11/2026

Премиерот Христијан Мицкоски заедно со членовите на Извршниот комитет Александар Николоски, Тимчо Муцунски и Стефан Андоновски, присуствуваше на Третата конференција

ЈОНЧЕ ХРИСТОВСКИ ДОБИ СПОМЕНИК ВО РОДНАТА БИТОЛА Авторот на „Македонско девојче“ покрај Мостот на вљубените

01/11/2026

Споменик на Јонче Христовски, пејачот и композитор чии песни ги пеат генерации Македонци, е поставен на влезот во Старата битолска

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy