Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Која е земјата која доживува економски бум поради војната во Украина?
Економија

Која е земјата која доживува економски бум поради војната во Украина?

14/06/2023

AA

Грузија економски профитираше од војната во Украина. Економскиот раст на оваа држава од почетокот на војната е 10 отсто. Екатерина Гунцадзе, заменик-министер за финансии на Грузија, рече дека воениот фактор во економскиот раст треба да се гледа како исклучок.

100.000 Руси емигрирале во Грузија. Како што пренесува Пословни дневник, многу Руси ги преселиле своите ИТ компании во оваа мала земја со 3.7 милиони жители.  Русите во два брана се доселиле во Грузија. Првите дошле веднаш откако Русија ја нападна Украина лани во февруари, а вториот бран се доселил по половина година. 

Како што објави Wirschaftswoche, според истражувањето на германскиот економски тим, 84 отсто од Русите кои се преселиле во Грузија се високообразовани, а скоро 60 отсто од нив работат во ИТ секторот. Нивната просечна месечна плата е 2.600 американски долари. Тоа се многу повеќе пари од примањата на Грузијците кои заработуваат во просек околу 650 американски долари месечно.

Во земјата се зголеми извозот на текстил и храна во Русија, како и бројот на реекспортирани автомобили. Покрај тоа, извозот на грузиско вино во Русија лани е зголемен за 23 отсто во однос на претходната година.

Русите во Грузија можат да патуваат без визи. Лани 20 отсто од сите туристи во Грузија биле од Русија. Тоа е за 4,3 отсто повеќе од 2021 година. Севкупно, лани Грузија примила околу 3,6 милијарди американски долари од дознаки, туризам и извоз на стоки од Русија, трипати повеќе од една година порано.

Грузија има политички проблеми со Русија, поради отцепените региони Абхазија и Јужна Осетија каде живеат Руси. Грузијците неодамна протестираа поради обнова на авионската линија меѓу Москва и Тбилиси. 

foto freepik.com/frimufilms

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Најтешкиот момент е согласноста: Д-р Кузмановска за 4tv.mk ги објаснува

10/04/2026
Македонија

СКОПЈАНЕЦ ОТИШОЛ НА ГОСТИ, ПОЧИНАЛ ВО РАСИПАН ЛИФТ Истрагата ќе

10/04/2026
Македонија

Гужви на границите за Велигден: Илјадници македонски граѓани заминаа на

10/04/2026
Македонија

Трагедија на објект во Скопје: Работник пронајден починат на приземјето

10/04/2026
Македонија

Сува трева и ѓубре се запалиле покрај патот Струга–Калишта

10/04/2026
Македонија

Приведени 10 возачи за безобѕирно управување возило

10/04/2026
Македонија

СЕ ОЧЕКУВА МЕТЕЖ И ЗАСТОЈ НА ГРАНИЧНИТЕ ПРЕМИНИ Почнува целосната

10/04/2026
Македонија

Стабилизација на времето за Велигден, потоа дожд и ветер

10/04/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42353
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Најтешкиот момент е согласноста: Д-р Кузмановска за 4tv.mk ги објаснува предизвиците со орган донорството

10/04/2026

Иако медицинските тимови се подготвени да извршат многу повеќе зафати, најголемата пречка останува добивањето согласност од семејствата на починатите. Д-р

СКОПЈАНЕЦ ОТИШОЛ НА ГОСТИ, ПОЧИНАЛ ВО РАСИПАН ЛИФТ Истрагата ќе утврди што се случило

10/04/2026

65-годишен маж од Скопје вчера е пронајден починат во продажен објект на подрачјето на Бит Пазар, соопшти Министерството за внатрешни

Гужви на границите за Велигден: Илјадници македонски граѓани заминаа на продолжен викенд!

10/04/2026

Празничниот продолжен викенд донесе зголемен метеж на граничните премини во земјава, при што голем број граѓани решија слободните денови и

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy