
КМФ Проект удри по профитерите од ФФМ: Нема да се откажеме дури не ги тргнете валканите раце од футсалот
На удар на клубот од Јосифово се профитерите (како што ги нарекуваат) од ФФМ, комисијата за футсал, дисциплинската комисија, а пред се најтесното раководство на Федерацијата. Во своето соопштение, КМФ Проект ветува дека нема да застане додека не ги испрати работите во македонскиот футсал.
„Почитувани пријатели,поддржувачи и непочитувани функционери во Фудбалска федерација на Македонија!!
Се што не може да не убие може да не направи само посилни.
Сакаме да ве информираме за активностите на клубот во периодот кој што следи, за прекинот на минатогодишното првенство како и плановите во пресрет на почетокот на новата сезона претстојниот викенд.
Ќе се обратиме најпрво до џелатите на македонскиот клубски фудбал.
Непочитувани профитери во фудбалот…..еве сме,тука сме,не има… и покрај тоа што се што можевте да направите да биде спротивното, да уништите еден спортски потенцијал, да згаснете еден искрен фудбалски блесок, да поништите една спортска искреност која е со желба и посветеност да придонесе за воздигнување на нивото на мизерниот ни наш клупски футсал, за ваша жал не ви успеа. Нема да се откажеме туку ќе се бориме против вас се додека не ги тргнете тие ‘’валкани раце” од футсалот во Македонија, ќе се бориме до последна капка крв се додека такви лицемери, анти-спортисти и профитери како вас го водат футсалот, а ниту ви се плашиме ниту ке дозволиме и во иднина да правите што сакате бидејќи не има веќе многу,во голем број, во секој ОФС, во секој град во секое село, затоа што вие сте само кукавици кој не само што го унуштивте фудбалот туку и го погребавте.
Знаеме дека ви пречиме, бидејќи сакаме и се залагаме за развој и унапредување на футсалот, но тоа е спротивно од вашата цел и филозофија, а таа е што помалку да се зборува за домашниот клупски фудбал, да биде незаинтересираност, да биде неинформираност бидејќи само така вие скришум ќе си правите изборни собранија, лажирање на првенства и измислени општински лиги и избори на личности кои ке го водат фудбалот иако немаат никаква допирна точка со спортот.
Непочитувана комисијо за футсал, направивте еден куп пропусти во хајката против нас, најпрво свесно донесовте одлука со која ги повлековте посматрачите од натпреварите, ги натеравте службените лица да ги менуваат изјавите (ги имаме како доказ и првите и вторите),носите пропозиции за предност на гол-разлика, а не како секаде во светот -меѓусебен дуел небаре како да сме во 19-ти век, баравме како превентива да се заштити интегритетот на натпреварувањето со одлука за неутрален терен и таа ја одбивте, го прекинавте натпреварувањето со вашата неспособност и некапацитетност за носење на одлука,а за сето тоа бидете спремни да одговарате бидејки се е документирано и за истото е поднесена тужба.
Непочитувана дисциплинска комисијо, вие кои што се ставате над правдата, штом сте толку правични и носите одлуки гледајќи во “кристална кугла” и “врачарски карти”, слушајки наредби “од горе “ а не гледајќи факти од записници и снимки од натпревари очекувајте приватни тужби деновиве до вашите врати и не плашете се, бидејќи како судевте, така ќе ви биде судено.
Непочитувани човечиња од највисоките кругови во ФФМ, вие кои што легендите на македонскиот фудбал ги избркавте, инвеститори во фудбалот откажавте, публика од стадионите сотревте, вие кои што за пусти привилегии и дневници се би продале, на вас само ви посакуваме многу здравје, вие сте за жалење со вашата алчност, расипаност и малодушност.
Почитувани пријатели и поддржувачи, благодариме на искрената поддршка, а ние за истата ке ви возвратиме со многу футсал возбудувања и наредната сезона.
Во текот на летото од клубот си заминаа Драган Петровиќ, Мартин Тодоровски, Иван Крстевски (сите Форца), Мирко Соколов (Клими МК), Игор Стојковски и долгогодишниот капитен Дарко Ранготов (Штутгартер, Германија).
Клубот во предстојната сезона ќе настапува со досегашните футсал јунаци: Антонио Петровски, Александар Михајлов, Марио Благојевски, Стефан Димовски, Тале Трајков, Димитар Јанев, Бојан Јанев, Мартин Мехмединовиќ, Кристијан Гавровски како и двете засилувања кои ни се придружија во летниот трансфер период Никола Стојановски и Столе Костадинов.
Поради реконструкција на спортската сала во Валандово, домашните натпревари клубот ќе ги игра во Гевгелија. Во првото првенствено коло на домашен терен, играме против клубот на КМФ Шкендија од Тетово.
Се гледаме во сала!!
Напред КМФ ПРОЕКТ!!“

